Свети Атанасиј (позната и како: Свети Атанасија) — селска црква во дебарското село Рајчица, Македонија.
Црквата се наоѓа во маалото Влаовци, надвор од маалото, помеѓу густа листопадна шума, во мал дол над самиот град Дебар.Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр. 45-46 и 57
Местоположба
Црквата се наоѓа во маалото Влаовци, горното маало на селото Рајчица. До нејзе се стигнува преку земјена шумска патека. Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Влаовци.
Историја
Црквата започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1877 година.
Од страна на Турците црквата била 2 пати ограбувана, при што, првиот пат биле украдени два пара скапоцени одежди со проценета штета од 20 златници-наполеони, а вториот пат се украдени повеќе свештени книги (меѓу кои и Коло мение) со штета од 30 златници-наполеони.
Црквата имала земјиштен посед од 17.692 м2 и лозје во месноста Клакој од 825 м2.
На самиот влез од левата страна постои натпис на старословенски јазик кој гласи: „Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Анѓеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат - од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе“.
Под надлежност на оваа црква во минатото се наоѓале сите останати (четири) цркви во селото Рајчица, а како правно лице и застапник нејзиниот печат се употребувал како парохиски печат на Рајчката црковна парохија.
Според натпис над главниот влез, храмот бил обновен во 2011 година од страна на Киро Радоешки-Чикер.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува живопис, кој го добила набрзо по нејзината изградба во век.
Иконостас
Црквата има мал дрвен иконостас.
Галерија
Поврзано Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија Рајчица
Наводи
Надворешни врски
Рајчица Категорија:Рајчица Категорија:Дела на Дебарската школа