Новата класична економија (англ.: New Classical Economics) претставува конзервативна економска школа која поаѓа од поставките на класичната економија (слободен пазар, конкуренција, приватна иницијатива, отсуство на државна интервенција итн.) и нив ги надополнува со некои современи концепти (рационални очекувања, неефикасност наекономската политика итн.). Оваа школа е позната уште како школа за рационални очекувања (Rational expectations school), поради нејзиното сфаќање за начинот на кој луѓето и фирмите ги формираат своите очекувања. Исто така, таа се нарекува и теорија на рамнотежен деловен циклус (Theory of equilibrium business cycles), бидејќи претпоставува дека економијата во секој момент се наоѓа во рамнотежа.Robert E. Lucas, Jr. and Thomas J. Sargent. "After Keynesian Macroeconomics." во: Preston J. Miller, The Rational Expectations Revolution. MIT Press, Cambridge, Mass., 1994, стр. 15-21.

Појава и значење на новата класична економија Новата класична економија се појавила како реакција на пропаста на стандардната кејнзијанска теорија во 1970-тите. Во средината на 1970-тите, развиените земји западнале во состојба на стагфлација, т.е. истовремено постоење висока инфлација и висока невработеност. Во такви услови, рецептите на кејзијанизмот се покажале како неупотребливи и спротивни на стварноста, со што се наметнала потребата од целосна реконструкција на макроекономијата.Lucas and Sargent, исто, 1994.

Како најзначајни претставници на оваа школа се: Роберт Лукас, Роберт Баро, Томас Сарџент, Нил Валас итн. Сепак, постојат и мислења дека, всушност, не постои такво нешто како "школа за рационални очекувања" во смисла на збир на економисти со заеднички прифатен модел на економијата и заедничко гледиште за оптималната монетарна и фискална политика.Thomas J. Sargent. Rational Expectations and Inflation. Harper & Row Publishers, New York, 1986, стр. 103.

Новата класична економија изврши огромно влијание врз теоријата и економската политика, независно од тоа што оценките за значењето на оваа школа се поделени. Од една страна, иако се чинеше дека школата засекогаш ќе го измени водењето на макроекономската политика, сепак тоа не се случи, заради незадоволителната емпириска поткрепа на ова учење.Rudiger Dornbusch and Stanley Fischer. Macroeconomics (sixth edition). McGraw-Hill Inc., 1994, стр. 239. Но, од друга страна, оваа школа навистина претставува револуција, зашто по неа макроекономијата и економската политика никогаш нема да бидат исти.Frederic S. Mishkin. "The Rational Expectations Revolution: A Review Article of: Preston J. Miller, ed.: The Rational Expectations Revolution, Readings From the Front Line." NBER Working Paper 5043, February 1995, стр. 23.

Одлики на новата класична економија Новата класична економија е заснована врз неколку појдовни идеи:Трајко Славески. Современите економски школи во САД. Комунист, Скопје, 1989, стр. 59-66.Таки Фити. Современите макроекономски концепции и економски политики. Економски факултет, Скопје, 2001, глава 6. Оваа школа ја усвојува стандардната претпоставка на класичната економија дека економските агенти се рационални, т.е. настојуваат да ја максимизираат својата целна функција, така што тие секогаш донесуваат оптимални одлуки во дадените околности. Понатаму, се претпоставува универзална совршена конкуренција, каде што цените и платите се флексибилни, т.е. веднаш се приспособуваат и пазарите секогаш се во рамнотежа. Новата класична економија претпоставува дека луѓето и фирмите формираат рационални очекувања при што ги земаат предвид сите расположливи информации за движењата во економијата и за економската политика. Најпосле, оваа школа смета дека економската политика е потполно неефикасна, т.е. не може да влијае врз реалните економски движења (производството,невработеноста, штедењето, инвестициите, стопанскиот раст итн.).

Концептот на рационални очекувања Револуционерен придонес на оваа школа е воведување на концептот на рационални очекувања како замена за моделот на адаптивни очекувања (adaptive expectations), кој дотогаш се применувал во економската анализа. Концептот на рационални очекувања, за првпат, е употребен во еден труд на Мјут од 1961, но поширока примена наоѓа дури во 1970-тите. Имено, слабоста на моделот на адаптивни очекувања е во тоа што, при формирањето на очекувањата, луѓето и фирмите ги земаат предвид само историските податоци, што во одредени околности води кон тоа тие да прават систематски грешки во предвидувањата. Меѓутоа, воопшто не е логично, зошто рационалните економски агенти би ги формирале своите очекувања само вр зоснова на информациитe од минатото и така би правеле систематски грешки во предвидувањата, со што би трпеле постојани економски загуби. Напротив, многу е пологично дека, соочени со загубите кои ги трпат, луѓето и фирмите би го промениле начинот на кој ги формираат очекувањата, така што нив би ги граделе врз основа на пошироки информации.Горан Петревски. Монетарна политика - Теорија и искуството на Македонија. Здружение за социо-економски развој. Скопје, 2005, стр. 120-124.

Хипотезата за рационални очекувања дозволува очекувањата да се променат кога се менуваат структурата на економскиот систем или режимот на економската политика. Значи, во рамките на овој концепт, очекувањата повеќе не се непроменливи. Исто така, привлечноста на овој концепт лежи и во тоа што очекувањата на економските агенти се формираат во согласност со моделот според кој функционира економијата, т.е. при формирањето на очекувањата за одредени појави, економските агенти се однесуваат како да го знаат точниот модел кој навистина ги определува појавите.

Концептот на рационални очекувања претпоставува дека субјективното очекување на човекот е еднакво на објективното математичко очекување, односно очекувањата се формираат врз основа на сите информации што им стојат на располагање на економските агенти. На тој начин, економските агенти се во состојба во потполност да ги предвидат сите економски движења, освен дејството на случајните, непредвидливи шокови кои ја погаѓаат економијата. Тоа пак значи дека, во просек, оствaрeните и очекуваните вредности на појавите се совпаѓаат, т.е. при формирањето на очекувањата се прават само случајни, но не и систематски грешки.

Значи, користејќи математичка терминологија, рационалните очекувања се засновани врз концептот на условна веројатност, т.е. претпоставува дека очекуваната вредност на некоја случајна променлива во иднина е еднаква на нејзиното математичкото очекување при дадена информациска основа. Се разбира, овој концепт воопшто не тврди дека економските агенти можат да ја предвидат точната вредност на економските појави. И во овој концепт, луѓето прават грешка во предвидувањето, меѓутоа, грешките во предвидувањето имаат две важни својства: прво, грешката во предвидувањето, во просек, е еднаква на нула, второ, корелацијата меѓу грешката во предвидувањето и информациската основа на предвидувањето е еднаква на нула, т.е. грешката во предвидувањето не може да се намали со вклучување дополнителни информации. Двете својства заедно значат дека рационалните очекувања се најдоброто можно предвидување на економските појави. Притоа, оваа хипотеза не тврди дека очекувањата на економските агенти во секој поединечен случај се точни, туку нивните очекувања, земени во просек, се еднакви на вистинската вредност на предвидените појави.

Како што може да се забележи, поставката за рационални очекувања бара широка информациска основа: дека економските агенти го знаат равенството кое ги определува цените; дека ја познаваат распределбата на веројатноста која ги движи егзогените променливи на економската политика и дека овие информации се комбинираат за да се добие оптимално предвидување за цените.Thomas J. Sargent. "Rational Expectations, the Real Rate of Interest, and the Natural Rate of Unemployment." Brookings Papers on Economic Activity, 2, 1973, стр. 439.

Хипотезата за рационалните очекувања е критикувана од повеќе страни: луѓето и фирмите не го познаваат вистинскиот модел според кој функционира економијата; економските агенти немаат способност на да ги предвидат идните промени на економската политика; сите економски агенти не формираат еднакви очекувања; оваа хипотеза не е во согласност со субјективната теорија на веројатноста; дека не е во согласност со научниот прогрес; дека не дозволува учење; дека не води сметка за трошоците за прибирање и обработка на информациите итн.Steven M. Sheffrin. Rational Expectations. Cambridge University Press, Cambridge, 1989, стр. 11-17.Howard R. Vane and John L. Thompson. Current Controversies in Macroeconomics. Edward Elgar Publishing, Cheltenham, UK, 1992, стр. 74-75.

Исто така, поставката за рационални очекувања се отфрла и врз основа на емпириските истражувања, кои не ја поткрепуваат хипотезата.Michael C. Lovell. "Tests of the Rational Expectations Hypothesis." American Economic Review, 76(1), March 1986. Исто така, многубројните анкети на очекувањата на луѓето и фирмите потврдуваат дека тие прават систематски грешки во предвидувањата.William T. Gavin. "The FOMC in 1995: A Step Closer to Inflation Targeting?" Federal Reserve Bank of St. Louis Review, 78(5), September/October 1996.William T. Gavin and Rachel J. Mandal. "Forecasting Inflation and Growth: Do Private Forecasts Match Those of Policymakers?" Federal Reserve Bank of St. Louis Review, 83(3), May/June 2001. Во продолжение, се наведуваат бројни случаи од однесувањето на луѓето и фирмите во реалниот свет, кои потврдуваат дека очекувањата не се секогаш рационални. Таков е случајот со непредвидливоста на девалвациите,Christopher J. Neely. "Realignments of Target Zone Exchange Rate Systems: What Do We Know?" Working Papers, 94-020B, Federal Reserve Bank of St. Louis, 1994, стр. 21-25. последователното менување на рецесиите и експанзиите, како и долготрајноста на рецесиите,Sheffrin, исто, 1989, стр. 54-58. бавното приспособување на инфлационите очекувања,Phillip Cagan. "The Monetary Dynamics of Hyperinflation." во: Milton Friedman, ed., Studies in the Quantity Theory of Money. The University of Chicago Press, Chicago, 1956, стр. 41-45. негативните реални каматни стапки итн.Malcolm Edey et. al. "Monetary Policy at Price Stability: A Review of Some Issues." Economics Department Working Papers, No.158, OECD, 1995.

Во секој случај, наспроти одредени слабости, поставката за рационални очекувања претставува значајно (ако не единственото значајно) интелектуално достигнување во современата макроекономија,William Poole. "Monetary Policy Rules?" Federal Reserve Bank of St. Louis Review, 81(2), March/April 1999, стр. 7. односно, таа останува водечка теорија за формирање на очекувањата.Stanley Fischer, ed. Rational Expectations and Economic Policy. NBER, Chicago, 1980, стр. 212. Поставката за рационални очекувања е прифатена од мнозинството економисти од најразлични школи и убедувања, а исто така, рационалните очекувања се јавуваат како составен елемент на секој современ макроекономски модел.

Тезата за неефикасност на економската политика Хипотезата за рационални очекувања предизвикува многу силни последици за водењето на економската политика. Имено, според оваа поставка, сегашните одлуки на луѓето и фирмите во врска со цените, производството, потрошувачката, штедењето итн. пресудно зависат од очекувањата за идните економски движења, вклучувајќи ги и очекувањата за идната економска политика. Оттука, при изборот на денешната политика, владата мора да има предвид како тоа ќе се одрази врз очекувањата на луѓето и фирмите во поглед на идната политика на владата.Петревски, исто, 2005, стр. 123-125.