Горни Крст — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува средновековна црква и некропола. При проширувањето на патот и изградбата на станбените куќи и водоводот во маалото Менга — а посебно во приватен двор, биле откриени гробови градени од камени плочи и крстови од бигор. Постои и грамада од кршен камен како остаток од сакрален објект.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Горни Ропаич — средновековна црква и некропола; Долни Крст — средновековна црква и некропола; Жубовски Пат — средновековна некропола; Зилбов Гроб — средновековна некропола; Кале — населба од железно и римско време; Св. Богородица — средновековна црква и некропола; Спас — средновековна црква и некропола; Сред Село — средновековна црква и некропола; Стражник — некропола од бронзено време; Чатал — населба од доцната антика; Чифлик — некропола од доцната антика. Наводи

Категорија:Дебреше