Ири — воден пат во Њујорк кој се простира 363 милји (584 км) од Албани на реката Хадсон до Бафало Њујорк до езерото Ири и претставува водена патека од Атлантскиот Океан до Големите Езера. Каналот се состои од 36 брани. и опфаќа вкупна височинска разлика од 565 стапки (169 м). Првиот предлог беше даден во 1807 година, а започна да се гради од 1817 и заврши 1825 со официјалното отворање на 26 октомври 1825 година. Тоа беше првиот транспортен систем помеѓу источното крајбрежје (Њујорк) и западната внатрешност (Големите Езера) за кој не беа потребни патно трошоци, беше побрзо од коли влечени од животни и ги намали патните трошоци за 95 %. Каналот доведе напредок за населението во државата Западен Њујорк ги направи и подалечните места достапни за населување и му помогна на Њујорк да стана главна порта за влез во САД. Тој беше проширен во период помеѓу 1834 и 1862 година. Во 1918 година проширениот канал беше заменет од поголемиот канал за бродови на државата Њујорк. Денес тој е дел од каналниот систем на државата Њујорк. Во 2002 година конгресот на САД го именуваше Ирскиот канален пат како Државно коридорно богатство за да ја признае државното значење на каналниот систем како најуспешна човечка изградба на воден пат и како најважна активност на цивилното инженерство во Северна Америка. Најпрвин беше користен само за рекреативни бродови за подоцна во 2008 да доживее развој. Заднина
Од првиот денови на експанзијата на англиските колонии од Северна Америка во срцето на континентот го создаде проблемот за транспорт помеѓу крајбрежните станици и внатрешноста. Близу до крајбрежјето реките често обезбедува соодветен воден пат но пристутноста на Апалачките планинитенавлезени неколку стотици милји кон внатрешноста претставуваа голем предизвик. Патниците и товарот мораа да патуваат по земја патување кое беше уште повеќе отежнато од условите на патиштата. Фактот дека извозниот производ на долината Охајо не ги олеснуваше работите затоа што производот имаше голем волумен и не беше исплатливо да се извезува во далеката внатрешност поради ниската цена (ова доведе до Whiskey Rebellion). Во 18 и раниот 19 век на жителите од крајбрежјето им стана јасно дека градот или државата кои ќе успеат во развивање на евтин, сигурен пат до Западот ќе уживаат голем економски успех и дека таквата врата ќе ги развие бизнисите многу. Во тоа време проекти бе планирани во Вирџинија, Мериленд, Пенсилванија и каде се не.
Предлог и постава на основите
Големиот успех на каналот Бриџвотер во Британија завршен во 1761 година довел до градење на огромен број канали низ Англија. Колонијалните идеи за канал или подобрена водена патека за поврзување на источниот брег со новите населување во западниот започнаа да се појавуваат во 1724, претставникот за провинции на Њујорк Кадвалдер Колден направи референција (во извештајот за надворешна трговија) за подобрување на природните водени патишта на Западен Њујорк. Џорџ Вашингтон направи големи напори за да ја направи реката Потомак мост до западот трошејќи значителна енергија и капитал во каналот Потомак од 1785 година до неговата смет четири години подоцна. Кристофер Кол кој беше запознаен со каналот Bridgewater ја истражуваше долината Мохавк и направи презентација пред на правниците на државата Њујорк во 1984 кога направи предлог за канал од езерото Онтарио. Предлогот привлече внимание и одредени дејства но на рајот сепак се сведе на ништо.
Гувернерот Морис и Елкан Вотсон беа другите рани предложувачи на канал низ Мохавк. Нивните напори доведоа до создавање на Западната внатрешна навигациска компанија за брани која ги презеде првите чекори за подобрување на водениот сообраќај на Мохавк, но компанија докажа дека приватното инвестирање беше неопходно. Во 1798 компанијата за канали Нијагара беше вклучена. Адвокатот кој конечно започна со изградба на каналот беше предузимачот Џеси Холи. Тој започна со невидено растење на пченка на рамнините во Западен Њујорк кои во голем дел не беа населени со цел за нивна продажба на Источното крајбрежје. Тој банкротираше обидувајќи се да врши испорака до брегот. Додека беше во затвор од долговите на Канадаидуа тој започна да врши напори за изградба на канал долж долината и реката Мохавк кои беа долги 90 милји. Тој имаше голема поддршка од Јозеф Елкот агент на Холандската земјена компанија во Батавија. Елкот сфати дека каналот ќе ја зголеми вредноста на земјата која тој ја продаваше во западниот дел на државата. Елкот подоцна стана првиот комесар за канали. Реката Мохавк притока на Хадсон течеше во првенствен се влеваше во канал ни Апалачките планини во државата Њујорк делејќи ги на Catskills и Adirondacks. Долината Мохавк беше единствениот скратен пат низ Апалачите во северна Алабама и одеше директно од реката Хадсон во истокот во езерото Онтарио и езерото Ири на запад. Од таму многу делови од внатрешноста и многу населби би биле достапни за Големите Езера и другите поврзани реки. Проблемот беше во тоа што земјата се издигнуваше 180 м од Хадсон до езерото Ири. Браните во тоа време можеле да се справат до 3,7 м така што би биле потребно најмалку 50 брани низ 580 км долгиот канал. Таков канал би чинел богатство дури и денес. Во 1800 година трошоците беа незамисливи. Претседателот Џеферсон го нарече предлогот ,, мал излив на лудило” и го одби предлогот. Но и покрај тоа Холи успеа да го заинтересира гувернерот на Њујорк Девит Клинтон. Постоеја многу спротивности и предлогот беше одбиен како "Clinton's Folly," или "Clinton's Ditch." Но во 1817 Клинтон успеа да добие 7 милиони долари од законодавството за изградба на каналот.
Оригиналниот канал беше долг 584 км од Албани на Хадсон до Бафало на езерото Ири. Каналот беше широк 12 м и длабок 1,2 м. Чамците во каналот до 1,1 м беа влечени од коњи или мазги кои се наоѓаа на влечната патека. Постоеше само една влечна патека претежно на северната страна од прокопот. Кога ќе се најдеа два чамци правило беше дека поминува тој кој се наоѓа до патеката а другиот оди на другата страна од каналот. Возачот на привилегираниот брод го носи својот тим до влечната патеа додека возач на другиот брод го повлекува својот тим и застанува, а неговите јажиња за влечење ќе бидат пуштени да потонат до дното и неговиот брод ќе го продолжи носен од замавот. Тимот на привилегираниот брод е преминат преку јажињата на другиот брод и тогаш нивниот брод ќе помине без застанување. Откако ова ќе заврши и другиот брод продолжува со патувањето. Страните на скратеницата беа поставени со камења сместени во кал, а исто така со кал беше поставено и дното. За работата со каменот беа потребни стотици германски ѕидари кои подоцна изградија многу познати објекти во Њујорк.
Изградба
Изградбата започна на 4 јули 1817 година во Рим Њујорк. Првите 24 км од Рим до Утица беа отворени 1819 година. Со таа брзина каналот немаше да биде завршен ни за триесет години. Главните проблеми беа дрвјата кое беше потребно да бидат исчистени за патеката кој поминуваше низ шума како и проблемот со земјиштето кое се лизга но градителите ги решија овие проблеми. За паѓање на дрвјата тие врзуваа јаже на врвот на дрвото и влечеа. Тие ги извлекува остатоците од дрвјата со направа специјално направена за тоа. На две тркала беше поставено сечило. Мало тркало беше ставено во центарот на сечилото и тоа беше помало од останатите. Потоа синџир беше ставен за поврзување на сечилото и стеблото. И на крај со јаже беше поврзано тркалото од сечилото со добиток за влечење. Механичката предност помогна во соборување на дрвјата. Проблемот со лизгачкото земјиште беше решен со товарење на таквото земјиште во буриња кои подоцна беа товарени во коли влечени од мазги. Екипа од тројца луѓе би можел да гради една милја за една година. Преостанатиот проблем беше да се најде работна сила, а зголемената имиграција ја задоволи таа потреба. Луѓето кои ја испланира изградбата беа почетници и како набљудувачи и како инженери. Тогаш не постоеја граѓански инженери во Соединетите Држави. Џемс Гедес и Бенџамин Рајт кои ја водеа рутата беа судии чие искуство беше истражување на вина во расправија. Гедес имаше користено инструмент за мерење само неколку часа. Канвас Рајт беше 27 годишен аматерски инженер кој го убеди Клинтон да му дозволи во Британија на свој трошок со цел да го изучува системот на канали. Нејтан Робертс беше математичар и купо-продавач на земјиште. Сепак овие луѓе го направија и спроведоа каналот Ири до Нијагарината брана кај Локпорт, овие луѓе маневрираа со високите насипи за да поминат преку Irondequoit Creek, тие ја расчленија реката Гинис на неверојатен водовод и го преминаа патот преку карпестата почва помеѓу Малите водопади и Schenectady и сите овие храбри дизајни функционираа прецизно како што беа планирани.(Бернштајн стр. 381). Многу од работниците кои работеа на каналот беа Шкоти и Ирци, кои неодамна дошле во САД како група од 5000 луѓе од Северна Ирска,. Повеќето од нив беа протестанти и доволно богати да го плата патувањето.
Изградбата започна да се одвива побрзо со пристигнувањето на новите работници. Кога каналот дојде до Монтезума Марш ( дел од езерото Кајага западно од Сиракуза) 1000 работници почина како последица на мочуришна треска и изградбата престана. Работата продолжи на падините кон Хадсон и тогаш Марш замрзна во зимата и екипите работеа да ја завршат работата во областите на мочуриштето. Средниот дел од Утика до Салина (Сиракуза) беше завршен во 1820 година и сообраќајот започна да се одвива во истиот момент. Источниот дел 400 км од Брокпорт до Албани на големо задоволство беше отворен на 10 септември 1823 година. Каналот Шамплен, 103 км со патека север-југ од Вотервлет на Хадсон до езерото Шамплен беше отворен на истиот датум. Во 1824 година пред каналот да биде завршен во корист патниците и агентите за земја беше издаден деталниот водич ,, Рачен прирачник за туристи и патници низ каналите” и ,,Внатрешна трговија на државата Њујорк По Монтезума Марш следната пречка беше поминување на Нијагарината брана, 24 м ѕид од долмотски седиментни карпи кои требаше да се издигнат до нивото на езерото Ири. Рутата го следеше каналот на речниот ракав кој се спушташе низ браната со серии од два сета од 5 брани кои обезбедува висина до заедницата Локпорт. Овие 12 стапки (3.7 м) висински брани имаа вкупна издигнување од 60 (18 м) и се наоѓаа во длабоко во процепот од каналот. Последниот крак мораше да помине низ 30 стапки (9.1 м) друг слој на седиментни карпи- Онондога гребенот. Поголемиот дел беше срушен со барут. Неискуството на екипите често доведуваше до несреќи како и паѓање на карпи врз домовите кои беа во близина. Бафало потроши многу енергија на проширување и продлабочување на морскиот ракав Бафало за да го направи полесен за навигација и да направи пристаниште. Бафало беше пред Black Rock и прерасна во голем град опкружувајќи го претходниот конкурент. Работат беше завршена на 26 октомври 1825 година. Овој настана беше обележан со широко државната ,, Голема прослава” која кулминираше со успешните топовски истрели по должината на каналот како и на Хадсон. Тоа беше 90 минутна канонада во просторот помеѓу Бафало и државата Њујорк. Рој на чамци водени од гувернерот Девит Клинтон заминаа со претседателот на Сенека и пловеа десет дена од Бафало до Њујорк. Тогаш Клинтон церемонијално истури вода од езерото Ири во пристаништето на Њујорк за обележување на ,, Венчавањето на Водите”. На враќање претседателот на Сеника донесе сад со вода од Атлантскиот Океан кое беше истурено во езерото Ири од страна на судијата од Бафало Самоил Вилкинсон кој подоцна стана градоначалник.
Рута
Каналот започнуваше од западната страна на реката Хадсон кај Албани и одеше северно до Вотервлет од каде се разгрануваше каналот Шамплен. Кај Кахонс се искачуваше над ѕидот на западната страна на реката Хадсон и потоа свртуваше западно паралелно со брегот на реката Мохавк преминувајќи на северната страна кај Crescent и повторно кај Рексфорд продлжуваше на југ. Каналот одеше на запад близу јужниот брег на реката Мохавк сè до Рим каде Мохавк свртуваше на север.