Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин (; 18 декември 1878Although there is an inconsistency among published sources about Stalin's year and date of birth, Iosif Dzhugashvili is found in the records of the Uspensky Church in Gori, Georgia as born on 18 December (Old Style: 6 December) 1878. This birth date is maintained in his School Leaving Certificate, his extensive tsarist Russia police file, a police arrest record from 18 April 1902 which gave his age as 23 years, and all other surviving pre-Revolution documents. As late as 1921, Stalin himself listed his birthday as 18 December 1878 in a curriculum vitae in his own handwriting. However, after his coming to power in 1922, Stalin changed the date to 21 December 1879 (Old Style date 9 December 1879). That became the day his birthday was celebrated in the Soviet Union. — 5 март 1953) — водач на Советскиот Сојуз од средината на 1920-тите години, сè до неговата смрт во 1953. Тој бил четврто дете во семејството кое се родило за помалку од четири години. Првите три деца умреле, поради што мајка му се плашела дека и тој наскоро ќе умре. Оттука може да се разбере нејзината голема преокупираност со него. Името Сталин е политичко име коешто тој си го избрал на 34 години и кое во превод значи челичен човек. Од други извори пак се вели дека прекарот Сталин го добил додека бил во затвор. Од болшевичките револуционери кои учествувале во Октомвриската Социјалистичка револуција во Русија во 1917 година, Сталин бил избран за прв Генерален секретар на Централниот Комитет на Болшевичката партија во 1922 година. Успешно ја консолидирал својата власт по смртта на Владимир Илич Ленин во 1924, преку проширување на овластувањата на неговата партиска функција, истовремено елиминирајќи каква било опозиција кон него во партијата. Ја држел оваа партиска функција сè до 1952 кога ја укинал, а владеењето го продолжил преку функцијата Премиер на Советскиот Сојуз, која ја држел од 1941 година, па сè до неговата смрт.

За време на сталиновото владеење, концептот за "социјализам во една држава" станал основен темел на советското општествено уредување. Сталин ја заменил Новата економска политика (НЕП) воведена од страна на Ленин во раните 1920-ти години, со високо централизирана командна економија, започнувајќи период на индустријализација и колективизација, кои резултирале со нагла трансформација на СССР од земјоделско општество во индустриска сила. Но сепак, економските реформи биле пропратени со затворање на милиони луѓе во советските казнено поправни работнички логори познати како гулази, како и со депортирање на милиони луѓе во далечните области на Советскиот Сојуз. Ваквите нагли пресвртници во советското општествено уредување резултирале со прекинато производство на храна и придонеле за Советскиот глад од 1932-1933, познат како Гладомор во Украина, а кој резултирал со смртта на помеѓу 6 и 8 милиони луѓе, од кои 4 до 5 милиони биле Украинци. Подоцна, во периодот од 1936 до 1939 година, Сталин започнал поход против наводни непријатели на неговиот режим, уште попозната како Големата чистка, во која стотици илјадници луѓе биле погубени. Познати личности од Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз како старите болшевици, Лав Троцки и поголем дел од главните команданти на Црвената Армија биле погубени, затворени или прогонети откако биле обвинети и осудени за учествување во заговор за отфрлување на владата на Сталин во однапред наместени судења.Gleason, Abbott (2009). A Companion to Russian History. Wiley-Blackwell. p. 373. ISBN 1-4051-3560-3

Во август 1939, Сталин склучил Пакт за ненапаѓање со Нацистичка Германија, со кој биле договорени сферите на влијание во источна Европа, но подоцна Нацистичка Германија го прекршила пактот со нападот врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941, уште попознат како Операција Барбароса. И покрај огромните загуби во територии и во човечка сила, советските вооружени сили успеале да ги спречат германските напредувања во битките за Москва и за Сталинград. Откако успешно ги поразила силите на Оската на Источниот фронт во Втората светска војна, Црвената Армија го зазела Берлин во мај 1945, со што Втората светска војна во Европа завршила со победа на Сојузниците.Rozhnov, Konstantin, Who won World War II?. BBC. Советскиот Сојуз излегол од Втората светска војна како победник и како светска велесила на исто ниво со САД.Superpower politics: change in the United States and the Soviet Union Books.Google.com На Конференцијата во Јалта и на Конференцијата во Потсдам било одобрено формирање на социјалистички влади во државите од Источниот блок кои му биле лојални на Советскиот Сојуз, што Сталин го сметал за неопходно во случај на нова војна. Исто така, Сталин одржувал блиски односи со Мао Це Тунг во Кина и со Ким Ил Сунг во Северна Кореја.

Сталин го водел Советскиот Сојуз низ неговата поствоена обнова, која меѓу другото, резултирала и со зголемување на тензиите со западниот свет, што подоцна станало познато како Студената Војна. Во овој период, Советскиот Сојуз станал втората држава во светот која успешно развила сопствено јадрено оружје. После сушата и гладот од 1946-1947 година, кои резултирале со смртта на 1 милион до 1,5 милиони луѓе,According to Ellman, although the 1946 drought was severe, government mismanagement of its grain reserves largely accounted for the population losses. Сталин го предложил својот Голем план за трансформација на природата со цел да се спречи нова суша и нов глад, а во овој период Сталин ги испланирал и своите Големи градежни проекти на комунизмот, кои предвидувале изградба на брани и хидроцентрали низ Советскиот Сојуз. Во годините кои следувале по неговата смрт во 1953 година, Сталин и неговиот режим биле осудувани во повеќе прилики, а најзабележително во 1956 година, кога на 20-от Конгрес на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз, Никита Хрушчов се одрекол од делата и постапките на Сталин за време на сталиновото владеење и започнал процес на десталинизација. До денешен ден, Јосиф Сталин останува контроверзна личност, додека многумина го сметаат за тиранин,How Russia faced its dark past, BBC News (5 март 2003) мислењата за него во денешната Руска Федерација се измешани."Russian youth: Stalin good, migrants must go: poll", Reuters (25 јули 2007)"The Big Question: Why is Stalin still popular in Russia, despite the brutality of his regime? ", The Independent (14 мај 2008)"Josef Stalin: revered and reviled in modern Russia" , The Daily Telegraph (15 јуни 2012)

Рано детство и школување

thumb|right|Јосиф Сталин 1894 Сталин е роден на 18 декември 1878 (по нов календар, односно на 6 декември 1878 по стар календар) во малото гратче Гори во Грузија, син на Екатарина Гелаѕе и Висарион Иванович Џугашвили. Мајка му била кметица од раѓањето, но во Грузија се занимавала со перење на алишта и чистење куќи. Неговиот татко исто така бил кмет, но подоцна бил ослободен и станал чевлар. Роден како Јосиф, нарекуван Сосо (на грузиски јазик: Јосиф од милостија) бил четвртото и единственото дете коешто останало живо, иако официјално се знае само за неговите двајца постари браќа коишто починале во раното детство, никаде не е спомнато како починало третото дете. Иако првичниот живот на фамилијата Џугашвили бил напреден и успешен, сепак неговиот татко станал алкохоличар и секојдневно ги тепал Екатарина и малиот Јосиф.Simon Sebag Montefiore, Young Stalin, page 23 Градот каде што малиот Јосиф израснал бил типичен пример во тој период за место во коешто владееле безредието и насилството. Неговиот пријател од детството Јосиф Иремашвили за Сталин рекол:

"Тоа незаслужено и ужасно тепање направија момчето да стане тежок и силен како и неговиот татко".

Иремашвили исто така кажал дека никогаш не го видел Јосиф да плаче. По банкротирањето на чевларската работилница на Висарион, тој преминал да работи во фабрика за обувки во Тифлис, но и покрај тоа, кога се враќал дома пијан, ја тепал Екатарина, а малиот Јосиф, сакајќи да ја одбрани својата мајка, исто така бил тепан од својот татко. Ова тепање било толку брутално, што еднаш малиот Јосиф имал крв во урината. Уште еден пријател од овој период, според Иремашвили рекол дека тепањето придонело Јосиф да го замрази авторитетот. Исто така кажал дека секој којшто имал моќ врз другите го потсетувал Јосиф на неговиот татко. Според Иремашвили, Сталин бил Осетиец, чиешто вистинско име било Сослан Џугајев. Неговата фамилија за да преживее, одлучила да се асимилира во грузиското општество. Името на Сталин било Иосеб Бесарионис дсе Џугхашвили, и од тука доаѓа рускиот превод Јосиф Висарионович Џугашвили.

Еден од луѓето за коишто Екатарина перела алишта и на кого му ја чистела куќата бил еврејски трговец од Гори, Давид Паписмедов. Паписмедов на малиот Јосиф, кој и помагал на мајка му во работата, му давал пари, книги и му пружал поддршка. Десетици години подоцна, Паписмедов дошол во Кремљ за лично да се увери во каков човек пораснал малиот Сосо. На изненадување на Сталиновите соработници, Сталин не само што го примил стариот еврејски господин, туку и се задржал во срдечен разговор со него.

Татко му Висарион ја напуштил фамилијата во 1888 година и отишол да живее во Тифлис. Според некои гласини загинал во кафанска тепачка, но други тврделе дека последен пат го виделе жив во 1931 година.

Сталин како мал ја почувствувал на своја кожа сиромаштијата која што владеела во Русија.