Владе Дивац (роден на 3 февруари 1968 во Пријепоље, Србија, Југославија) е пензиониран југословенски и српски кошаркар, кој поголемиот дел од својата кариера го помина во САД, во НБА. Со 216 см, тој играл како центар и бил познат по неговите способности за асистирање. Дивац бил меѓу првите од групата европски кошаркари кои напправиле трансфер во НБА во доцните 1980-ти, и бил именуван за еден од 50те најголеми придонесувачи на Европската лигаhttp://www.euroleague.net/item/24016. Дивац е еден од шесте играчи во НБА историјата со скор од 13.000 бодови, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади заедно со Карим Абдул-Џабар, Тим Данкан, Шекил О’Нил, Кевин Гарнет и Хаким Олајџувонhttp://www.nba.com/lakers/news/divac_retires_051018.html (НБА не секогаш следеше евиденција за блокади, па некои други играчи, како Бил Расел, веројатно исто така имаа слични достигнувања во кариерата.). Дивац е исто така единствениот НБА играч кој е роден и тренирал надвор од САД, а играл во повеќе од 1.000 натпревари во НБА. Дивац бил примен во ФИБА Куќата на Славните како признание за неговата игра на меѓународно ниво . И покрај тоа што бил забележан по неговите кошаркарски квалитети, Дивац е исто така познат како голем хуманитарец, помагајќи им на децата во неговата родна земја Србија, како и во Африкаhttp://www.nba.com/news/divac_youcantoo_070922.html. На 16 октомври 2008 г. Дивац е назначен за владин советник во Србија за хуманитарни прашања. На 24 февруари 2009 година, тој бил избран за претседател на српскиот олимписки комитет со 4-годишен мандат. Дивац добил престижна благодарност од Светската Спортска Хуманитарна Куќа на Славнитеhttp://www.nba.com/kings/news/divac_hall_of_fame08.html.По завршувањето на неговиот мандат како претседател на српскиот олиписки комитет, Дивац бил именуван за генерален менаџер на неговиот поранешен клуб, Сакраменто Кингс.
Кошаркарска кариера
Владе почнал да игра кошарка во неговиот роден град Пријепоље за тимот на КК Елан. Тој ја започнал својата професионална кариера во Југославија играјќи за КК Слога Кралево, и веднаш бил познат по постигнувањето 27 бода против Црвена Ѕвезда. Во летото 1986 година бил прва ѕвезда на трансфер сезоната, потпишувајќи за КК Партизан Белград за 14.000 германски марки.
Во истата година, на возраст од 18 години, тој го направил своето деби за сениорскиот Југословенски национален кошаркарски тим на ФИБА Светското првенство во Мадрид, по покана од селекторот Крешимир Ќосиќ. Меѓутоа, перформансите на одличниот дебитант биле расипани од настанот во полуфиналето против Советскиот Сојуз. На 45 секунди пред крајот, Југославија имала комфорно водство од 9 бода, но Советите постигнаа две тројки во рок од неколку секунди и ја намалија разликата на 3 бода. Југославија се обидела да ја задржи топката во преостанатото време, залагајќи се да ја продолжи играта со додавања наместо слободни фрлања по прекршоци, но со само 14 преостанати секунди, Дивац прави чекори. Топката била доделена на Советите кои го изедначија резултатот со уште една тројка. Во продолженијата Советите лесно ги совладаа шокираните Југословени, кои мораа да се задоволат со бронза.
Следната година Дивац учествувал во тимот што го освоил златото на ФИБА Светското Јуниорско првенство (од одвојувањето на посебни настани, под 19 и под 21), во Бормио, Италија. Тој настан произнесол една млада генерација на југословенски кошаркари, исто така идни ѕвезди, како Дино Раџа и Тони Кукоч, кои се сметале веројатно за најдобрите во историјата. Пред распадот на Југославија, тие исто така ги освоииле титулите на Евро Баскет 1989 и ФИБА Светското првенство во Аргентина 1990, каде што биле предводени од Дражен Петровиќ, како и титулата освоена на Евро Баскет Европско првенство во кошарка 1991, со Александар Ѓорѓевиќ како плејмејкер. Во 1987 година, со Дивац, Ѓорѓевиќ, Паспаљ и Обрадовиќ, и Душан Вујошевиќ на чело, Партизан имал “тим од соништата”, кој ја освоил титулата во Југословенската лига, но не успеал да стигне до врвот на Евролигата следната сезона, бидејќи загубиле од Макаби Тел Авив од Израел во полуфиналето во белгиски Гент . Југопластика со Раџа и Кукоч била посилен тим во следните 3 години, како и во Југославија така и во Европа. Дивац имал необичен стил за центри од тоа време: и покрај висината поседувал добра подвижност, имал добра контрола на топката и бил добар стрелец од далечина. Во одредени случаи, дејствувал како плејмејкер. Негов заштитен знак биле потезите кои вклучувале шут на врвот од клучна позиција и извртени удари околу обрачот додека е насочен во сосема спротивна насока. Неговите оригинални потези го надополниле начинот на кој тој сакал да ги изигра неговите импровизации на теренот: на Евро Баскет 1989 година тој го кренал неговиот соиграч Зоран Радовиќ за забивање. За само 4 професионални сезони во Европа тој станал најбараниот висок играч на континентот по Арвидас Сабонис.
Контроверзноста околу хрватското знаме
Кога Југославија го освои златниот медал на ФИБА Светското првенство во 1990 година, навивачите истрчале на теренот. Еден од нив го држел знамето на Хрватска, една од шесте републики кои ја сочинувале Југославија. Дивац тврди дека тој му рекол на човекот дека не треба да го вее тоа знаме, бидејќи ова била победа за Југославија. Дивац тврди дека човекот направил навредлива забелешка за југословенското знаме, и на таа основа Дивац го земал неговото знаме од него. Ова се случи во текот на многу напнато време кога националистичката гордост се закануваше со уништување на Југославија и започнување на војна. Преземањето на знамето го направи Дивац кај србите херој, а негативец кај хрватите. Дивац изјави дека не го мислел тоа како чин против Хрватска и дека ќе спуштел српско знаме ако српски навивач го направел истото. Овој потег, заедно со југословенските војни, го оттуѓи Дивац од многу од неговите поранешни хрватски пријатели, особено од Дражен Петровиќ, кого го сметал за негов најдобар пријател. Кога Југославија победила на Евро Баскет во 1995 година, а Хрватска освои бронза, хрватите, го напуштиле подиумот за време на церемонијалното доделување на медалите. Екипите никогаш повеќе не се соочија едни против други на турнирот.
НБА
Драфтуван (избран) во НБА во 1989 година од страна на Лос Анџелес Лејкерс , Дивац станал првиот не-американски избор на драфтот за Лејкерс. Тој бил исто така еден од првите европски играчи кој имал влијание во лигата. Под менторство на Карим Абдул-Џабар и Меџик Џонсон, тој ја подобрил својата игра и се прилагодил на американскиот стил на игра. И покрај фактот дека не зборувал воопшто англиски, тој брзо станал популарен меѓу соиграчите и публиката поради својот шарм и дружељубивост. Во сезоната 1989/90, Дивац бил дел од Ол-стар тимот на дебитанти. Во текот на своето време со Лејкерс, популарноста на Дивац и маркетиншкиот потенцијал во прилог на неговиот забавен и добродушен карактер, бил избран од страна на американската ТВ-индустрија. Како резултат на тоа тој се појави неколкупати најчесто во доцните вечерни програми на Лос Анџелес како на пример Шоуто на Арсенио Хол и Вечерното шоу со Џеј Лено. Во 1990 година, тој бил вклучен во реклама со соиграчите на Лејкерс Еј Си Грин и М. Томсон за брендот Шик, компанија за жилетиhttp://www.youtube.com/watch?v=bCTx6K3Irag. Тој, исто така, се појавил во американските комедии Брачни води и Тренер, како и во краткотрајната комедија Добри спортови, во главна улога со Фара Фосет. На големиот екран Дивац учествувал во филмови засновани за кошарка како Еди, Вселенско забивање и Џуана Мен. Подоцна во својата кариера, тој се појавил во шоуто “Larry King Live” во 1999 година и "The Late Late Show" во 2002 година.
Дивац заработи репутација со намерните паѓања на подот, или со измамување на судиите за свирење фаул на другиот тим со намерно паѓање на подот по контакт со спротивен играч. НБА ветеранот, крилниот центар Пи Џеј Браун твди дека Дивац можеби е најдобар на сите времиња во намерните паѓања на подотFlopping keeps cropping up, by Doug Haller, The Arizona Republic, published March 18, 2007, retrieved April 29, 2007. Дивац слободно го призна тоа, додавајќи дека тој обично го прави тоа кога ќе почувствува дека судиите пропуштиле неколку одлуки и дека му должатBEST ACTOR: DIVAC IN `FLOP WARS II' , by Kevin Modesti, Los Angeles Daily News, published May 22, 2002.
Во 1996 година тој бил разменет во Шарлот Хорнетс во замена за правата на Коби Брајант и поминал две сезони играјќи таму. За време на штрајкот, во сезоната 1998/99 тој одиграл 2 натпревари во Евролигата за вечниот соперник на Партизан, Црвена Звезда. Тој потоа како слободен агент во 1998 година потпишал за Сакраменто Кингс, каде одиграл шест сезони со неговиот сонародник Пеџа Стојаковиќ. Заедно со Крис Вебер, Мајк Биби и Пеџа Стојаковиќ, Дивац го зајакна тимот на Сакраменто Кингс. Кралевите се искачиле во ранкингот на НБА, станувајќи повеќегодишни кандидати за плеј-оф, а подоцна и за првенството. Во еден момент биле и најдобриот тим во НБА, водечки во лигата по број на победи во сезоната 2001-02NBA Standings - 2001-2002. Кралевите сепак, не можле да ги пробедат Лос Анџелес Лејкерс, при што биле поразени во серија од 7 натпревари во 2002 година.
По НБА сезоната 2003-04, Владе стана слободен агент. Тој потпиша договор за враќање во Лејкерс и бил дел од големиот план на Лејкерс за ремонт на тимот. Лејкерси, по поразот во НБА финалето, ги разменија или ги ослободија повеќето од нивните играчи, вклучувајќи ги и Шекил О’Нил, Гери Пејтон, Карл Мелоун, Дерек Фишер и други. Дивац требал да ја пополни таа празнина. Сепак, Дивац имакл проблеми со грбот и не беше во можност да игра во поголемиот дел од сезоната, па дури и кога се вратил, беше само во можност да игра девет минути по натпревар, со просек од 2,3 бода и 2,1 скока по натпревар во 15 натпревари. Тој одиграл 8 натпревари во почетокот на сезоната и уште 7 во последниот месец од сезоната. На 14 јули 2005 г. Дивац го најавил своето пензионирање, завршувајќи ја својата шеснаесетгодишна НБА кошаркарска кариера.
Кралевите го повлекле неговиот дрес со број 21 на церемонија на 31 март 2009 година. Во текот на неговите 16 години во НБА, Дивац заработил над 93.000.000 $ долари.Kings retire Divac's No. 21 Jersey Yahoo Sports, March 31, 2009
Кариера надвор од кошарката
Кон крајот на неговата играчка кариера, и потоа, Дивац се фокусирал на три полиња: хуманитарна работа, спортски менаџмент и инвестиции.
Спортски менаџмент
КК Партизан
На крајот на 2000 година, по соборувањето на режимот на Слободан Милошевиќ, Дивац и неговиот поранешен соиграч Предраг Даниловиќ го преземале нивниот поранешен клуб КК Партизан. Тие го сториле тоа по иницијатива на Ивица Дачиќ, претседателот на клубот во заминување и, што е уште поважно во тој момент, одеднаш минимизиран политичар кој поради неговата поврзаност со режимот на Милошевиќ бил принуден да го напушти своето место во клубот. Гледајќи дека разни државни претпријатија и имотни заедници се преземени на сомнителен начин за време на власта во вакуум, која произлегува од соборениот режим, Дачиќ бил претпазлив во доведувањето на двајцата поранешни великани на клубот како заштита против истите настани во КК Партизан. Дивац станал претседател на клубот, додека Даниловиќ ја презел функцијата на потпретседател. Неодамна повлечен од играње, Даниловиќ всушност секојдневно управувал со работењето на клубот , бидејќи Дивац сè уште бил многу активно вклучен со Сакраменто Кингс во тоа време. Главниот тренер кого го ангажирале, Дарко Русо, ја довршил сезоната 2000-2001 пред да одлучат во летото 2001 година да го вратат нивниот ментор Душко Вујошевиќ да биде нов тренер.