Глигор Соколов Ламев (србизирано: Глигор Соколовиќ) — деец на македонското револуционерно движење, србоман, учесник во Мелничкото востание на Македонскиот комитет, четник на Македонската револуционерна организација, а подоцна се вклучува во Српскиот комитет на четничката акција.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 152.
Животопис
Рани години и дејност во ВМОРО лево|мини|Глигор Соколов со својот соборец Мито Георгиев од Крушево, во периодот кога двајцата биле четници на ВМОРО Григор е роден околу 1870 година во прилепското село Небрегово. Останал без образование и бил самоук. Станал четник кај Дедо Димо и во 1895 година учествувал во Мелничкото востание на Македонскиот комитет.
Во 1897 година бил четник кај Ст. Павлов во Кратовско, а во 1900 година бил во четата на Мирче Ацев во Прилепско. Во текот на Илинденското востание бил четник во обединетата чета на Сотир Атанасов, Атанас Мурџев, Никола Пушкарев, Крсто Лазаров, Димитар Ганчев и други.
Преминување во српското четничко движење (1903–1908) По расправијата со војводата Мурџев заминал за Србија и таму од страна на Милорад Гоќевац бил вклучен во Српскиот комитет на четничката акција.Кръстю Лазаров, Спомени По вклучувањето во Српскиот комитет организирал чета составена од разни компромитирани работници на Македонската револуционерна организација.мини|Писмо од Богдан Раденовиќ во кое ја изнесува тешката положба на населението од Кичевската и Прилепската Каза, од арнаутските зулуми, и моли да се одобри повторно излегување на четите на Глигор Соколовиќ и Дане Крапче. (27 октомври 1909)
Во текот на летото 1904 година Боби Стојчев, по барање на Борис Сарафов, му дозволил Григор да има пристап до курирските служби на Македонската револуционерна организација. Григор себеси се претставувал за војвода на чета која била испратена од македонското друштво во Ниш.Христо Силянов, Освободителните борби на Македония, Том II, стр. 290
Григор Соколов ги елиминирал војводите од Македонската револуционерна организација Стефан Димитров, Панчо Константинов, Георги Ацев, а по негова наредба е убиен и војводата Петар Радев - Пашата.
Последни години и смрт (1908–1910) Григор Соколов е убиен на патот од Прилеп за Небрегово во јули 1910 година од турскиот терорист Шериф (или Шукри),Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 359. поврзан со деецот на Македонската револуционерна организација, Петар Ацев.
Неговиот најстар син Андон бил доброволец во српската армија во текот на Првата балканска војна. Блаже Конески бил потомок на ист род како и војводата Глигор Соколовиќ; нивната роднинска врска потекнувала преку таткото на Конески, Ордан, кој бил братучед на Глигор.
Извори
Категорија:Војводи на Српскиот комитет на четничката акција Категорија:Луѓе од Небрегово Категорија:Србомани Категорија:Учесници во Мелничкото востание