Успение на Пресвета Богородица — мала црква која се наоѓа на врвот на мало возвишение веднаш источно над селото ’Ржаничино. Црквата е возобновена од ктиторот Пидо Чужуков на местото на некогашна истоимена црква која била разрушена за време на турското владеење во Македонија. Веднаш до самата црква постои и голем крст кој е видлив и од автопатот Е-75. Во самата околина на црквата постојат и повеќе услужни објекти и гробишта. Црквата е посветена на успението на Пресвета Богородица, односно на празникот кој меѓу народот е познат како Голема Богородица (28 август).
Галерија
Наводи
Ржаничино