Домашна работа (Предилки) — краток, нем и црно-бел документарен филм на балканските пионери браќа Милтон и Јанаки Манаки направен во 1905 година во Авдела со времетраење од 1 минута. Првично бил именуван „Нашата 114 годишна баба Деспина ткае“ Филмот е снимен во стандард црно-бела техника, без звук, 35мм филм преку !„Ворик биоскоп“ модел 300 (Warwick Bioscope) увезен од Лондон. Се смета за првиот филм направен на Балканот.
Кратка содржина мини|лево|Домашна работа (предилки) Пред семејната куќа во родната Авдела, Гребенско, во тогашниот Битолски Вилает во два кадра, се снимени група жени, меѓу кои тетките на браќата Манаки и нивната 114 годишна баба Деспина, како подготвуваат волна за предење.
Поврзано Браќа Манаки Баба Деспина
Наводи
Надворешни врски
Извадок од филмот на YouTube.
Категорија:Филмови на браќата Манаки Категорија:Филмови од 1905 година