мини|Египетските богови во Музеј Карнеги за природна историја|270x270пкс Многубоштво или политеизам — верување во повеќе божества, обично се собрани во пантеон на богови и божици, заедно со своите митологии и ритуали.

Многубоштвото било типичен облик на религија за време на бронзеното доба и железното доба, па сè до осното доба и постепениот развој на еднобоштвото (монотеизам) или пантеизмот, и атеизмот. Тоа е добро документирано во историските религии на антиката, а особено во грчкиот и римското многубоштво и по падот на класичното многубоштво во племенските религии како што се германското или словенското многубоштво. Тој продолжува во модерниот период во преданија како хиндуизмот, шинтото, кинеската народната религија итн., а е оживеан во струи на неопаганство во постхристијанскиот запад.

Многубоштвото е еден вид на теизам. Во рамките на теизмот, тој е во спротивност со еднобоштвото, верувањето во еден единствен бог. Многубошците не секогаш се поклонуваат на сите богови подеднакво, но може да се хенотеисти, специјализирајќи обожување на едно посебно божество. Други многубошци може да се катенотеисти, обожувајќи различни божества во различни периоди.

Терминологија Терминот потекнува од грчкото πολύ поли („многу“) и θεός теос („бог“) и најпрво е измислен од еврејскиот писател Филон Александриски за да се расправа со Грците. Кога христијанството се проширило низ цела Европа и Средоземното море, нехристијаните биле само нарекувани незнабошци (термин што првично го користеле Евреите за да се однесуваат на не-Евреи) или пагани (мештани) или со видно пејоративниот израз идолопоклоници (обожавачи на „лажните“ богови). Современата употреба на терминот прво е обновена на француски јазик преку Bан Бодин во 1580 година, проследена со употребата на Самуел Пурчас на англиски јазик во 1614 година.

Богови и божественост

Божествата во многубошките религии се причинители во митологијата, каде што се портретирани како комплексни личности со поголем или помал статус, со поединечни вештини, потреби, желби и истории. Овие богови често се гледаат како слични со луѓето (антропоморфни) во нивните лични особини, но со дополнителни поединечни моќи, способности, знаење или перцепции.

Многубоштвото не може јасно да се одвои од анимистичките верувања застапени во повеќето народни религии. Боговите на многубоштвото, се во голем број случаи највисокиот ред на континуумот на натприродни суштества или духови кои може да вклучуваат предци, демони, разни суштества и други. Во некои случаи, овие духови се поделени на небесни или хтонски класи и верувањето во постоењето на сите овие суштества не значи дека сите се обожувани.

Видови божества

Видови на божества што често се наоѓаат во многубоштвото:

Бог на небото (небесен) Божество на смртта (хтонско) Божица Мајка Божица на љубовта Бог демиург Сончево божество Божество на водата Измамнички бог Бог-предодбеник Културен херој Богови на музиката, уметноста, науката, земјоделство или други настојувања. мини|428x428пкс|Слегувањето на Северните богови

Митологија и религија

Во класичната ера, Салустиј (4 век н.е.) ја категоризирал митологијата на пет видови:

Теолошка Физичка Психолошка Материјална Мешана

Теолошки митови се оние што не користат телесна форма, но размислуваат за суштината на боговите: на пример, Кронос ги голта своите деца. Бидејќи божественоста е интелектуална и целиот интелект се враќа во себеси, овој мит алегориски ја изразува суштината на божеството. Митовите може да се сметаат за физички кога ги изразуваат активностите на боговите во светот. Психолошки начин е да се гледаат (митовите како алегории на) активностите на душата сама по себе и / или дејствата на душата врз мислата. Материјалниот е да се гледаат материјалните предмети како навистина да се богови, на пример: да се нарече земјата Геја, океанот Океан, или топлината Тифон. Мешаниот вид на митови може да се види во многу случаи: на пример, велат дека на еден банкет на боговите, Ерида фрлила златно јаболко; божиците се натпреварувале за него и Зевс ги испратил кај Парис да им пресуди. Парис видел дека Афродита е прекрасна и ѝ го дал јаболкото. Овде банкетот ги означува хиперкосмичките моќи на боговите; затоа тие се сите заедно. Златното јаболко е светот, кој, формиран од спротивности, нормално се вели дека е „фрлен од страна на Ерида“ (или Раздорот). Различни богови го дарувале светот со разни подароци, и затоа се вели дека „се натпреварувале за јаболкото“. А душата која живее во согласност со чувството - тоа е она заради кое што Парис- не ги гледа останатите сили во светот, но само убавината, изјавува дека јаболкото ѝ припаѓа на Афродита.

мини|243x243пкс|Гозбата на Боговите од Франс Франкен Помладиот (II) [1581–1642]

Многубоштвото низ историјата мини|224x224пкс|Логун Еде - ориша

Некои добро познати историски многубожечки пантеони ги вклучуваат сумерските и египетските богови и класичниот пантеон кој ја вклучува старогрчката религија и римската религија. Посткласичните многубожечки религии ги вклучуваат нордиските Аесир и Ванир, ориша на Јоруба, ацтечките богови и многу други.

Денес, повеќето историски многубожечки религии погрдно се нарекуваат „митологија“, иако приказните што културите ги раскажуваат за нивните богови треба да се разликуваат од нивното обожување или верска пракса. На пример, божествата портретирани во судир со митологијата сè уште би биле обожувани понекогаш во истиот храм рамо до рамо, илустрирајќи ја разликата меѓу митот и реалноста во умот на приврзаникот. Се шпекулира дека некогаш постоела една праиндоевропска религија, од која потекнуваат религиите на разни индоевропски народи и дека оваа религија во суштина била натуралистички нуменистичка. Еден пример за верски поим од ова заедничко минато е концептот на деус (*dyēus), кој е потврден во неколку различни религиски системи.

Во многу цивилизации, пантеоните имале тенденција да растат со текот на времето. Божествата најпрво обожувани како заштитници на градови или места се собирале заедно како што царствата се протегале на поголеми територии. Освојувањата можеле да доведат до потчинување на пантеонот од постарата култура на еден понов, како грчкиот Титаномахија, и најверојатно во случајот на Аесир и Ванир во нордиската митологија. Културната размена можела да доведе до тоа „истиот“ бог да се прочуе на две места под различни имиња, како што е со Грците, Етрурците, и Римјаните, а исто така и со воведување на елементи на „туѓата“ религијата во локалниот култ, како што е обожувањето на египетскиот Озирис донесен во Стара Грција.

Најстарите верски системи се држеле до тоа дека боговите влијаат на човечките животи. Сепак, грчкиот филозоф Епикур тврдел дека боговите се живи, неподмитливи, блажени суштества кои не се грижат за работите на смртниците, но кои би можеле да бидат умствено согледани, особено за време на спиење. Епикур верувал дека овие богови се материјални, човеколики и дека ги населуваат празните простори меѓу световите.

Хеленистичката религија сè уште може да се смета за многубожечка, но со силни монистички компоненти, а еднобоштвото конечно излегува надвор од хеленските преданија во доцната антика во форма на неоплатонизам и христијанска теологија.

Од бронзено доба до доцната антика Месопотамска митологија Египетска митологија Асиро-вавилонска митологија Историска ведска религија Старогрчка религија Римска религија Келтско многубоштво

Од доцна антика до среден век Германски паганство Словенски паганство Балтички паганство Фински паганство мини|Статуа на Зевс, врховен олимписки бог, прикажан со молња во Паркот Астерикс

Древна Грција

Класичната шема во Стара Грција од дванаесеттемина Олимпијци (канонските Дванаесет востановени низ уметноста и поезијата) е следнава: Зевс, Хера, Посејдон, Атина, Арес, Деметра, Аполон, Артемида, Хефест, Афродита, Хермес и Дионис ; Хестија се повлекла кога на Дионис му било понудено место на планината Олимп, а Ад бил често исклучуван затоа што живеел во подземниот свет. Има, сепак, голема флуидност по однос на бројот на Избраните во Антиката. Различни градови често се поклонуваат на исти божества, понекогаш со епитети што ги разликувале и ја определувале нивната локална природа.

Хеленското многубоштво се раширил надвор од копното на Грција до островите и крајбрежјата на Јонија во Мала Азија, до „Голема Грција“ (Сицилија и Јужна Италија), и до растурените грчки колонии во регионот на Западниот Медитеран, како што е Масалија (Марсеј). Грчката религија го искалила етрурскиот култ и верувања за да се формира голем дел од подоцнежната римска религија. мини|Посета на гробишта во чест на умрените

Народна религија

Народна религија е секоја етничка или културна религиозна практика што е надвор од доктрината на организирана религија. Врз основа на популарните верувања и понекогаш нареченa популарна или народна религија, овој израз се однесува на начинот на кој луѓето ја доживуваат и практикуваат религијата во нивниот секојдневен живот.

Анимистичката природа на народните верувања е антрополошки културен универзал. Верувањето во духови и привиденија што го анимирало природниот свет и практиката на обожување на предците е универзално присутна во културите во светот и повторно се јавува во еднобожечките или материјалистички општества како „суеверие“, верување во демони, заштитнички светци, самовили или вонземјани.

Присуството на целосна многубожечка религија комплетирана со ритуален култ, спроведен од страна на свештеничка каста, бара повисоко ниво на организација и не е присутна во секоја култура. Изречното многубоштво во современата народна религија се наоѓа во африканската традиционална религија, како и во африканските дијаспорни религии.

Современи светски религии Хиндуизам

Религискиот хиндуизам е поширока категорија која опфаќа и еднобожечки и многубожечки тенденции и варијации на или мешавина од двете структури. Општото обожување во голема мера е многубожечко, додека хинду филозофите и теолозите расправале за трансцендентна метафизичка структура со единствена божествена суштина ("Sarva Dharma Samaan hai"/"Сите религии се исти"). Оваа божествена суштина обично е позната како Брама или Атман, но разбирањето на природата на оваа апсолутна божествена суштина е линијата која ги дефинира многу хинду филозофски преданија како Веданта.

Многу Хиндуси веруваат во различни божества кои потекнуваат од Брама и мнозинството продолжува да се поклонува на божеството како прашање од лично убедување или предание како претстава на ова врховно битие.

Во хиндуистичкиот назив Смарта, филозофијата на Адваита изложена од Шанкара дозволува почитување на бројни божества со сфаќање дека сите од нив се само манифестации на една безлична божествена моќ, Брама. Затоа, според различни учења на Веданта вклучувајќи го и она на Шанкара, кое е едно од највлијателните и најважните хинду теолошки преданија, постојат голем број божества во хиндуизмот, како што се Вишну, Шива, Ганеша, Хануман, Лакшми и Кали, но тие се суштински различни облици на истото „Битие“. Сепак, многу Веданта филозофи исто така тврдат дека сите лица биле обединети од страна на истата безлична, божествена моќ во форма на Атман. мини|Скулптури на антички хинду богови на ридовите Унакоти, место во Трипура, Индија, издлабени на карпи.