Мурска Собота (словенечки: Murska Sobota; германски: Olsnitz; унгарски: Muraszombat) — град во североисточна Словенија и седиште на Градската општина Мурска Собота. Градот се наоѓа на реката Мура во областа Прекмурје. Мурска Сабота е регионален главен град на Помурскиот статистички регион.

Етимологија лево|мини|250x250пкс|Замок Мурска Собота Официјално, градот е познат како Мурска Собота, иако неформално обично се нарекува Собота (словенечки: Sobota) од неговите жители, а Мурска (Murska) од луѓето од другите делови на Словенија.

Населбата првпат била потврдена во писмени документи во 1297 година како Белмура (Belmura) (и како Муразомбата (Murazombatha) во 1348 година и Муразумбота (Murazumbota) во 1366 година)Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. p. 276.. Традиционалното германско име на градот е Олсниц (германски: Olsnitz), кое потекнува од старото словенечко име Олшница. Современото словенечко име е превод на унгарското име Муразомбат (Muraszombat), кое било официјалното име на градот до 1919 година. На унгарски, szombat значи „сабота“, што се однесува на практиката на градот да одржува саеми и панаѓури секоја недела на тој ден. На македонски името на градот би било Мурска Сабота.

Историја лево|мини|250x250пкс|Замокот Ракичан-Батјани Мурска Собота бил окружен (унгарски: járás) град на округот Вас во Кралството Унгарија до 1918 година. Заедно со поголемиот дел од Прекмурје, бил анектиран од Унгарија за време на Втората светска војна, од 1941 до 1944 година. Помеѓу 1944 и 1945 година бил под Нацистичка германска окупација, а советските трупи го зазедоа во мај 1945 година.

Мурска Собота порано беше најсеверниот град во Југославија, а низ историјата се префрлаше преку границите меѓу Словенија, Југославија и Унгарија. Унгарците сè уште претставуваат малцинство од 3.000 лица. Во 1919 година овде била прогласена Република Прекмурје и градот бил прогласен за главен град на новата држава. Во 1991 година, за време на Десетдневната војна меѓу Словенија и Југословенската федерална армија, Мурска Собота беше бомбардирана од воздух, без жртви или видливи штети. Денес, тој е мирен град со економија базирана на регионална администрација, лесна индустрија, трговија и бањски туризам. Во април 2006 година, градот стана седиште на новосоздадената Римокатоличка епархија Мурска Собота, која е суфраган на надбискупијата Марибор.

Клима Годишните врнежи во Мурска Собота се меѓу најниските во Словенија. Се одликува со нестабилност на врнежите, чести се силни суши.

Збратимени градови Инголштат, Германија Витлеем, Пенсилванија, САД Параќин, Србија Керменд, Унгарија Подстрана, Хрватска Турнов, Чешка

Поврзано Словенија Градска општина Мурска Собота Градови во Словенија

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Мурска Собота на Geopedia

Категорија:Градска општина Мурска Собота

Категорија:Градови во Словенија