Љубомир Данаилов Фрчкоски (роден на 12 декември 1957 во Скопје) — македонски политичар и професор по меѓународно право, меѓународни односи и современи политички теории на Правниот факултет во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје, Република Македонија.

Животопис Љубомир Фрчкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1986 година, тој магистрирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“, а со титулата доктор на науки, тој се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.

Во периодот од 1991 до 1997 година, тој бил министер во владата на Бранко Црвенковски. Така, до 1992 година бил министер без ресор, од 1992 до 1996 бил министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 година министер за надворешни работи.

Од 2000 до 2001 година, Фрчкоски бил именуван на функцијата извршен директор на Фондацијата за стратегиски истражувања Киро Глигоров. Освен ова, тој бил и советник на Претседателот на Република Македонија за уставни прашања и прашања од областа на човековите права од 2000 година, како и кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на изборите одржани на 22 март 2009.http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/01/090127_sdsm_frcko.shtml

Научно-истражувачка дејност

Фрчкоски бил еден од стручњаците вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991, како и на амандманите на Уставот од 2001 година. Од 1994 година, тој бил член на Францускиот институт за меѓународни односи.

Фрчкоски, исто така е член на Асоцијацијата за меѓународно право - Скопје и поранешен генерален секретар на Форумот за човекови права. Во 2002 година, тој бил избран за член на ECRI при Советот на Европа.

Дел од библиографијата на трудови

Меѓународно јавно право, Фитко (1991)http://www.bookfinder.com/dir/i/Megunarodno_Javno_Pravo/9989647097/ Тези за политичкиот плурализам и правната држава во Македонија, Погледи 1 (1991) Меѓународно јавно право (учебник, монографија) Табернакул (1994) Меѓународно право за правата на човекот, Фондација Институт Отворено Општество Македонија (2001) ЕУ политика: меѓу принципите и Балканската пракса, Венецијанска Комисија- Совет на Европа (2001) Современи политички теории, Форум (2003) Меѓународно право за правата на човекот, второ дополнето издание, Магор (2005)http://www.bookfinder.com/dir/i/Megunarodno_Pravo_Za_Pravata_Na_covekot/9989851395/ Стекување и независност на Република Македонија, МАНУ- Зборник на АСНОМ (2005) Преговарање во конфликт на идентитети, Темплум (2007)

Наводи

Надворешни врски Биографија

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Правници од Скопје Категорија:Македонски политиколози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1991 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1994 Категорија:Министри за внатрешни работи на Република Македонија Категорија:Министри за надворешни работи на Македонија Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Љубљанскиот универзитет Љубомир Категорија:Луѓе со потекло од Галичник