Благоја Ристески - Платнар (, - , ) — македонски поет, писател, драматург и колумнист.
Животопис Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1975 година. Особено внимание му посветува на богатството на македонскиот јазик, транспонирајќи го во култивиран драмски дискурс. Тој е еден од ретките автори кој умее драмските текстови да ги пишува во стихувана форма и со специфичен архаичен збор. Обработува теми од македонското милје, македонските митови и од македонската историја и политика.
Драмски текстови: Carcinoma mamae (1982); Спиро Црне (1989); Арсениј (1993); Ибро јаране (1994); Летни Силјане (1994); Лепа Ангелина (1995); Венко (1998).
Награди: Награда за најдобар драмски текст на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински - Прилеп, за текстовите Спиро Црне (1989) и Лепа Ангелина (1996). Неговите драми се преведени и изведувани на англиски, чешки, полски, руски, француски, романски, српски, словенечки, турски и на бугарски јазик. Починал во Прилеп на 20 октомври 2004 година.
Наводи
Надворешни врски Лепа Ангелина
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски колумнисти Категорија:Македонски драматурзи Категорија:Југословенски поети Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје