Анијан Александриски бил Патријарх на Александрија во периодот од 68 до 82 година. Тој е признаен како папа на некогашната единствена Александриска црква, односно од страна на денешната Коптска православна црква и Грчка православна црква на Александија.

Според христијанската традиција, кога Апостол Марко стапнал од коработ на копното на Александрија, обувката на едната нога му се расцепила. Тогаш видел еден чевлар и му ја дал на поправка. Шиејќи чевларот си ја прободел со шилото левата рака и започнало да му тече крв, а тој јачел од болка. Тогаш апостол Марко замесил прав со својата плунка и ја намачкал ранетата рака на чевларот, која со ова веднаш станала здрава. Чевларот се восхитил од ова чудо и го поканил Марко во својот дом. Кога ја слушнал проповедта на апостолот, Анијан, се крстил тој и сиот негов дом. Свети Анијан покажувал толкаво благочестие и ревност за Божјото дело, што Св. Марко го определил за епископ.Свети Анијан, епископ Александриски

Наводи

Категорија:Починати во 95 година Категорија:Египетски светци Категорија:Погребани во Египет Категорија:Египетски римокатолички светци Категорија:Христијански светци од 1 век Категорија:Коптски православни светци Категорија:Архиепископи од 1 век Категорија:Епископи од 1 век Категорија:Грчки православни Александриски патријарси Категорија:Коптски папи Категорија:Родени во непозната година