Red Hot Chili Peppers — aмериканска група основана во Лос Анџелес во 1983 г. Сегашниот состав на групата е Антони Кидис (вокал), Мајкл „Фли“ Балзари (бас), Чад Смит (тапани), и Џон Фрушанте (гитара). Нивниот музички стил содржи елементи на алтернативен рок, фанк, панк-рок, хард-рок, хип-хоп и психоделичен рок. Со над 120 милиони продадени плочи ширум светот, Red Hot Chili Peppers се еден од најпродаваните групи на сите времиња. На Листата за алтернативни песни од Билборд ги држат рекордите за најмногу синглови на прво место (14), најмногу кумулативни недели на првото место (85) и најмногу топ десет песни (25). Имаат освоено шест Греми-награди, во 2012 година биле примени во Куќата на славните на рокенролот, а во 2022 година добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Во 1988 по смртта на Словак, кој починал од предозираност со дрога, Ајронс си заминал од групата и на кратко бил заменет од поранешниот тапанар на Дед Кенедис, Д.Х. Пелигро, пред бендот да најде постојано решение со Смит, додека Словак бил заменет со гитаристот Џон Фрушанте. Овој состав ги снимил четвртиот, петтиот, шестиот, седмиот, осмиoт и деветтиот албум. „Mother's Milk“(1989), Блад Шугар Секс Маџик (1991), „Калифорникејшн“ (1999), „Бај д веј“ (2002), и „Стадиум Аркадиум“ (2006), кои биле петте најуспешни албуми на групата. Blood Sugar Sex Magik е значителна трака за групата, од која продале над 15 милиони копии, и го дала првиот трговски успех на групата. Фрусцианте не се чувствувал пријатно со овој успех и заминал на средината на турнејата за албумот во 1992, со објаснение за зависност од хероин. По регрутирањето на гитаристот Арик Ма ршал за да ја завршат турнејата, Киедис, Флеа и Смит го вработиле Дејв Наваро за нивниот следен албум, Една жешка минута(1995). Иако успешен, не ги постигнал границите на претходниот албум и биле продадени половина од копиите што ги имал претходниот албум. Кратко потоа, Наваро ја напуштил групата поради творечки разлики. Фрусцијанте свеж по завршувањето на рехабилитацијата, повторно се приклучил на групата во 1998 година, по барање на Флеа. Реобединетиот состав се вратил во студио да сними Калифорникејшн (1999), кој се продал во 15 милиони копии ширум светот, и со тоа станал нивниот најуспешен трговски албум до ден-денес. По три години издаден е „Бај де веј“ (2002), кој го продолжил успехот на групата. Во 2006, групата го објавил двојниот албум „Стејдијум Аркадиум“, кој бил и нивниот прв албум што се искачил на прво место во Америка. По светска турнеја на која го претставиле албумот, групата заминала на заслужен одмор за време на кој Фрусцијанте го најавил неговото заминување од групата со цел да се сосредоточи на неговата соло-кариера. Џош Клингхофер, кој има работено и на соло-проектот на Фрусцијанте и како поддршка за групата го зазел неговото место како водечки гитарист.

Ред хот чили пеперс имаат освоено 6 Греми-награди. Групата има продадено над 60 милиони албуми ширум светот, имал осум песни во топ 40 на билборд 100 најслушани песни од кои три биле во топ 10, пет број еден синглови на рок-листата, и држи рекорд од 11 број еден синглови на Современата рок-листа.

Најголен трговски успех имале со нивниот седми албум, Californication (1999), кој се продал во 16 милиони примероци ширум светот. By the Way (2002) и Stadium Arcadium (2006) исто така биле успешни; Stadium Arcadium бил нивниот прв албум кој се искачил на првото место на Билборд 200 листата.

Историја

1983–1988: Ран период The Red Hot Chili Peppers биле основани во Лос Анџелес од пејачот Антони Кидис, гитаристот Хилел Словак, басистот Фли и тапанарот Џек Ајронс, соученици во средното училиште Ферфакс. Поради обврски кон други бендови, Словак и Ајронс не свиреле на истоимениот деби албум на групата од 1984 година, а биле заменети од гитаристот Џек Шерман и тапанарот Клиф Мартинес. Словак им се приклучил повторно за нивниот втор албум, Freaky Styley (1985), а Ајронс за третиот, The Uplift Mofo Party Plan (1987).

Нивниот прв настап бил на Ритам Лонг пред публика од околу 30 луѓе. Создадена е песна за оваа пригода, која вкучувала импровизирање на музика од бендот додека киедис повторувал поема која тој ја напишал со наслов Надвор во Л.А. бидејќи Словак и Ајронс биле посветени на друга група ВАт ис дис, имале намера тоа да биде еден единствен настап. Мегутоа настапот бил толку жив што бендот бил поканет да настапи повторно наредната недела. Поради овој неочекуван успех бендот го променил името во Ред хот чили пеперс, кои имале уште неколку големи шоуа во различни клубови во Л.А. Шест песни се снимани од овие почетни настани со што била создадена првата демо лента на бендот.

Неколку месеци по нивниот прв настап Ред хот чили пеперс се известени од ЕМИ дека имаат потпишано договор. Две недели порано ВАт ис дис? Исто така потпишале договор но со МЦА. Словак и Ајронс сè уште го сметале Ред хот чили пеперс како нивни спореден проект и се откажале за да можат да се посветат на Ват ис дис. Наместо да го растурат бендот киедис и Флеа одлучиле да регрутираат нови членови. Чиф Мартинес, пријател на Флеа, бил повикан да се приклучи на бендот, а аудицијата за нов гитарист го дала Џек Шерман. Гитаристот на Ганг оф фор, Енди Гил бил повикан да го продуцира нивниот прв албум. И покрај негодувањата од Киедис и Флеа тој ги натерал да свират почист и попријатен за ушите звук. Нивниот деби албум Д ред хот чили пеперс бил одбјавен на 10 август 1984 година. Иако албумот не постигнал којзнае какова продажба, радиото и МТВ помогнале да се создаде и група на обожаватели. На крај албумот бил продаден во 300 000 копии. За време на првата турнеја, имало постојана тензија помеѓу Киедис и Шерман која ги комплицирала работите во самиот бенд. Шерман бил избркан набргу, со враќањето на Словак нба кој му здосадило од What is This?.

Фрики Стајли и турнејата The Uplift Mofo Party Plan (1985-88) ред хот чили пеперс во 1988 за време на The Uplift Mofo Party Plan турнејата Џорџ Клинтон бил избран за продуцент на следниот албум на бендот Фрики Стајли. Албумот е сниман во познатото Детроитско студио Арби и Фанки јунајтед саунд систем кое се наоѓа во кругот на кампусот на Вејн Стејт универзитетот. Клинтон комбинирал многу стилови и елементи од панк и фанк во репертоарот на бендот, со што му дал на бендот да инкорпорира различни стилови во музиката на бендот. Бендот имал подобра врска со Клинтон отколку со Гил, но Фрики Стајли објавен на 16 август 1985, не постигнал некој значителен успех и не се издвоил на ниту една листа. А и турнејата за албумот се сметала за непродуктивна.

Во песната "Yertle the Turtle" од овој албум слушнат е глас како како вели : "Look at that turtle go bro." Ова било спомнато во автобиографијата на Киедис кој вели дека овој глас е на дилерот на кокаин на Клинтон, којшто не можел да го плати и затоа го ставил во песна.

Бендот се појавил во филмот трашин во 1986 каде ја исполниле песната Blackeyed Blonde од албумот Freaky Styley. Во овој период бендот се појавил и во филмот Таф Гајс каде настапувале Брт Ланкестер и Кирк Даглас, каде ја извеле песната Set It Straight во еден клуб во Лос Анџелес.

Клиф Мартинес бил избркан од групата во летото 1986, а Киедис рекол дека осеќа дека мартинез сакал да си замине. Џек Ајронс, кој бил без работа и ослободен од какви било обврски повторно се приклучил кон бендот заедно со Кеида, Фли и Словак. Бендот се обидел да го најми Рик Рубин за нивниот следен албум, но тој не го прифатил бизнис предлогот. Бендот потоа го најмиле Мајкал Беинхорн кој бил последен избор за бендот. Песните се оформувале брзо, и сеоформил албумот, кој бил спој на панк и фанки како и претходниот албум, но имал поголем пристап до панкрок. Повторното обединување на четирите првични членови на бендот ја обновило нивната креативност за време на процесот на снимање.

На 29 септември 1987 објавен е Д уплифт мофо парти плен, првиот албум на овој бенд кој се нашол на топ листите. Иако бил на 148 место на билборд 200 наслушани албуми ова било огромен успех за бендот во споредба со претходните два албуми. За време на овој период, Кидис и Словак развиле сериозни зависности од дрога, често напуштајки го бендот. Зависноста на Словак довела до негова смрт на 25 јуни 1988, набргу по завршувањето на турнејата. Киедис избегал од градот и не присуствувал на погребот на Словак. Ајронс исто така ја напуштил групата, велејки дека не сака да работи во група каде неговите пријатели умираат. Тој потоа се приклучил на грипата Прел Џем; мегутоа во 1998 тој ја напуштил групата со објаснение дека не е задоволен од турнеите. Мајчино млеко (1989-90)

1988-1993: Прегрупирање, Blood Sugar Sex Magik и стекнување популарност Во обид да се справат со смрта на Словак и со заминувањето на Ајронс, киедис и Фли привремено го ангажирале тапанарот на Дед Кенедис Д.Х. Пелигро и гитаристот Двејн Блекбрд Мекнајт. Ниеден не покажал некој особен интерес па така тие биле заменети набрзо. Меѓутоа присуството на пилегро имало една витална, долгорочна последица за бендот, неговата поврзаност со Џон фрусцианте, познаник на Пелигро, кој се пријавил за празното место за гитарист во бендот. Фрусцијанте бил фасциниран од бендот, и затоа се пријавил, а набргу бил и примен во бендот.

Три недели пред почетокот на снимањето, бендот сè уште бил без тапанар, и покрај неколкуте заинтересирани. Филип Фиш Фишер од сродниот бенд од Лос Анџелес Фишбоун накратко се приклучил на бендот и е вклучен во песната "Taste the Pain". На крај пријател на групата им посочил тапанар, Чад Смит, кој се покажал како доста успешен. Киедис бил скептичен но на крај се согласил да го примаат во групата. На аудицијата Смитнесамо што го достигнал ритамот на Фли туку бил толку добар што почнал да ја води групата. По оваа успешна аудиција Киедис,Фрусцијанте и Фли го примиле Смит во бендот. На Смит му било наредено да си ја избричи главата за да се вклопи во стилот на бендот, но сепак му било дозволено да се приклучи на бендот кога не го направил тоа. Снимањето на четвртиот албум на бендот било проследено со конфликт со продуцентот Мајкл Беинхорн чија примарна агенда да ѝ даде на гитарата на Фрусцијанте гласен, моќен звук слично на абразивните тонови кои ги има во хеви металот. Оваа модификација му создала главоболки на Фрусцијанте бидејќи не се вклопувала во неговиот стил на свирење. Четвртиот албум на Чили пеперс Мајчино млеко бил објавен во август 1989 и ги дал првите модерни поп рок хитови за бендот. Имало песна посветена на Словак, Нок ме даун, тејст д пејн која била насловна песна на филмот Не вели ништо. Песната Меџик Џонсон посветена на играчот на Лејкерс и сограѓанинот, сè уште се пее на натпреварите на лејкерси. Албумот стигнал до 52 место на американската топ список на албуми и станала првата златна плоча за бендот. Superstardom, Blood Sugar Sex Magik и првото заминување на John Frusciante (1990–92) Во 1990, бендот почнал да соработува со Ворнер Брадерс рекордс, со Рик Рубин кој бил најмен да го продуцира нивниот тогаш неименуван петти албум. Рубин ги продуцирал сите последователни албуми на бендот. Процесот на пишување бил далеку попродуктивен отколку кога се создавал Мајчино Млеко, а Киедис велел дека секој ден има музика која тој ја создава. Бендот се впуштил во шестмесечен процес на снимање на новиот албум, олгиот период на проби, пишување песни и вклучувањето на идеи. Меѓутоа Рубин бил незадоволен со судиото за снимање, со став дека бендот подобро ќе функционира во средина кој не е толку христијанска. Тој наидел на неверојатна, огромна, историска куќа на мала оддалеченост од местото каде сите живееле. Рубин бил сегашниот сопственик на куќата, и за следните неколку месеци членовите на бендот речиси ниеднаш не ја напуштиле куќата за време на снимањето на албумот. Смит одлучил да не живее во куќата мислејќи дека во неа има духови. Бендот не можел да се одлучи за името на албумот, но за рубин името на една песна особено се истакнувало "Блад шугар секс маџик". Иако песната ја немало на албумот руби верувал дека тоа е најдоброто име за албумот кој го имале во тоа време