Раздол — археолошко наоѓалиште во кичевското село Осој. Претставува некропола од доцната антика. Се наоѓа на североисточната страна на селото, на блага падина под ритчето Белутрак. Во 1917 и 1918 година, обработувајќи ја својата нива, месен жител открил повеќе гробови градени од камени плочи во кои имало коски од покојниците и керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Јачмиште — доцносредновековна некропола; Латинска Црква — средновековна црква и некропола; Миќо Костенче — средновековна некропола; Црквиште — доцноантичка населба; Осој; Список на археолошки наоѓалишта во Кичевско;

Наводи

Категорија:Осој (Кичевско)