1,4-диоксан или само диоксан е безбојно хетероциклично органско соединение, кое е течност на собна температура и притисок. Диоксанот претставува етер. Оваа безбојна течност се користи главно како стабилизатор за растворувачот трихлоретан. Има слабо слатка миризба слична на онаа на диетил етер. Според Меѓународната агенција за истражување на ракот диоксанот се смета за канцерогена супстанца.

Белешки Често се нарекува диоксан зашто другите изомери на диоксанот се ретки.

Наводи

Категорија:Диоксани Категорија:Етерски растворувачи