Forbidden Rose е вториот парфем од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ. Издаден е во јули 2010 година.
Развивање Парфемот се развивал две години, вклучувајќи го создавањето на парфемот, дизајн на амбалажата, а исто така и маркетинг и рекламирање. Како и на нејзиниот претходен парфем, Black Star, има подвижен прстен на шишенцето.
Парфемот содржи нијанси од црвено јаболко, вино од праска, црн пипер, лотос, хелиотроп, сандаловина и ванила. До сега од линијата се познати само парфеми спакувани во различни величини, лосион за тело и гел за капење.
Промоција Реклама Рекламата за парфемот е режирана од Фред Гарсон и е снимана во Санта Барбара. Рекламата зазема место во готска градина. Лавињ прво оди кон вратата, која е затворена. Таа потоа влегува и ветерот кој дува го насочува вниманието на светло кое се наоѓа зад неа. Таа продолжува да оди и ја наоѓа "Забранетата Роза" ("Forbidden Rose"), и ја зема откако трњата што се околу розата ќе се повлечат. Таа се насмевнува и ја фрла розата во камерата. За разлика од нејзиниот претходен парфем, Black Star, рекламата не вклучува и песна. Музиката е споредена со Хари Потер.
Слоган Иако слоганот за парфемот е "Dare to Discover", Лавињ во порака кажала дека пораката е надополнување на претходната порака од нејзиниот претходен парфем, Black Star и гласи "следи ги соништата" ("follow your dreams"). Лавињ им кажала на StyleList дека таа "сакала да направи парфем, кој додава мистерија и малку магија."
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Аврил Лавињ Официјална страница на Forbidden Rose
Категорија:Производи на Аврил Лавињ