Свети Атанасиј — главна селска црква во мариовското село Витолиште, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самото сретсело.

Историја

Денешната градба на црквата била започната во 1926 година и истата била завршена во 1935 година. На истата во 2023 година се забележани пукнатини на ѕидовите и сводовите.

На црквата ѝ е потребна санација и конзервација.

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна.

На црквата било извршено конструктивно зајакнување со видливи армирано-бетонски столбови и носачи од надворешна страна, само на јужниот фасаден ѕид.

Фрескоживопис

Црквата поседува делумен фрескоживопис, кој бил насликан во втората половина на XX век. Истото, особено во наосот, е во исклучително лоша состојба.

Обичаи во црквата

Водици Специфичен настан поврзан со црквата е прославата на православниот празник Водици. Имено на тој ден селаните се собираат сретсело каде што се наоѓа црквата. Секој зема по една икона и сите заедно вртат три круга во дворот на црквата, кажувајќи молитви. Потоа сите заедно одат кај реката Краваштина каде што се фрла крстот. Откако најсреќниот ќе го фати крстот, тој шета низ селото и луѓето го даруваат со мед, сирење, ракија и со слатки. Во водата каде што бил фрлен крстот се мијат иконите и се враќаат назад во црквата. Истиот ден се избира новиот кум за в година, а потоа се одбираат 10 луѓе наречени Шкуртари. Кај секој од нив се оди дома, сè додека не се стигне до последниот каде што се служи вечера.

Венчавка За време на некоја венчавка, невестата на денот на самиот ден била носена во црква од страна на жените. Откако ќе кажела неколку молитви, таа, според обичајот, морала да оди на влезот од селото каде што има кладенец пред кој невестите гувееле. Затоа и кладенецот се нарекувал гувелник. Тоа го правеле за да бидат послушни пред да влезат во домот на свекорот и свекрвата.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Витолиште

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Витолиште