Референдумот за независност на Јужен Судан започнал на 9 јануари 2011 година, и истиот завршил на 15 јануари 2011 година за осамостојување на тој дел од земјата. 90 % од гласачите од Судан гласале за одделување на Јужен Судан од Картум.
Референдумот ќе трае една недела и е дел од мировната спогодба од 2005 година со која била завршена дводецениската граѓанска војна во која загинале повеќе од два милиона луѓе. Повеќе од 60 лица биле убиени во серијата судири во јужносуданскиот регион Абјеи.
За учество на референдумот биле регистрирани 3,9 милиони жители на Јужен Судан, но и претставници на малцинствата од Северот и на дијаспората. Претседателот на Судан Омар ал Башир изјавил дека ќе бил мошне разочаран доколку Северот и Југот се одвојат, но напоменал дека ќе ја почитува одлуката на жителите на Југот.
Наводи
Категорија:Јужен Судан Категорија:Избори во Судан Категорија:2011 во Судан Категорија:Историја на Јужен Судан Јужен Судан