Фолксономијата (од англ. folksonomy) е систем на класификација изведен од практиката и постапките на заедничко создавање на и раководење со ознаки за прибележување и категоризација на содржините. Оваа практика се нарекува и соработно означувањеLambiotte, R, and M Ausloos. 2005. Collaborative tagging as a tripartite network. http://arxiv.org/abs/cs.DS/0512090., друштвена класификација, друштвено индексирање и друштвено означување. Поимот „фолксономија“ го измислил американскиот информатичар Томас Вандер Вал, и претставува кованка од folks (народ) и taxonomy (таксономија).

Фолксономиите стекнале популарност на интернет околу 2004 г. како дел од приложните програми за социјално вмрежување како кај друштвеното бележење и означување лица на фотографии. Означувањето функција мошне својствена на службите на Пајажина 2.0 која на корисниците им овозможува збирно да класификување и пронаоѓање информации. Некои мрежни места имаат облаци од ознаки како начин на прикажување на ознаките во една фолксономија.

Според една емпириска анализа на сложената динамика на системите за означување од 2007Harry Halpin, Valentin Robu, Hana Shepherd The Complex Dynamics of Collaborative Tagging, Proceedings of the 16th International Conference on the World Wide Web (WWW '07), Banff, Canada, стр. 211-220, ACM Press, 2007., дека постои складност во распределбата и заедничката употреба на поимите, дури и во отсуство на централно контролиран лексикон. Содржините можат да се пребаруваат само ако се категоризирани и групирани. Ова е изводливо само ако се означени со клучни зборови како во стручен напис.

Поврзано Збирна интелигенција Онтологија

Наводи

Категорија:Таксономија Категорија:Семантичка пајажина Категорија:Пајажина 2.0 Категорија:Неологизми Категорија:Англизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ