Крушје — напуштено село во крајниот североисточен дел на Општина Велес во околината на градот Велес во сливното подрачје на реката Отовица.
Географија и местоположба Селото е ридско на надморска висошина од 300 метри и се наоѓа 13 километри северно од Велес и на 31 километар југоисточно од Скопје.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 28 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 132 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 616 жители.
Според пописот од 2002 година, селото имало само 1 жител, Турчин.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото Крушје немало жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————2381953——262———...——2621961—13894......1...37—2701971—7222—...—...32—1261981—1137———...17—651991——14———...——141994——1———...8—92002——1——————12021——————————
Родови Крушје било турско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:
Турски
Родови од словенско потекло: Смаколар (3 к.), Таракчилар (2 к.), Одолар (1 к.), Мемишлер (1 к.), Бајрамлар (2 к.), Мрлелер (2 к.), Иљазлар (2 к.), Узун-Али (2 к.), Алиманлар (2 к.) и Беќиралар (1 к.) сите овие родови се доселени од селото Брод во Гора. Во родот Смаколар се знае следното родословие: Фазли (жив на 60 г. во 1952 година) Ибраим-Усеин-Арслан-Исмаил, кој се доселил во селото; Торбешлар (5 к.) доселени се во 1915 година од селото Броштица во Дебарско. Кога се доселиле збореле македонски; Муса-Зеќир (3 к.) доселени се во 1915 година од селото Мелница. И они кога се доселиле збореле македонски; Жителите на селото највеќе брачни врски одржувале со Турците од Средно и Долно Коњари. Родови од турско потекло: Оџалар (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Средно Коњари. Таму имале роднини наречени Имерлер; Каранџа (1 к.), Мула-Имер (1 к.) и Иплер (1 к.) и они се доселени од селото Средно Коњари.
Ромски
Доселеници: Неџолар (3 к.) зборуваат ромски. Жителите на овој род се ковачи. Доселени се од селото Средно Коњари.
Избирачко место
Селото е опфатено избирачкото место бр. 2189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственос на ордевски никола на селото Џидимирци.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.
Иселеништво До 1952 година од селото во Турција се иселиле околу 40 семејство. Иселувањето продолжило и потоа. Во 1958 година во селото се населиле Бошњаци од Санџак. Но и тие се иселиле од селото.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес
Категорија:Раселени села во Македонија