мини|десно|250п|Напасување добиток Фуражни култури или крма — растителен материјал (главно листови и дршки) што се користи како сточна храна, во свежа состојба или сушена. Историски гледано, во почетокот поимот ги опфаќал растенијата што животните ги користеле директно, како треви, жита или недозреани житни култури, но подоцна се користи во поширока форма и вклучува растенија што се косени, сушени и давани како храна на животните, особено сламата или силажните растенија.

Иако терминот сточна храна има поширока дефиниција, поимот фуражни растенија важи за земјоделски култури, едногодишни или двегодишни, кои се одгледуваат за да се искористат за пасење или за добивање сено како храна за добитокот.

Видови фуражни култури Фуражни култури се: зрна: пченка, овес, јачмен, шеќерна трска, просо, сирак и др. мешунки: сточен грашок, лупина, граор и др. коренести: добиточна репка, батат

Начини за чување на фуражните култури За да се задоволат потребите на животните од храна во било која сезона, потребно е да се зачуваат фуражните растенија. Главно, се користат следниве три методи: природно сушење — со што се добива сено; дехидратација — отстранување на водата од сомелените растенија. Резултатот е добивање гранулирана сточна храна; силажа — метод за релативно влажно зачувување на фуражните растенија врз основа на контролирана киселинска ферментација.

Сламата, споредниот производ од житните култури, исто така може да се користи како сточна храна во периодите кога нема ниту една друга храна. Сепак, пожелно е сламата да се измеша со други хранливи состојки, за да се зголеми хранливоста и да се подобри апетитот на добитокот.

Во Македонија Фуражните култури најчесто се одгледуваат заедно со индустриските култури и нивната застапеност во Македонија е релативно мала, односно изнесува околу 10%.Групација за поледелство, Стопанска комора на Македонија

Во 2007 г. фуражните култури во Македонија се одгледувале на вкупна површина од 21.458 хектари, поделени на следниве култури:Површина на фуражни растенија, Попис на земјоделството 2007 — база МАКСтат, Државен завод за статистика на РМ

+Површина на посеави од фуражни растенијаво Македонија, 2007 г.КултураПовршина(ха)Удел(%)Добиточна репка1860,86Луцерка13.70963,88Детелина5.72526,68Пченка за зелена маса6753,14Фуражни смески7063,29Други фуражни растенија4582,13Вкупно21.458100

Наводи

Надворешни врски

Пребарувач на цени на добиточна храна и житарки во Македонија — Земјоделски пазарен инфпормативен систем (ЗПИС)

Категорија:Земјоделски култури Категорија:Сточарство