Нарушување на сонот (сомниопатија) — медицинскo нарушување на начинот на спиење/сонување на еден човек или животно. Некои нарушувања на сонот се доволно сериозни и го попречуваат нормалното физичко, емоционално и ментално функционирање. Тестот кој најчесто се препорачува за некои нарушувања во спиењето е полисомниографијата.
Вообичаени нарушувања
Највообичаените нарушувања на сонот се:
Примарна несоница: Хронична потешкотија при заспивањето и/или одржувањето на сонот и притоа нема никаква друга причина која за овие симптоми. Бруксизам: Несакано/ненамерно тропање или чкрипење со забите во текот на сонот. Синдром на одложена фаза на спиење (DSPS): неспособност за будење или заспивање во општествено прифатеното време, но без проблеми во одржувањето на сонот. (Други вакви нарушувања се синдром на напредната фаза на спиење (ASPS), синдром на непостојано спиење и будење во текот на 24 часа и нередовен ритам на спиење и будење, сите повеќе или помалку слични на синдромот на одложена фаза на спиење, како и краткотрајното временско заостанување при летање и нарушување на сонот поради промена на работно место). Синдром на хипопнеја: Абнормално слабо дишење во текот на спиењето. Нарколепсија: Претерано дневно спиење (EDS) често кулминира со спонтано заспивање, но несакано/ненамерно и во несоодветно време. Катаплексија: ненадејно слабеење/откажување на работата на мускулите кое што може да доведе до онесвестување. Ноќен терор: (Pavor nocturnus), силно нарушување на сонот: нагло будење од сон со однесување проследено со терор/страв. Парасомнија: Вознемирувачки состојби/случувања во сонот кои вклучуваат и необично/несоодветно однесување за време на сонот: одење во сон и ноќен терор. Периодично движење на екстремитетите (PLMD): ненадејно и ненамерно движење на екстремитетите за време на спиењето, на пример, удирање со нозете. Брзо движење на очите (Rapid eye movement behavior disorder) (RBD): сонување на насилни или драматични сонови за време на РЕМ фазата. Синдром на немирни нозе (RLS): Незадржлив нагон да се мрдаат нозете. Лицата кои го имаат ова нарушување често страдаат и од синдром на периодично движење на екстремитетите. Нарушувања на ритамот на спиење во одредени ситуации: при промена на работно место и при менување на часовен појас. Опструктивен прекин на спиењето: прекин на воздухот/дишењето за време на спиењето кое што предизвикува недостаток на длабок сон и често е придружено со ’рчење. Другите форми на прекини во спиењето се помалку познати. Парализа при спиење: често се одликува со привремена парализа на телото кратко пред или после сонот. Прарализата во сонот може да биде проследена со визуелни, аудио или сетилни халуцинации. Не е пореметување освен ако не е сериозно. Често е дел од нарколепсијата. Одење во сон/месечарење (somnambulism): Вршење на активности кои нормално се вршат во будна состојба (јадење или облекување), кое што вклучува движење без свесно знаење на субјектот. Ноктурија: Честа потреба во текот на ноќта за уринирање. Се разликува од енурезисот, или уринирање во кревет, кога лицето не се буди од сонот, но мочниот меур се празни. Сомнифобија: страв од спиење.
Класификација
Дисомнија – широка категорија на нарушувања на сонот карактеризирани или со претерани спиење или со несоница. Трите главни поткатегории се: природна/вродена (на пример, нарушувањето доаѓа од/поради телото), надворешно (како последица на условите во околината или различни патолошки состојби) и нарушување на секојдневниот биоритам. Несоница Нарколепсија Опструктивен прекин на спиењето Синдром на немирни нозе Периодично движење на екстремитетите Претерано спиење - хиперсомнија Повторлива хиперсомнија – го вклучува и Клајн-левиновиот синдром Посттрауматска несоница "Здрава" хиперсомнија Нарушување на секојдневниот ритам на спиење. Синдром на одложена фаза на спиење Синдром на продолжена фаза на спиење Непостојано заспивање и будење во текот на 24 часа Парасомнија – Категорија на нарушувања во сонот кое што вклучува ненормални или неприродни движења, однесување, емоции, перцепција и соништа поврзани со спиењето. Брзо движење на очите – нарушување на однесувањето во РЕМ фазата Ноќен терор Одење во сонот (или месечарење) Бруксизам (чкрипење со забите) Неволно уринирање во кревет или енурезија Зборување во сон Сексуално доживување при спиење (или сексомнија) Синдром на глава која што експлодира – Будење во текот на ноќта и слушање гласни звуци. Медицински или психијатриски состојби кои можат да предизвикаат нарушување на спиењето Психоза (како шизофренија) Нарушувања в орасположението Депресија Нервоза Паника Алкохолизам Болест на спиење – парастатичка болест која може да биде пренесена од мувата Цеце. ’Рчење – Не е нарушување само по себе, но може да биде симптом на поголеми проблеми.
Основни принципи на лекување
Главно, лекувањето на нарушувањата на спиењето можат да се групира во четири категории:
бихевиорално/психотерапевтско лекување рехабилитација/справување лекови други соматски третмани
Ниеден од овие основни пристапи/аспекти не е доволен за сите пациенти со нарушувања во спиењето. Изборот на специфичен третман зависи од дијагнозата на пациентот, неговата медицинска и психијатриска историја и склоности, како и од експертизата на лицето кое што ќе го врши лекувањето. Често бихевиоралните/психотерапевтски и фармаколошки пристапи не се соодветни и можат делотворно да се комбинираат со цел максимално да се зголемат резултатите од терапијата. Справувањето со нарушувања на спиењето кои се резултат на ментално нарушување или нарушувања од злоупотреба на лекови и супстанции, треба да се фокусира на главната состојба.
Лековите и соматската терапија може најбрзо да обезбеди ослободување од симптомите од некои нарушувања во спиењето. Некои нарушувања, како што е нарколепсијата, најдобро е да се третираат фармаколошки. Други пак, како што се хроничната или почетната несоница, се повеќе подложни на бихевиорални интервенции и имаат потрајни резултати.
Недоволно се пријавува и третира хроничното нарушување на спиењето во детството, кое ги погодува 70% од децата со нарушувања во психичкиот и физичкиот развој. НАрушувањата на фазата на спиење е исто така честа појава кај адолесцентите чиј училиштен распоред често не одговара на нивниот природен дневен биоритам. Делотворниот ретман започнува со внимателна дијагноза со помош на дневници за спиењето/сонувањето и можеби истражување на спиењето. Измени во хигиената на спиење можат да го решат проблемот, но секогаш се препорачува медицински третман.
При третирањето на неколку нарушувања како што се опструктивното прекинување на дишењето, нарушувања во биоритамот и бруксизмот, можна е потреба од специјална опрема. Во овие случаи, кога се сериозни, често е потребно да се прифати животот со овие нарушувања, без разлика колку добро се справувате.
Се смета дека некои нарушувања на спиењето го нарушуваат гликозниот метаболизам.
Медицина на спиење
Со зголемените сознанија за спиењето во XX век и откривањето на РЕМ спиењето и прекинувањето на дишењето за време на спиење, се признава и медицинската важност на спиењето. Медицинската заедница почна повеќе да им обрќа внимание на примарните нарушувања во сонот како прекинот на дишење при спиењето отколку порано, како и на улогата и квалитетот на спиење во други состојби. До 1970та, во САД се формирани клиники и лаборатории посветени на истражување на спиењето и нарушувањата на спиењето и потребата за стандарди се зголеми.
Медицината за спиење е сега позната подспецијалност во рамките на интерната медицина, педијатријата, отоларингологијата, псијитрајата и неврологијата во САД. Сертификатот за медицина на спиење покажува дека специјалистот:
„е експерт во дијагностицирање и справување со клинички состојби коишто се појавуваат за време на спиењето, што го нарушуваат спиењето или што се предизвикани од нарушувања во циклусот на будење и заспивање. Овој специјалист е вешт во анализирање и интерпретација на сеопфатна полисомнографија и добро запознаен со новите истражувања и справувања со спиењето“.
Компетентноста во медицината за спиење бара познавање на голем број ралични нарушувања, од кои многу имаат слични симптоми, како што се прекумерната дневна поспаност, која што без самоволно откажување од спиење „е речиси неизбежно предизвикан од познато нарушување на сонот кое што се лекува“, како што се ноќна апнеја, нарколепсија, синдромот Клејн-Левин, хиперсомниа преи менструален циклус, повторување на идиопатска заспаност/зашеметеност, или нарушувања на биоритамот. Друга позната болест е несоницата, збир од симптоми кои можат да бидат предизвикани од многу различни причини, физички или психички. Справувањето со оваа состојба се разликува во различни ситуации и не може да се лекува без точна дијагноза.
Стоматолошката медицина на спиењето (бруксизам, ’рчење и ноќна апнеја) се квалификува за сертификат од страна на Американскиот одбор за стоматолошка медицина на спиењето (American Board of Dental Sleep Medicine (ABDSM)., сè додека не се признае како една од деветте стоматолошки специјалности. Моменталниот дипломатски статус е признат од страна на Американската академија за медицина на спиењето и овие стоматолози се организирани во Академијата за стоматолошка медицина на спиење (САД). Квалификувани стоматолози соработуваат со лекарите за спиење во акредитирани центри и можат да обезбедат примена на орална терапија и покомпликувани операции за да се третираат и да се справуваат со нарушувањата на дишењето поврзани со спиењето.
Несоница
Несоницата најчесто се дефинира како тешкотии со спиењето на едно лице. Додека овој термин понекогаш се користи во литературата за спиење за да се опише нарушување проследено со повеќе забележани докази на нарушено спиење, несоницата често се дефинира како позитивен одговор на кое било од овие две прашања: Дали имаш тешкотии во спиењето? И дали ви е тешко да заспиете или да останете заспани? Или да го одржите сонот?.
Значи, за несоницата се смета дека и знак и симптом кој придружува неколку нарушувања во спиењето, здравствени и психички нарушувања, окарактеризирани со подолга тешкотија при заспивање и/или одржување на сонот или неквалитетно спиење. Несоницата често е придружена со нарушувања во функционирањето за време на будната состојба. Една од дефинициите за несоница е “тешкотија при заспивање или одржување на спиењето, или неможност пак да се заспие, придружено со нарушувања во дневното функционирање или забележана исцрпеност во текот на повеќе од еден месец“.
Несоницата може да се подели на примарна, секундарна и коморбидна несоница. Примарната несоница е нерушување во спиењето за кое нема медицинска, психијатриска причина или причини од опкружувањето. Дијагнозата обично е една од следново:
Несоница како последица на друга состојба, Примарна несоница во содејство со една или повеќе состојби или Самостојна примарна несоница.
Типови на несоница
Несоницата може да се класифицира како краткотрајана, акутна и хронична.
Краткотрајната несоница трае помалку од една седмица. Може да биде предизвикана од друго нарушување, од промена на местото на спиење, од времето на спиење, од сериозна депресија или стрес. Последиците од неа, како што се неспиењето и нарушени психо-моторни функции, се слични на оние од недостаток на спиење. Акутната несоница е неспособност за редовно добро спиење во период помалку од еден месец. Хроничната несоница трае повеќе од еден месец. МОже да биде предизвикана од друго нарушување или може да биде примарно нарушување. Ефектите од неа варираат во зависност од причинителите на несоницата. Тука може да се вклучат физичката измореност, халуцинации и/или ментална замореност, но сепак луѓето со хронична несоница често покажуваат зголемена будност/внимателност/подготвеност. Некои луѓе коишто живеат со ова нарушување ги гледаат нештата/работите како да се случуваат во забавена снимка, каде објектите што се движат изгледаат како да се претопуваат меѓусебе. Ова може да предизвика двојно гледање.