Гренландска ајкула или големоглава ајкула-спијач () — ајкула од семејството на ајкули-спијачи (Somniosidae) со тешко валчесто тело, кое обично е кафеаво или сино. Има кратка, тркалезна муцка и две еднакво големи грбни перки. Освен што се храни со разновиден жив плен како риби, морски птици и фоки, оваа ајкула е и мршојадец и често јаде пцовисани китови и удавени копнени животни како собови. Додека таа лови фоки, може да се фати на јадица низ дупките во ледот. Но нејзиното месо е отровно, па мора да се провари пред да се јаде. Овој вид на ајкула е еден од најотровните во светот.Guinness World Records 2013, Page 048, Hardcover edition.. Оваа ајкула е во блиско сродтсво со тихоокеанската ајкула-спијач.O'Donnell, Jacinth. Jurassic Shark documentary (2000); broadcast on Discovery Channel, 5 August 2006
Долговечност Гренландската ајкула се смета за најдолговечното од сите ’рбетно животно на светот По направеното испитување на 28 единки со радиојаглеродно датирање, научниците утврдиле дека најстарата единка е на возраст од 392 ± 120 години (најмалку 272, а највеќе 512 години). Посочено е дека животното достигнува зрелост на возраст од 150 години.
Наводи
Категорија:Двогрбноперкови