Куртис Џејмс Џексон III (р. 6 јули 1975 година), подобро познат по неговото сценско име 50 Cент (транскрипција: Фифти-Сент) — американски рапер и глумец. Тој ја постигна својата слава со издавањето на неговите албуми “Get Rich or Die Tryin'” ( во 2003 година) и “The Massacre” (во 2005 година). “Get Rich or Die Tryin“ има 8 пати добиено платина од страна на Музичката Индустрија во Американската Заедница (МИАЗ) има распродадено преку 15 милиони копии ширум светот. Неговиот албум “The Massacre“ има 5 пати добиено платина од МИАЗ и има продадено 11 милиони копии.
Роден во Јужна Јамајка, Квинс, Џексон почнал трговија со дрога на 12 годишна возраст за време на епидемијата на крекот во осумдесеттите. Откако ја напуштил трговијата со дрога за да ја започне рап кариерата, тој бил застрелан и погоден со 9 куршуми за време на несреќа во 2000 година. По издавањето на неговиот албум “Guess Who's Back?” , во 2002 година Џексон бил откриен од раперот Еминем и потпишал договор со Interscope Records. Со помошта на Еминем и на Д-р Дре кој го обезбеди неговиот прв голем комерцијален успех, Џексон стана еден од светските рапери со остварена најголема продажба. Во 2003 година тој ја основал издавачката куќа G-Unit Records која потпишала договори со неколку успешни рапери како Јанг Бак, Лојд Бенкс, и Тони Јајо.
Џексон се вмешал во караница со други рапери меѓу кои Џа Рул, Фет Џо, Џадакис, Кам’рон, Рик Рос и поранешните членови на Џи Јунит, Д Гејм и Јанг Бак. Тој исто така продолжил со глумечка кариера, појавувајќи се во полуавтобиографскиот филм “Get Rich or Die Tryin'“ во 2005, во филмот за војната во Ирак насловен “Home of the Brave“ во 2006 година, и во филмот “Righteous Kill“ во 2008 година.
Џексон продал над 30 милиони албуми и освоил неколку награди, меѓу кои: Греми награда, Еми награда за серија во ударен термин, тринаесет Музички награди од Билборд, шест Светски музички награди, три Американски музички награди и четири награди БЕТ. Списанието Билборд го рангирало 50 Сент на шесто место на нивниот список „Најдобри изведувачи во 2000-те“, а во 2023 го ставило на 17-то место на списокот „50 најдобри рапери“. Ролинг Стоун ги рангирал Get Rich or Die Tryin''' и „In da Club“ на неговите листи од „100 најдобри албуми од 2000-тите“ и „100 најдобри песни од 2000-тите“ на 37 и 13 место, соодветно. мини|десно|Логото на 50 Сент
Живот и музичка кариера
Детство и младост
Куртис Џексон III израснал во маалото Јужна Јамајка, Квинс, Њујорк. Пораснал без татко, а го одгледувала неговата мајка Сабрина, која го родила на 15 годишна возраст. Сабрина која била дилер на кокаин го одгледувала Џексон до неговата 12 година, бидејќи била убиена во 1988 година. (online is excerpt only) Кога била 27 години некој и ставил дрога во пијалакот и се онесвестила. Потоа била оставена во апартманот да почине откако било пуштено гас, а прозорците биле затворени. По нејзината смрт Џексон се преселил во куќата на баба му и дедо му, и живеел со осумтте тетки и чичковци. Тој се потсеќа “Баба ми ми рече” : “Твојата мајка не се враќа дома, таа нема да дојде да те земе”; “Ќе останеш со нас сега”. Оттогаш почнав да се прилагодувам на улиците.
Џексон почнал да боксува на околу 11 годишна возраст. Кога бил 14 години некој сосед отворил сала за боксување за соседските деца. “Кога не бев на училиште, вежбав во салата или продавав дрога на улиците”, тој се потсеќа.Weiner, Jonah (August 2007). 33 Things You Should Know About 50 Cent . Blender. Retrieved September 30, 2007. Во средината на осумдесеттите, тој се натпреварувал во Јуниор Олимпикс како аматер боксер. Тој раскажува: “Бев конкурентен во рингот, а исто така и хип-хопот е конкурентен...Мислам дека самите раперски услови сакаат боксери, па така сите се чувствуваат како тие да се шампиони”. На 12 годишна возраст Џексон почнал да растура наркотици, кога неговата баба мислела дека тој посетува училишни програми. Тој исто така на училиште носел пиштоли и пари од дрога. Во десетто одделение бил фатен од детектор за метал во средното училиште “Ендрју Џексон”. Тој подоцна изјавил ”Бев засрамен што ме уапсија на таков начин...Откако ме уапсија престанав да се кријам. Отворено и кажував на мојата баба “Јас продавам дрога”.
На 29 Јуни 1994 година Џексон бил уапсен кога помагал да се продадат 4 шишенца кокаин на полицаец кој бил на тајна задача. По 3 недели бил повторно уапсен кога полицијата го пребарала неговиот дом и нашла хероин, десет унца кокаин и стартер пиштол. Бил осуден на затворска казна од 3 до 9 години, но успеал да служи 6 месеци во шок затвор за млади криминалци каде го заработил својот Генерален Развој во Образованието (ГРО). Џексон изјавил дека тој самиот не користел кокаин, туку само го продавал. Тој го посвоил прекарот “50 Сент” како метафора за промена. Името потекнува од Келвин Мартин, ограбувач од Бруклин во осумдесеттите, познат како “50 Сент“. Џексон го избрал името бидејќи кажувало сè што тој сакал да каже. “Јас сум иста личност како што бил тој”. “Си го обезбедив на секој можен начин”.
мини|десно|Куртис Џексон на микрофонот
1996-2000: Рана кариера
Џексон почнал да рапува во подрумот на некој пријател каде користел грамофони за да ја сними инструменталаната музика."La Méthode Cauet" (2006). TF1. Во 1996 година некој пријател го запознал со Џем Мастер Џеј од групата Ран-ДМС, кој го организираше неговиот бренд во музичката куќа Џем Мастер Џеј рекордс. Џеј го научил како да ги брои тактовите, да пишува рефрени, да составува песни и како да снима.Youngs, Ian (December 23, 2002). 50 Cent: The $1m rapper . BBC News. Retrieved August 16, 2007.Tarek, Shams (May 16, 2003). Jamaica's 'Own Bad Guy' 50 Cent Making Good in the Music Biz . Queens Press. Accessed May 22, 2007. Првото официјално појавување на Џексон било со песната наречена ”React ” со групата Онукс во 1998 година од нивниот албум ”Shut ’Em Down”. Тој ги препишува заслугите на Џем Мастер Џеј како на влијание кое му помогнало да ја подобри неговата способност да пишува рефрени.Reid, Shaheem (February 25, 2005). All Eyes on 50 Cent: The Sequel . MTV. Accessed May 22, 2007. Џеј го изработил првиот албум на Џексон, меѓутоа никогаш не бил издаден. Во 1999 година, по заминувањето од Џем Мастер Џеј, продуцентското дуо Тракмастер кое има остварено платинска продажба го забележал Џексон и тој потпишал договор со Колумбија Рекордс. Го пратиле во студио во горниот дел од Њујорк каде испеал 36 песни за две недели. 18 биле вклучени во неговиот неофицијално издаден албум “Power of the dollar“ во 2000 година.Biography . 50cent.com. Accessed May 22, 2007. Тој исто така започнал да снима со сега непостоечката “Hollow Point Entertainment“ со поранешната група Џи Јунит здружена со Бенг Ем Смарф.Chery, Carl (May 18, 2004). 50 Cent's a Fake, Says Ex-G-Unit Member, Bang Em Smurf . SOHH. Retrieved June 5, 2007.Williams, Houston (February 2004). Bang'em Smurf: Life after G-Unit. AllHipHop. Retrieved July 20, 2007.
Популарноста на Џексон започна да се зголемува по успешниот но контраверзен подземен сингл ”How to Rob” кој го напишал за половина час додека бил во кола на пат кон студио.Interview w/ Jackson . AOL Music (August 1, 2003). Accessed May 22, 2007.50 Cent. From Pieces to Weight Part 5 . MTV. Accessed May 22, 2007. Песната комично објаснува како тој ги ограбува славните изведувачи. Тој го објаснува резонот преку содржината на песната изјавувајќи ”Има илјадници изведувачи со тој заштитен знак, мора да се одделиш сам од таа група и да се правиш важен“. Раперите Џеј-Зи, Курупт, Биг Пан, Ди-Ем-Икс, Вуклеф Жан и Ву Танг Кланот возвратија на песната и Нас кој ја прифати музичката нумера позитивно, го покани Џексон на промотивната турнеја за неговиот албум “Nastradamus“. Песната беше планирана да се издаде со “Thug Love“ заедно со Дестинис Чајлд, но 2 дена пред снимањето на закажаното музичко видео “Thug Love“, Џексон бил застрелан и задржан во болница заради неговите повреди.Ninja (December 2002). 50 Cent Interview . Dubcnn. Accessed May 22, 2007.
2000-2001: Оружениот инцидент
На 24 април 2000 година, Џексон бил наводно нападнат од убиец наречен Дарил Хомо Бум, пред поранешниот дом на неговата баба во Јужна Јамајка, Квинс. Тој влегол во колата на пријател, но го замолил да се врати во куќата да земе накит. Неговиот син бил во куќата, додека баба му во дворот. Откако се вратил на задното седиште во колата, друга кола се паркирала во близина. Напаѓачот потоа допешачил до левата страна на Џексон со 9 милиметарски пиштол, и испукал 9 куршуми од блиско растојание. Тој бил застрелан 9 пати: во дланката (околу неговиот десен палец и куршумот излегол од неговиот мал прст ), во рамото, колкот, двете нозе, градите и во левиот образ.Tyrangirl, Josh (February 17, 2003). Rap's Newest Target . Time. Accessed May 22, 2007. Повредата на лицето резултирала со потечен јазик, загуба на умник и со мало нејасно зборување.Get Rich or Die Tryin': The Movie (2003) (bonus documentary DVD). Interscope Records. Неговиот пријател исто така добил истрел во дланката. Биле однесени во болница каде Џексон поминал 30 дена. Бум, наводниот пукач, бил убиен 3 недели подоцна.Chery, Carl (October 24, 2005). 50 Cent Shot by "Hommo" Reveals Tell-All Book. SOHH. Accessed May 22, 2007. Бум бил близок пријател и бодигард на Мајк Тајсон.
Џексон се потсеќа на инцидентот “Сè се случи толку брзо, дури немав ни шанса да возвратам, Бев исплашен цело време. Гледав во ретровизорот, Ох срање некој ми пукаше во лице”, Пече ,пече ,пече...”. Во неговата автобиографија “From Pieces to Weight: Once upon a Time in Southside Queens”, тој напишал ”Откако бев застрелан 9 пати од блиско растојание и не умрев почнав да мислам дека имам цел во животот”...” Колку повеќе штета може да се нанесе некому. Дај ми една педа во овој или оној правец, и јас заминувам”. Првите шест месеци користел помошно средство за одење, и после 5 месеци целосно закрепнал. Кога заминал од болницата одседнал во Поконос со тогашната девојка и синот. Неговиот тренинг режим му помогнал да ја постигне неговата физичка мускулатура.Jenkins, Sacha (July 9, 2007). I Was There . XXL. Retrieved July 31, 2007.
Додека бил во болница, Џексон потпишал договор за издавање со Колумбија рекордс. Сепак, неговиот бренд бил отфрлен и бил ставен на црната листа во музичката индустрија поради неговата песна “Ghetto qu’ran”. Немоќен да најде студио во кое ќе работи во САД, тој патувал за Канада.Mace, Francis (September 6, 2005). Surveilling 50 Cent . The Smoking Gun. Accessed May 22, 2007.Weiner, Jonah (April 2005). Dear Superstar: 50 Cent . Blender. Accessed May 22, 2007. Заедно со својот бизнис партнер, Ша Мани ИксЕл, тој снимил преку 30 песни на компилација со цел градење на репутацијата. “Shady Records A&R Marc Labelle”, во интервју со Хитквартерс изјавија , Џексон мудро ги искористил компилациите во негова корист: “Ги зеде сите најдобри ритми од секој изведувач и ги преработи во подобри рефрени”. Потоа тие влегоа на сите пазари и сите Ди-Џеи ги пуштаа. Популарноста на Џексон се зголеми, и во 2002 година тој издаде независен материјал на компилација “Guess Who’s Back?”. Почнувајќи да привлекува внимание и сега поддржан од Џи Јунит, Џексон продолжил да издава музика, вклучувајќи песни како “50 Cent Is the Future”. На компилацијата имаше повторување на текстови од Џеј Зи и Рафаел Садик.
мини|десно|50 Сент на концерт во Шпанија
2002-2009: Патот до славата
Во 2002 година Еминем, слушнал копија од цедето на Џексон “Guess Who’s Back?“. Тој го добил ЦД-то од адвокатот на Џексон, кој работел со менаџерот на Еминем, Пол Розенберг. Импресиониран од албумот, Еминем го поканил Џексон да долета во Лос Анџелес каде го запознал со Д-р Дре. По потпишувањето на договор од 1 милион долари, Џексон ја издаде компилацијата “No mercy No Fear“. Компилацијата вклучуваше една нова песна, “Wanksta” која беше ставена како саундтрак на филмот на Еминем “8-мата милја“. Тој исто така се придружи на групата на Крис Лајти “Violator Management“ како и на групата на Ша Мани ИксЕл Money Management Group.