Рич — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица. thumb|десно|Влезот на црквата Свети Илија thumb|десно|ОУ „Маршал Тито“ thumb|десно|Селска чешма thumb|десно|Куќа во селото
Географија и местоположба
Рич се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 21 километри.
Надморската височина во селото е 509 метри а површината на селото изнесува 2450 ха.
Историја
Стопанство
Претежно занимање на населението е сточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 453 ха.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рич живееле 225 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 161. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рич имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106 - 107.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото имало 103 домаќинства и 382 жители, од кои 381 Македонец и 1 Србин.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 315 жители, од кои 291 Македонец и 24 лица без податоци.
Општествени установи Подрачно Основно училиште Маршал Тито Дом на култура
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1767 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 316 гласачи.
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 322 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Црква Св. Илија Марна Скрка, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време. Ченчиште, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време.
Редовни настани
Личности Личности родени во Рич:
Борка Арсова — учесник во НОВ на Македонија.
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Села со слава Илинден во Македонија