„Smile“ е песна на канадската пејачка Аврил Лавињ, напишана од Лавињ, Макс Мартин и Шилбек, а продуцирана од Мартин и Шилбек. „Smile“ бил издаден на 11 април на австралиските радио станици како втор сингл од четвртиот студиски албум на Лавињ, Goodbye Lullaby.

Заднина Лавињ ги прашала нејзините обожаватели преку нејзиниот Твитер профил кој би требало да биде наредниот сингл, давајќи избор меѓу „Push“ и „Smile“. Подоцна Аврил Лавињ потврдила дека ќе ја издаде „Smile“ како втор сингл од албумот. Некои репортери кажале дека Лавињ се борела за песната „Push“ да биде издадена, но нејзината издавачка куќа RCA Records кажале дека „Smile“ ќе биде испратенa до полското радио во април, а истото ќе се случело и на другите територии како САД, Канада, Нов Зеланд, Азија и Обединетото Кралство.

Промоција Лавињ ќе ја изведува песната на германското шоу Schlag den Raab на 4 јуни 2011.

Музичко видео Официјалното мрежно место на Лавињ велело дека таа ќе го сними видеото во април, а ќе биде ексклузивно прикажано во мај. Лавињ исто така испратила и слики од музичкото видео на нејзиниот Твитер профил.

Список на песни iTunes - Дигитално Спуштање „Smile“ - 3:29

Дигитално спуштање „Smile“ - 3:29 „What the Hell“ (Bimbo Jones ремикс) - 4:10

Личности Текстописци – Аврил Лавињ, Макс Мартин, Шилбек Продикција и Снимање – Макс Марин, Шилбек Инжинеринг – Мајкл Илберт Миксинг – Сербан Генеа Микс инжинеринг – Џон Хејнс Помошник микс инжинеринг – Тим Робертс Тапани, гитара и бас – Шилбек Клавијатура – Макс Марин

Извор:

Табели Табела (2011)Највисока позицијаАвстралија Успех на табелите во Австралија 32Нов ЗеландУспех на табелите во Нов Зеланд 30Јужна Кореја23

Историја на издавање Регион Датум Куќа Формат Австралија 11 април 2011 Sony Music Ерплеј Радио САД 17 мај 2011 RCA Records Германија 10 јуни 2011 ЦД сингл Обединето Кралство 26 јуни 2011 Дигитално спуштање

Наводи

Категорија:Синглови од 2011 Категорија:Песни на Аврил Лавињ