Пиран (словенечки: Piran, италијански: Pirano) — гратче во југозападна Словенија, седиште на Општина Пиран. Се наоѓа на бреговите на Трстјанскиот Залив во Јадранското Море и е еден од трите поголеми населени места на словенечкиот дел од Истра. Градот е познат по средновековната архитектура, со тесни улици и збиени куќи. Пиран е еден од најпознатите туристички места во државата.
Култура и образование мини|лево|Статуа на Џузепе Тартини со соборната црква „Св. Ѓорѓи“ во позадина. Пиран е родното место на композиторот и виолинист Џузепе Тартини, кој одиграл важна улога во обликувањето на пиранското културно наследство. Главниот плоштад во гратчето, Тартиниев плоштад (, ), е именуван по него. Во 1892 година, на 200-годишнината од неговото раѓање, во Пиран бил подигнат споменик на Тартини. Венецијанскиот уметник Антонјо Дал Ѕото добил задача да создаде поголема бронзена статуа, која била поставена на нејзиниот постамент во 1896 година. Статуата преовладува на плоштадот, над соборната црква „Св. Ѓорѓи“. Сликарот Чезаре Дел'Аква е исто така роден во Пиран.
Пиран е седиште на Евросредоземниот универзитет (ЕМУНИ), основан во 2008 година како еден од културните проекти на Барселонска постапка: Сојуз на Средоземјето. Крајбрежните галерии Пиран, јавна установа која опфаќа група од шест јавни галерии за современа уметност, е со седиште во Пиран.
Културни настани мини|Поморскиот музеј во Пиран Музичките вечери се одржувани со децении во атриумот на миноритскиот Францискански манастир, еден од најубавите атриуми во манастирот во Приморска, кој има добра акустика."St. Francis Church" . Turistično združenje Portorož; Посетено на 30 јануари 2023.
Фестивалот на општината е 15 октомври, кој го слави основањето на првиот словенечки партизански поморски одред, наречен Копер, во 1944 година.
Географија и клима Пиран се наоѓа на врвот на истоимениот полуостровот на Пиранскиот Залив.
Источно од гратчето, долж северното крајбрежје (во правец кон Струњан) се наоѓа мала туристичка населба по име Фjеса. Пиран и Фjеса се поврзани со шеталиште покрај плажата. Пиран има влажна суптропска клима со топли лета и свежи дождливи зими. Снегот е редок (обично 3 дена годишно, скоро секогаш во мали количини). Има 22 дена во годината со максимални температури од 30°C или повисоки; во еден ден во годината температурата не оди под 0°C. Маглата се појавува околу 4 дена годишно, главно во зима.
Комуникации и превоз мини|Марината во Пиран Во близина на градот е меѓународниот Аеродром Порторож и марина. Предавателот со среден бран на Радио Копер е во Пиран. Пренесува на 1170 kHz и има 123,6 метри висок јарбол со шилеста антена. Градот е поврзан со Копер, Изола, Порторож, Сечовље и Луција со евтина автобуска линија. Линиите на другите крајбрежни населби функционираат најмногу за време на туристичката сезона.
Првата тролејбуска линија на територијата на денешна Словенија, стапила во јавна услуга на 24 октомври 1909 година во Пиран, тогаш дел од Австрија-Унгарија. Се протегала од Тартиниевиот плоштад долж брегот и бродоградилиштето до Порторож и Луција. Градските власти купиле пет тролејбуси произведени од австриската претпријатие Дајмлер-Моторен-Гезелшафт. Во 1912 година, тие биле заменети со трамвајски систем кој работел до 1953 година, кога бил заменет со автобуси.
Спорт Стадионот Под обзидјем () е повеќенаменски стадион во Пиран. Користен е за фудбалски натпревари и е домашен терен на екипата на НК Порторож Пиран. Стадионот моментално собира 750 гледачи, од кои 500 можат да седат.
Збратимени градови Пиран е збратимен со: Вис, Хрватска (од 1973) Аквилеја, Италија (од 1977) Охрид, Македонија (од 1981) Бјугн, Норвешка (од 1985) Кастел Гофредо, Италија (од 1993) Индијанополис, Соединети Држави (од 2001) Ла Валета, Малта (од 2002) Аквалања, Италија (од 2003) Мангалија, Романија (од 2012) Порано, Италија (од 2012) Каршијака, Турција (од 2013) Зитердорф, Австрија (од 2017) Тиват, Црна Гора (од 2018)
Галерија
Наводи
Поврзано Порторож Словенечки брег
Надворешни врски
Општина Пиран Информации за Пиран Пиран на Geopedia Интерактивна карта на Пиран со точки на туристички знаменитости
Категорија:Населени места во Општина Пиран Категорија:Истра Категорија:Населени крајбрежни места во Словенија Категорија:Пристанишни градови во Словенија Категорија:Градови во Приморска Категорија:Словенечки брег Категорија:Појавено во 170-тите п.н.е.