Воин Поповиќ - Вук (срп. Војин Поповић-Вук) бил српски војвода на Српскиот комитет на четничката акција, учествува во Борба за Македонија, Балканските војни и Првата светска војна Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000.
Животопис
Поповиќ е роден во селото Сиеница. Таму го завршил трето одделение, меѓутоа неговото семејство морало да бега и тие се населиле во Крагуевац. мини|лево|150п|Вук во четнича облекамини|лево|150п|Споменикот на Вук во Белградмини|десно|350п|Четата на војводата Вук Таму го довршил основното училиште и шести клас гимназија. Потоа завршил воена академија.
На 3 ноември 1901 година бил унапреден во подпоручник и поставен на должноста командант на вод во XI пешадиски полк Караѓорѓе во Крагуевац.
По навлегувањето на првите српски чети се вклучил во Српскиот комитет на четничката акција. Во пролета 1905 година во Македонија навлегол со четата на Борка Паштровиќ.
Своето борбено кршевање го имал во Битката кај Челопек.
Во текот на својот живот учествувал во битките кај Куманово, Битола, Елбасан, Гавдеран, Дуката, Курјачица, Завлак, Белград, Власино, Албанија, Кајмакчалан, Сива Стена и Грунише каде и загинал.
Неговото тело било закопано на српските војнички гробишта на Зејтинлик, а во септември 1923 година биле пренесени на Новите гробишта во Белград. Војводата Вук има свој споменик во Белград и Ниш.
Вук бил неколкупати одликуван: орден „Караѓорѓева ѕвезда“ со мечеви од III ред, Златен медал за храброст, Медал на крал Петар I, руски ореден „Св. Станислав“ од трет ред, а носител е и на францускиот „Воен крст“ на Корпусниот ред.
Извори
Надворешни врски „Клону рука у војводе Вука“, Илија Трифуновић, Српско наслеђе, историјска свеска, број 12, децембар 1998. Арчибалд Рајс: На сахрани војводе Вука Четници војводе Војина Поповића "Јунаци Кајмакчалана", Новица Пешић, Вечерње новости, фељтон, 2006.
Категорија:Војводи на Српскиот комитет на четничката акција
Категорија:Срби од Балканските војни Категорија:Срби од Првата светска војна Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград)