мини|Ова е логото во сопственост на ЛФП Франција за Лига 1 Лига 1 (француски изговор : [liɡ œ̃]),порано позната како Дивизија 1 е професионална француска лига на здружение на професионални клубови.Таа е највисокото фудбалско натпреварување во земјата и служи како највисока дивизија во францускиот лигашки систем. Лига 1 е една од двете дивизии кои ја формираат Професионлната лига, а другата е Лига 2 (Втора лига). Во натпреварување со 20 клуба, таа функционира на систем на промовирање и испаѓање со Лига 2. Сезоните траат од август до мај, кога тимовите играат по 38 натпревари сè на сè вкупно 380 натпревари во една сезона. Повеќето натпревари се играат во сабота или недела, а неколку натпревари се играат навечер во текот на неделата. Натпреварувањето редовно се прекинува последниот викенд пред Божиќ за 2 недели и продолжува во втората недела од Јануари. Лига 1 е една од врвните национални лиги, моментално рангирана петта во Европа, веднаш по англиската Премиер лига, шпанската Ла лига, италијанската Серија-А и германската Бундес лига. Лигата е официјално позната како Лига 1 Оринџ бидејќи е спонзорирана од француската телекомуникациска компанија Оринџ. Liga 1 беше формирана на 11ти септември 1932 година под името “Насионал” пред да се преименува во Дивизија 1 по едногодишно постоење. Ова име се користеше сѐ до 2002 година пред да се преименува во нејзиното сегашно име. Клуб со најповеќе освоени титули е Марсеј, кои ја освоија нивната деветта титула во сезоната 2009-2010. Со титулата, Марсеј стави крај на историската суша, со тоа што последната титула ја освоија во сезоната 1991-92. Лига 1 се смета за компетентно раководена, со добар план на закажани натпревари, исполнети правила кои постојано се почитуваат, навремено решавање на проблемите и соодветни акселациони процедури за судски спорови со национални или интернационални институции. Лигата се соочи со три значајни корупциски скандали во нејзината историја (Антиб во 1933, Ред стар во 1950-те и Марсеј во 1993) и ја сочува нејзината репутација со брза и соодветно строга казна за обвинетата страна.
Историјат Основање Пред 1930 година, во францускиот фудбал не постоеше професионализам. Во Јули 1930, Националниот совет на француската фудбалска федерација гласаше со 128-20 за поддршка на професионализам во францускиот фудбал. Основачи на професионализмот во францускиот фудбал се Џорж Бајро,Емануел Гамбардеља и Габриел Ано. Во 1932 година професионализмот беше официјално имплементиран. Со цел успешно да создаде професионална лига во земјата,Федерацијата ја ограничи лигата на 20 клуба. Со цел да се учествува во натпреварувањето, клубовите се подложни на три важни критериуми: • Новиот клуб мора да имал позитивни резултати во минатото. • Новиот клуб мора да одвои доволно средства за да ги балансира своите финансии. • Новиот клуб мора да биде во можност да регрутира најмалку осум професионални играчи. Многу од клубовите не се согласуваа со субјективните критериуми, особено Стразбур, РК Рубе, Амјен СЦ и Стад Франсе, додека другите како Рен и Олимпик Лилуа се колебаа да станат професионални од повеќе причини, најмногу заради стравот од банкрот со Рен и конфликтот на интереси со овој клуб, бидејќи претседателот на клубот Анри Жури исто така, беше претседател на Лига Север. Стравувајќи дека неговата лига ќе пропадне Жури предложи таа да биде втора дивизија на новата лига. На крајот,многу клубови се здобија со професионален статус, и покрај тоа што стана уште потешко да се убедат клубовите од северот, Стразбур, РК Рубе и Амјен, коишто сè уште одбиваа да ја прифатат новата лига, иако Милуз, Екселзиор АС Рубе, Мец и Фив го прифатија професионализмот. Од друга страна, клубовите од југот на Франција како Олимпик Марсеј, Ијер, СО Монпелје, СЦ Ним, Кан, Антиб и Ница беа огромни поддржувачи на новата лига и го прифатија нивниот професионален статус без приговори.
Формирање Премиерната сезона на сите професионални лиги, наречена Насионал, се одржа во 1932-1933. 20-те премиерни члена на Насионал беа: Антиб, СА Париз, Кан, Клуб Франсе, Екселзиор АЦ Рубе, Фив, Ијер, Марсеј, Мец, Милуз, Ница, Ним, Олимпик Але, Олимпик Лилуа, Расинг Клуб д Франс, Ред Стар Олимпик, Рен, Сошо, Сет, и СО Монпелје. 20-те клуба беа поделени во две групи од 10 тима, каде последните три тима на дното од секоја група испаѓаа во Втората лига (Дивизија 2).Првопласираните од двете групи потоа се соочуваат во финален натпревар на неутрален терен, што подоцна се одржуваше на Стад Олимпик Ив-ду-Маноар. На 14 мај 1933 е одржано првото финале во кое се сретнаа победникот од групата А Олимпик Лилуа против второпласираниот од групата Б, Кан. Антиб, победникот од групата Б, требаше да учествува во финалето, но беше осомничен за поткуп од Француската Фудбалска Федерација и беше дисквалификуван. Во првото финале, Лилуа беа крунисани како први шампиони по победата од 4-3. По крајот на сезоната, лигата одлучи да ги задржи 14-те клуба и да не промовира други клубови од втората лига. Исто така, лигата одлучи да го смени нејзиното име од Насионал во само Дивизија 1. За сезоната 1934-35, лигата организираше легитимен систем на промоција и испаѓање, со што вкупниот број на клубови во првата дивизија изнесуваше 16 клуба. Овој број остана сѐ до сезоната 1938-39.
Заради Втората светска војна, француската Влада го суспендираше фудбалот и Професионалната лига, иако нејзините клубови продолжија да играат во регионалните натпреварувања. За време на “воените првенства”, како што се нарекуваат, Повисокиот режим, го укина професионализмот и клубовите беа принудени да учествуваат во регионалните лиги, означени како Зона Југ и Зона Север. Заради нездружувањето со двете лиги, ЛФП и ФФФ не го признаваат првенството освоено од клубовите и како таква сезоната 1939-1945 е непостоечка според гледиштата на двете организации. По завршувањето на војната и ослободувањето на Франција, професионалниот фудбал се врати во Франција. Првата дивизија го зголеми бројот на клубови на 18. Овој број остана сè до сезоната 1965-66 кога бројот беше зголемен на 20. Во 2002 година, лигата го смени своето име од Дивизија 1 во Лига 1.
Натпреварувачки формат Лига 1 има 20 клуба. Во текот на сезоната, обично од Август до Мај, секој клуб игра двапати со останатите клубови, еднаш на домашен терен и еднаш на теренот на противникот, вкупно 38 натпревари, иако во посебни околности на клубот може да му се дозволи да биде домаќин на друг терен, како во 2007 и 2008 кога Лил го пречека Лион на Стад д’ Франс. Тимовите освојуваат три бода за победа и еден бод за нерешено. Не се добиваат бодови за пораз. Тимовите се рангирани по вкупно освоени бодови, гол-разлика, и потоа број на постигнати голови.На крајот од секоја сезона, клубот со најмногу бодови се прогласува за шампион. Ако бројот на бодови е еднаков, гол-разликата, или бројот на постигнати голови го определуваат шампионот. Ако сè уште се израмнети, се смета дека тимовите ја заземаат истата позиција. Ако се израмнети за шампионската титула, за испаѓање или за обезбедување пласман во друго натпреварување, пласманот се одредува со плеј-оф натпревар на неутрален терен. Трите најслабо пласирани тимови испаѓаат во Втората лига, додека најдобро пласираните тимови од Втората лига го заземаат нивното место. Претходно,во лигата се користеше друг формат за промовирање и испаѓање на клубовите. Пред 1995 година, форматот на лигата беше директно испаѓање на последнопласираните два тима и плеј-оф помеѓу последно пласираниот и победникот од плејоф мечевите во втората дивизија, слично на холандската Ередивиси и германската Бундеслига. Лигата исто така експериментираше и со правилото на бонус. Од 1973 до 1976 година,правилото ги наградуваше со еден екстра бод тимовите кои ќе постигнат три или повеќе голови на еден натпревар без оглед на крајниот резултат, сè со цел да поттикне офанзивна игра. Ова искуство се покажа како неубедливо. На стартот од сезоната 2006-2007, лигата воведе “Табела на напаѓачка игра” со цел да поттикне постигнување на повеќе голови во Лига 1 и Лига 2. ЛФП, со помош на поранешниот менаџер Мишел Идалго, ја воведе идејата за наградување на оние тимови кои ќе постигнат најмногу голови. Табелата беше слична со првичната идеја, но беше независна од официјалната лигашка табела и клубовите беа единствено наградувани со парични бонуси.
Европски квалификации Во моментов, како што е определено со коефициентот на УЕФА, трите најдобро пласирани тимови во Лига 1 обезбедуваат пласман во Лигата на шампиони, од кои првите две обезбедуваат директен пласман во групната фаза. Третопласираниот тим влегува во последното квалификациско коло. Четвртопласираниот тим се пласира во УЕФА Лигата на Европа. Останатите две места за Лигата на Европа се утврдуваат преку двата домашни куп натпревари, Купот на Франција и Лига купот. Ако обата куп победника се пласираат во Европа со нивната позиција во лигата, петто и шесто пласираните тимови во Лига 1 ќе се пласираат во Лигата на Европа. На лигата исто така може да и се додели место преку УЕФА фер-плеј рангирање. Лигата користи фер-плеј табела за да го одреди победничкиот клуб, доколку Франција е победничка нација врз основа на фер-плеј рангирањето.
Критики Потпирање на одбраната Многу надворешни гледачи на Лига 1 ја критикуваа лигата за нејзиното преголемо потпирање на одбраната, што доведе до тоа натпреварите да бидат помалку интересни. Во текот на последната деценија, Лига 1 редовно имаше во просек најмал број на голови по натпревар помеѓу најдобрите 5 лиги во Европа,со најмал број бодови во текот на сезоната 2005-2006, со 2.1 гола по натпревар, во споредба со Бундес лигата која имаше просек од 2.81 гола по натпревар истата сезона. Во Премиер лигата таа сезона просекот беше 2.48 по натпревар. Се смета дека клубовите во Лига 1 играат претерано дефанзивен фудбал во кои многу од клубовите користат играч од средниот ред кој е носител на играта, во некои клубови и по двајца. Оваа позиција на некој начин стана столб во лигата, со неколку играчи кои ја заземаа оваа позиција, како што се Клод Макелеле, Алу Диара, Блез Матуди, Рио Мавуба и Фредерик Томас служејќи како прв избор за капитен во нивниот клуб.
Доминација на Лион Со почетокот на сезоната 2001-2002, Олимпик Лион ја започна рекордната серија од седум последователни титули. Првите титули на Лион во лигата беа често оспорувани, меѓутоа, сезоната 2005-2006 Лион ја зграби титулата со неверојатни 15 бодови разлика. Следната сезона,тие ја освоија лигата со 17 бодови разлика, осигурувајќи ја титулата неколку натпревари однапред. Лион, исто така беше успешен и во Европа и под претседателство на Жан Мишел Ола усвои стратегија која што им овозможи да се здобијат со многу од врвните играчи од другите клубови. Стратегијата му се исплатеше на Лион, особено со потпишувањето со играчи како што се, Мишел Есиен, Флорен Малуда, Ерик Абидал, Себастиен Скилачи, Ким Калстром и Жереми Тулалан меѓу другите. Како резултат на доминацијата која доведе до недостаток на конкуренција во лигата, правејќи ја здодевна и предвидлива со само Марсеј, Монако, Лил и Бордо предизвикувајќи ги седумкратните шампиони за време на нивното водство. Доминацијата на Лион заврши во текот на сезоната 2008-2009, кога тие беа надминати не само од Бордо, туку и од Марсеј кој стана вицешампион. Сезоната 2009-2010 во Лига 1 сведочеше за зголемена конкурентност во лигата, откако Лион беше предизвикан не само од етаблираните клубови како Бордо, Марсеј (крајниот победник) и Лил, туку исто така од помали клубови како што се Монпелие и Осер.
Неуспех во европските напреварувања