400п|мини|десно|Концептуален дијаграм на облачна обработка
Обработка во облак (англ. cloud computing) или облачна обработка — обработка заснована на интернет, каде повеќе поврзани опслужувачи овозможуваат ресурси, софтвер, и податоци за сметачите и други уреди кои имаат дадено барање до нив, што многу наликува на мрежата за електрична енергија.
Обработката во облак еволуира од Хардверската визуелизација, сервис-ориентираните архитектури и услужните обработки. Деталите се преземаат од корисниците и тие веќе не мора да се експерти за, или да имаат контрола на, технологијата која се наоѓа „во облакот“.
Обработката во облак користи нов тип на модел за ИТ службите на Интернет и вклучува залиха на ресурси, чиј број динамички ќе се зголемува.
Сето ова е настанато како последица на барањето за што е можно полесен достап до обработувачки (сметачки) места на Интернет.
Овој начин на обработка, најчесто ги користи веб-заснованите алатки или апликации, кои на корисниците им даваат достап до ресурси, програми и слично, преку прелистувачите, исто како тие да се инсталирани локално на нивните сопствени сметачи.Cloud Computing Defined 17 July 2010. Retrieved 26 July 2010.
Поимот „облак“ се користи како метафора за Интернет, со оглед дека во минатото се цртале облаци за да се претстават телефонските мрежи, а потоа и за да се претстави Интернетот во дијаграмите за сметачки мрежи како апстракција за инфраструктурата која тој ја претставува.
Типичните услужници на обработка во облак, доставуваат онлајн бизнис апликации кои се пристапуваат преку некој Веб сервис или софтвер како што се прелистувачите, а софтверот и податоците кои се потребни се поставени на опслужувачи.
Вообичаено, инфраструктурата за обработка во облак се состои од услуги кои се доставуваат преку вообичаени центри и се поставени на опслужувачи. Комерцијалните понуди на ваков тип на услуги најчесто треба да се придржуваат до барањата поставени во вид на квалитет на услугата (Quality of Service - QoS) за своите корисници и најчесто вклучуваат договори за нивото на услугата (Service Level Agreements - SLA).
Поголеми услужници кои ги нудат облачните услуги се:Амазон, Rackspace Cloud, Salesforce, Skytap, Microsoft and Google. Фирми пак кои се активни во полето на обработката во облак се:Fujitsu, Dell, Red Hat, Hewlett Packard, IBM, VMware и NetApp.
Преглед Споредба
Обработката во облак се разликува, според некои одлики, од следните видови на обработка и не треба да се поистовети со нив:
Автономна обработка — „сметачки систем способен за самостојно управување" Клиентско-опслужен модел – „клиент-опслужувач обработка“ се однесува скоро на било која дистрибуирана апликација која се одвива помеѓу сервис услужниците (опслужувачите) и побарувачите на услуги т.е. корисниците. Решеткаста обработка — „форма на дистрибуирана обработка и паралелна обработка, каде 'супер компјутер или виртуелен компјутер' e составен од мрежа на сметачи кои работат заедно за да извршат многу комплицирани и тешки задачи." Мејнфрејм компјутер — моќни сметачи кои ги користат главно големи организации за критични апликации, вообичаено за големи податочни обработки како пописи, индустриски и кориснички статистики, финансиски и трансакциски обработки и слично. Услужна обработка — сметачките ресурси, како пресметковни така и ресурси во вид на складишта, се претставени на многу сличен начин на традиционалните јавни системи за набавка како системот за набавка на електрична енергија."; Peer-to-peer – дистрибуирана архитектура која нема потреба од централна координација, каде корисниците се во исто време снабдувачи и корисници на ресурсите. Услужно-ориентирана обработка – Обработката во облак нуди услуги поврзани со обработка додека, сосема спротивно, услужно-ориентираната обработка се однесуваат на софтверот како услуга „(Software-as-a-Service - SaaS) Особености Фундаменталниот концепт на обработката во облак е дека обработката се прави „во облакот" т.е. обработката и податоците кои се потребни за него не се на некое специфицирано место, па дури не е задолжително сите елементи да се на исто место (опслужувач). Генерално, корисниците на облачна обработка не ја поседуваат физичката инфраструктура, туку најмуваат услуги од некој услужник со што ефикасно се намалуваат нивните трошоци. Тие користат ресурси како сервис, а плаќаат само за ресурсите кои ги користат. Многу понуди на обработка во облак дополнително нудат и модел на услужна обработка, кој е некоја аналогија на традиционалните кориснички услуги за кои се плаќа во вид на претплата. Делењето на „неопиплива" сметачка моќ од стана на повеќе изнајмувачи може да ја подобри експлоатирачката моќ, бидејќи опслужувачите нема да бидат непотребно оставени да чекаат на корисниците да побараат услуги, што може да ја намали цената драстично, а во исто време да ја зголеми брзината на создавање на апликации. Придружен ефект на овој пристап е дека сметачкото искористување драматично расте, а корисниците нема да мораат да бидат експерти за да ги достигнат лимитите. Како додаток на сето ова, зголемените брзини на пренос преку сметачките мрежи овозможува сето ова да се исполни во реалност. Облакот сè почесто почнува да биде поврзан со малите и средните претпријатија бидејќи тие во голем број од случаите не можат да си дозволат големи трошоци на традиционални информатички технологии. Овие претпријатија најчесто немаат средства и услови за да си дозволат технологија во своја сопственост „(in-house technology).
Економија Корисниците на обработката во облак избегнуваат огромни трошоци за хардвер, софтвер и служби кога на услужникот му плаќаат само за она што го користат. Потрошувачката вообичаено се наплаќа по услуга или на претплата. Други придобивки од овој пристап се ниските бариери за влез, поделени инфраструктурни трошоци, ниски трошоци за менаџирање и постојан пристап до голем опсег на апликации. Генерално, корисниците можат да го прекинат договорот кога сакаат и услугите се скоро секогаш покриени со договор за нивото на услугата „(Service level Agreement - SLA) во кој се дефинирани финансиските казни.
Иако компаниите можат да заштедат дел од своите трошоци на почетокот, можно е овие заштеди да бидат помали од очекуваните, па дури можат да платат повеќе за нивните оперативни трошоци. Во ситуација каде капиталните трошоци се релативни мали, или каде организацијата има поголема флексибилност во својот капитален буџет отколку во оперативниот буџет, облачниот модел може да нема голема финансиска смисла. Други фактори кои можат да имаат влијание на потенцијалните заштедувања на компаниите се: ефикасноста на податочниот центар на компанијата во споредба со оној на услужникот на облакот, оперативните трошоци на компанијата, нивото на присвојување на облачнота обработка и типот на функционалностите кои се вдомени во облакот.
Архитектура thumb|325px|right|Пример архитектура на облачна обработка
Системската архитектура на софтверскиот систем кој е потребен за облачна обработка, вообичаено вклучува повеќе „облачни компоненти кои комуницираат меѓу себе преку интерфејс на апликација кој е вообичаено некој веб сервис. Ова е слично на Јуникс (Unix) филозофијата, која користи повеќе програми и секоја од нив прави едно нешто добро и работи заедно со универзални интерфејси. Комплексноста е контролирана и системите се полесни за менаџирање отколку нивните монолитни двојници. Двете најзначајни компоненти на архитектурата на обработка во облак се познати како преден крај и заден крај. Предниот крај е делот кој е видлив за клиентот, т.е. корисникот на компјутерот. Овој дел ја вклучува и мрежата на клиентот (или компјутерот) и апликациите кои се користат за пристап до облакот преку некој кориснички интерфејс како прелистувач. Задниот крај на архитектурата на облачна обработка е самиот „облак", т.е. повеќе сметачи, опслужувачи и уреди за податочни складишта.
Историја
Основниот концепт на обработка во облак потекнува од шеесеттите години од минатиот век, кога Џон Меккарти кажа дека "обработката можеби некој ден ќе биде организирано како јавни услуги." Скоро сите модерни одлики на обработката во облак (еластично обезбедување ресурси, доставено како услуга, онлајн илузија на неограничена достава), споредбата со индустријата на електрична енергија и употребата на јавни, приватни, владини и општествени форми биле детално истражени во книгата на Даглас Паркхил "Предизвикот на Обработката во Облак" издадена во 1966 година.
Терминот "облак" е позајмен од телефонијата односно телекомуникциските компании, кои сè до деведесеттите години примарно нуделе посветени точка-до-точка (point-to-point) врски, но потоа почнале да нудат услуги преку Виртуелна Приватна Мрежа (Virtual Private Network) со сличен квалитет но со многу пониска цена. Со пренасочување на сообраќајот за да ја балансираат корисноста како што тие сметале дека треба, тие успеале да го искористат нивниот просечен пропусен опсег на мрежата поефективно. Симболот на облак бил употребен за да ја означат границата помеѓу одговорноста на услужникот и корисникот. Обработката во облак ги проширува границите за да се покријат опслужувачи како и инфраструктурата на мрежата. . Првата научна употреба на терминот "обработка во облак" била на предавање на Рамнат Челапа.
Амазон одиграл главна улога во развивањето на обработка во облак со модернизирање на нивните податочни центри според дот-ком меурот (dot-com bubble), кои како и повеќето сметачки мрежи, користеле само 10% од нивниот капацитет во секое време, само за да остават простор за периодични пречки. Дознавајќи дека новата облачна архитектура резултира со значајни подобрувања на внатрешната ефикасност каде што мали, брзи "две-пици тимови" (тимови кој може да се најадат со две големи пици) можат да додатат нови опции побрзо и полесно. Амазон започнал ново развивање на производ за да обезбедат обработка во облак на корисниците и го пуштиле во употреба Амазон Веб Службата (Amazon Web Service) на принцип на услужна обработка во 2006.Jeff Bezos' Risky Bet. .
Во 2007 Google, IBM и голем број на универзитети започнале голем проект на тема истражување на обработка во облак.Google and I.B.M. Join in 'Cloud Computing' Research На почетокот на 2008, Eukaliptus стана првиот слободен софтвер компатибилен со AWS API за распоредување на приватни облаци. Во почетоците на 2008 година, OpenNebula, се приклучи во проектот RESERVOIR финансиран од Европската Комисија и стана првиот слободен софтвер за распоредување на приватни и хибридни облаци како и за федерација од облаци.B. Rochwerger, J. Caceres, R.S. Montero, D. Breitgand, E. Elmroth, A. Galis, E. Levy, I.M. Llorente, K. Nagin, Y. Wolfsthal, E. Elmroth, J. Caceres, M. Ben-Yehuda, W. Emmerich, F. Galan. "The RESERVOIR Model and Architecture for Open Federated Cloud Computing", IBM Journal of Research and Development, Vol. 53, No април (2009) До средината на 2008 година Гартнер видел можност за обработката во облак "да оформи врска меѓу корисниците на ИТ услуги, т.е. помеѓу оние кои ги користат ИТ услугите и оние кои ги продаваат"Keep an eye on cloud computing , Amy Schurr, Network World, 2008-07-08, citing the Gartner report, "Cloud Computing Confusion Leads to Opportunity". Retrieved 2009-09-11. и дополни дека "компаниите го заменуваат хардверот кој е сопственост на компании и софтверот со сервис засновани модели за една употреба" така што "предвидениот премин на обработка во облак ... ќе рузултира со драматичен раст во IT производи во некои област, а значаен пад во други."Gartner Says Worldwide IT Spending On Pace to Surpass $3.4 Trillion in 2008 , Gartner, 2008-08-18. Retrieved 2009-09-11.
Главни одлики
Агилностa се зголемува со способноста на корисниците брзо и евтино да ги реискористувааат ресурсите во вид на технолошка инфраструктура. Интерфејсот на апликацијата (API) овозможува машините да комуницираат со софтверот во облакот на ист начин како што комунициираат луѓето и сметачите. Обработката во облакот главно користи REST засновани API-а.