Манифестации по повод Младотурската револуција е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од две минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победаПрофил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови..

Кратка содржина

Масовноста, големината, значењето и вербата што кај народот го предизвикало прокламирањето на Младотурската револуција најдобро се гледа токму од овој материјал, иако тој е снимен само со пет кадар-секвенци. Во него е регистрирана голема колона народ, офицери и воен оркестар како минуваат низ улиците на Битола.

Поврзано Браќа Манаки Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници Манифестации (со грчки натписи) Манифестации по повод Хуриетот Парада по повод Хуриетот Турци држат говор на Хуриет

Белешки

Надворешни врски

Категорија:Филмови на браќата Манаки