Ерик Даниел Пјер Кантона (фр. Éric Daniel Pierre Cantona, р. 24 мај 1966) — француски глумец и поранешен фудбалер. Тој ја завршил својата професионална кариера во Манчестер Јунајтед каде што освоил четири премиер лигашки титули во рок од пет години вклучувајќи и две од лига купот и ФА купот. Се смета дека Кантона имаше голема улога во оживувањето на Манчестер Јунајтед како енергичен играч и тој уживаl во својот статус на фудбалска икона во клубот а и воопшто во англискиот фудбал. Тој го носеl познатиот дрес со број седум кој претходно бil носен од Џорџ Бест и Брајан Робсон и подоцна носен од Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Мајкл Овен. Во 2001 година тој беше изгласан за најдобриот играч на Манчестер Јунајтед на векот со што се здоби со прекарот „Кралот Ерик“. Моментално тој е менаџер на францускиот фудбалски тим на песок. По неговото повлекување од фудбалот тој започнал кариера во кината каде имал голема улога во филмот Елизабета во 1998 година каде го глумел Кејт Бланшет, и во 2009 година во филмот ,,Барајќи го Ерик”. Во 2010 година тој дебатирал во претставата ,, Face au paradis”, француска изведба под режија на неговата жена Рашида Бракни. Ран живот Иако се сметал дека тој е роден во Париз всушност Кантона е роден во Марсеј името на неговиот татко е Алберт Кантона и неговата мајка Елеонора Раурич . Неговиот семеен дом бил пештера во еден од ридовите кои се наоѓале во областа Каијлос Марсеј помеѓу 12 и 13 округ за кој се ширеле гласини дека бил поставен како надгледувачница за германската војска за време на Втората светска војна. Местото било одбрано во средината на 1950-тите години од страна на бабата на Кантона чиј сопруг Јосеф бил ѕидар. Додека Кантона е роден 1966 година, ридската пештера прераснала и пештерата не претставувала ниту една соба од новиот дом којшто била пристојна за живот. Кантона има двајца браќа: Жан-Мари кој е четири години постар и Џоел кој е 17 месеци помлад. Кантона потекнува од семејство на имигранти. Неговиот дедо односно татко на неговиот татко се доселил во Марсеј од Сардинија додека родителите на неговата мајка потекнуваат од Каталонија (Шпанија). Педро Раурич, татко на мајката на Кантона бил Републиканец кој се борел против националната армија на Генерал Франко во Шпанската граѓанска војна во 1938 каде што се здобил со сериозна повреда на црниот дроб и морал да се повлече во Франција со неговата жена за да добие третман на повредата. Така тие престојувале во Сен Прист пред да заминат во Марсеј. Кариера Рана кариера Кантона ја започнал својата фудбалска кариера во редовите на SO Caillolais, во неговиот локален тим, тим од кој произлезе талент како Роџер Јуви и играчи од рангот на Жан Тигана и Кристоф Галтиер. Првенствено Кантона започна да ги следи стапките на неговиот татко и често играше на позицијата голман но поради неговата креативност започна да игра поофанзивно сè повеќе и повеќе и почесто и почесто.Во времето поминато во SO Caillolais, Кантона одигра 200 натпревари и беше изјавено дека ,,на деветгодишна возраст тој игра како да е на 15 годишна возраст”. Франција Првиот професионален клуб за Кантона беше Осер, каде што тој помина 2 година во младинската екипа пред да дебитира на 5 ноември 1983 во натпреварот од француското првенство каде забележија победа од 4:0 над Нанси. Цела 1984 година кариерата на Кантона беше ставена на чекање поради извршувањето на неговата државна служба. По неговото отпуштање тој беше позајмен на Мартигуес во Француската втора дивизија. По повторното враќање во Осер и потпишувањето на неговиот прв професионален договор неговите настапи во Првата дивизија беа доволно добри да му го обезбедат првиот национален куп. Првиот од неговите проблеми со дисциплината се случи веќе во 1987 година кога беше казнет за удар во лицето на неговиот соиграч Бруно Мартини. Наредната година Кантона беше пак во проблеми поради опасниот старт над играчот на Нанси Мајкл Де Закириен што најпрвин резултираше со суспензија од три натпревари која подоцна беше намалена на два поради заканата дека Марсеј нема да дозволи играчот да биде достапен за изборот на репрезентацијата. Тој беше член на францускиот тим под 21 година и го освои Европското првенство за играчи под 21 година и кратко по тој успех направи трансфер во Марсеј клубот кој го поддржа кога беше само момче за рекордна сума во францускиот фудбал од 22 милиони. Кантона многу често покажуваше знаци жесток карактер во неговата кариера до ден денес и во јануари 1989 за време на пријателскиот натпревар со Торпедо Москва тој ја шутна топката во публиката и го фрли дресот по неговото заменување. Неговиот клуб на тоа одговори со забрана од еден месец. Само неколку месеца претходно тој беше суспендиран од интернационалните натпревари цела година поради телевизиската навреда кон неговиот тренер. Кантона борејќи се да се смести во Марсеј премина во Бордо за 6 месечна позајмица и пота на уште една година беше позајмен на Монпелие. Во Монпелие тој беше вклучен во тепачка со неговиот соиграч Жан Клод Лемулт кој доби копачка во своето лице. Инцидентот доведе до барање на 6 играчи за отпуштање на Кантона. Но со поддршка на соиграчите како Лорен Бланк и Карлос Валдерама клубот ги задржа неговите услуги и го суспендира само на 10 дена. Кантона беше клучна фигура во тимот водејќи го до освојување на францускиот куп. Неговата форма го убеди Марсеј да го врати назад во тимот. Назад во Марсеј Кантона играше многу добро под водството на тренерот Џерард Гил и на неговиот наследник Франц Бекенбауер. Но претседателот на Марсеј Бернард Тапи не беше задоволен со резултатите и го замени Бекенбауер со Рејмонд Готелс тренер на кој Кантона не сакаше ниту очите да му ги види. Кантона континуирано си ги пробуваше шансите со Тапи и покрај фактот дека му помогна на тимот да ја освои титулата на првата француска лига му беше направен трансфер во Ним наредната сезона. Во декември 1991 за време на еден натпревар на Ним тој ја фрли топката кон судијата поради тоа што негодуваше на една од неговите одлуки. Тој беше подложен на сослушување од страна на Француската фудбалска федерација и беше суспендиран еден месец. Кантона на тоа одговори со нарекување на секој од членовите на советот ,,идиот”.неговата суспензија беше зголемена на три месеци. За Кантона ова ја прели чашата и тој најави повлекување од фудбалот во декември 1991 година. Францускиот национален тренер Мајкл Платини беше наклонет кон Кантона и го убеди да се врати затоа што му се восхитуваше на неговиот талент. Врз основа на советот на Џерард Хулие кој беше негов психо аналитичар тој замина во Англија да ја презапочне својата кариера. ,,Тој (мојот психо-аналитичар) ме советуваше да не потпишам за Марсеј и ми препорача да одам во Англија”. Англија Лидс Јунајтед На 6 ноември по победата од 3-0 на Ливерпул над Оксер во втората рунда на УЕФА Мајкл Платини се сретна со менаџерот на Ливерпул Грам Соунес и му кажа дека Кантона би сакал да игра за Ливерпул. Соунес му се заблагодари на Платини но ја одби понудата цитирајќи дека причината е хармонијата во соблекувалната. Во јануари 1992 Кантона дојде во Англија на една неделна проба во Шефилд водени од Тревор Францис кој беше на патеката за освојување на третото место во првата дивизија сан една година по промоцијата. Кога му беше предложено една недела продолжување на пробата тој одби и наместо тоа пристапи кон Јоркшир соперникот на Лидс Јунајтед на кој беше член на тимот кој го освои првенството на првата англиска дивизија пред да биде заменет со Премиер лигата како врв на англискиот фудбал. Лидс го купи за 900.000 фунти од Ним. Кантона имаше 15 настапи за Лидс во сезоната на освојувањето на првенството. Покрај фактот дека Кантона постигна само 3 голови тој беше клучен за освојувањето на титулата со многу асистенции посебно за головите постигнати од страна на голгетерот Ли Чапман. Тој постигна хет-трик во супер купот со победата од 4-3 над Ливерпул во 1992 година по која следеше и победа од 5-0 во лигата над Тотенхем Спарс. Неговиот хет-трик против Спарс беше првиот хет-трик постигнат во Премиер лигата. Неговиот хет-трик во супер купот го стави во малата елита на играчи кои постигнале три или повеќе голови во натпреварите на Вембли стадионот. Кантона го напушти Лидс Јунајтед за Манчестер Јунајтед за 1,2 милиони фунти на 26 ноември 1992. Претседателот на Лидс Бил Фортби му телефонираше на претседателот на Манчестер Јунајтед Мартин Едвардс да праша за достапноста на Денис Ирвин. Едвардс беше на состанок со менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон во тоа време и двајцата се согласија дека Ирвин не е за продавање. Фергусон потенцираше дека на неговиот тим му е потребен напаѓач и дека имаат дадено понуда за Давид Хирст, Мет Ле Тисер и Брајан Дин и му даде инструкции на неговиот претседател да го праша Вилкинсон дали Кантона е за продажба. Бил Фортби мораше да се консултира си менаџерот Хауард Вилкинсон и само за неколку денови зделката беше завршена. Манчестер Јунајтед сезона 1992-1993 Кантона за првпат настапи за Манчестер во пријателскиот натпревар против Бенфика во Лисабон за обележување на 50 роденден на Еусебио. Тој првото деби во натпреварите го имаше кога влезе како резерва во второто полувреме на натпреварот против Манчестер Сити на Олд Трафорд на 12 декември 1992 година. Јунајтед победи со 2-1, а Кантона не направи голем впечаток тој ден. Сезоната на Јунајтед беше разочарувачка по потпишувањето со Кантона. Тие заостануваа сè повеќе зад големите потрошувачи како Астон Вила и Блекбурн Роверс во трката за првата титула на ФА Премиер лигата но и зад предизвикувачи како Норвич Ситу и КПР. Постигнувањето на голови стана проблем по завршувањето на првата половина на сезона што ги чинеше губење на титулата во лигата. Брајан Мекклер и Марк Хјуз беа надвор од форма а Дион Даблин со кого потпишаа летото ја имаше скршено ногата рано во сезоната што го тргна од терените цели 6 месеци. Кантона брзо се прилагоди во тимот не само со постигнување на голови тука и со правење на шанси за другите играчи. Неговиот прв гол за Јунајтед го постигна на натпреварот против Челзи на Стемпфорд Бриџ на 19 декември 1992 кој заврши 1-1. Неговиот втор гол го постигна на Boxing Day во нтпреварот против Шефилд на Хилсборо кој заврши со нерешен резултат 3-3 и покрај тоа што губеа со 3-0. Својот талент и висока класа Кантона ги покажа на натпреварот против Тотенхем на 9 јануари 1993 година на кој постигна еден гол и учествуваше во другите голови кои ја донесоа победата од 4-1. Но лошите случување не останаа настрана од него на неговото враќање на Elland Road за натпреварот против Лидс неколку недели подоцна тој имаше расправија со еден навивач и беше казнет со 1000 фунти од ФА. Во првите две сезони на Олд Трафорд Јунајтед имаше големо достигнување со победите во почетокот на Премиер лигата во 1993 година. Тие имаа повеќе 10 бодови на добриот почеток на втората половина од сезоната. Сето тоа беше во голема мера инспирирано од Кантона и тие беа крунисани како шампиони на Англија за првпат по 1967 година. Со освојувањето на оваа титула Кантона стана првиот и досега единствениот играч кој ја освоил највисоката англиска дивизија со различни клубови. сезона 1993-1994 Тие продолжија да се борат во Премиер лигата и двата пенала на Кантона помогнаа во победата од 4-0 над Челзи во финалето на ФА купот. Тој освои второ место во Фудбалскиот лига куп во кој Јунајтед дојде до финалето само за да биде поразен од Астон Вила со 3-1. Тој исто така беше изгласан за играч на годината во ПФА за таа сезона. Сезоната не помина без инциденти како исклучување на натпреварот од Лигата на Шампиони против Галатасареј кое следуваше по расправија со судијата и кога тој беше исклучен во натпреварите од Премиер лигата против Свиндон и Арсенал. Двата црвени картони го суспендира Кантона на 5 мечеви од кои еден беше четврт финалето во ФА купот против Олдам Атлетик кој заврши 1-1 и доведе до преигрување за кое Кантона беше во можност да игра и им помогна да победат со 4-1.