Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ.

Животопис мини|лево|200п|Охрид, 1950. Роден е во 1899 г. во с. Тресонче. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928).

Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност.

Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ.

Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г.

Најпознати дела мини|Споменик на Димитар Пандилов на Мостот на уметноста „Покрај вода“ (1925) „Жетварки“ (1926) „Акт“ (1928) „Вршидба“ (1936) „Жетварки“ (1936) „Товарен воз“ (1950) „Вршидба“ (1951) „Жетва“ (1954) „Режење на афион“ (1959) „Невести на чешма“

Поврзано Битово сликарство Македонско сликарство

Наводи

Надворешни врски Кратка биографија на Димитар Пандилов — „Грал“ Осврт на разни автори кон делата на Пандилов — „Блесок“, 1999

Родословие

Категорија:Македонски сликари Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Луѓе од Тресонче Категорија:Родени во 1899 година Категорија:Починати во 1963 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Родени во 1898 година Категорија:Дичовци