Манифестации (со грчки натписи) е филм на браќата Милтон и Јанаки Манаки од 1908 година во времетраење од една минута. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, црно-бел и на 35мм филм. Еден е од неколкуте посветени на Младотурската револуција и прославите одржани во Битола по повод нејзината победаПрофил на Турци држат говор на Хуриет на МИФЦ: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во шест наслови..

Кратка содржина

Материјалот е доста блед и не е идентификуван со сигурност, но е веројатно дел од прославите по повод Младотурската револуција.

Во еден кадар се забележани манифестации, прослава на која присуствува многуброен народ. Низ насобраниот народ минува колона коњаници, свештени лица и луѓе кои носат знамиња и транспаренти.

Поврзано Браќа Манаки Дефиле на воен оркестар, кочии и коњаници Манифестации по повод Младотурската револуција Манифестации по повод Хуриетот Парада по повод Хуриетот Турци држат говор на Хуриет

Наводи и белешки

Надворешни врски

Категорија:Филмови на браќата Манаки