Бајково — раселено село во Општина Ново Село, во областа Струмичко Поле, во околината на градот Струмица.
Потекло и значење на селото
Името на селото се сретнувале низ документи и како Бапково или Бајков. Името доаѓа од личното име Бајко (што е изведенка од Братислав или Братољуб) и суфиксот -ово.
Според легендата, пак, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во крајниот источен дел на Струмичкото Поле, под јужната падина на планината Огражден и во источниот дел на територијата на Општина Ново Село. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 345 метри. Од градот Струмица, селото е оддалечено 30 километри, додека од патот Струмица-Ново Село-граничен премин е оддалечено 2,5 километри.
До селото води земјен пат, кој започнува од државниот пат А4, кој започнува од помеѓу селата Самоилово и Ново Коњарево.
Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: Зајвок, Бели Камења, Василица, Галабица, Голо Гумно, Горно Градиште, Градините, Градуште, Грнак, Дакиме, Данчов Чукар, Долга Нива, Дрваров Пат, Дрваров Рид, Дрен, Дрма, Ичков Рид, Кантуров Чукар, Караван, Китка, Колник, Ливатка, Марков Рид, Мечи Дол, Милков Рид, Олабица, Осено, Пржар, Раскрсница, Селиште, Село, Стоименов Рид, Сува Река, Тапанарица, Тапанче, Трајаница, Треска, Трнлива Полјана, Трска, Ширината, Чукар и Широка Долина.
Историја
мини|десно|250п|Улица во Бајково за време на Првата светска војна.
Првпат селото се споменува во пописот на населението од 1519 година, кога имало 39 христијански семејства, тројца неженети и десет вдовици.
Според легендата, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место.
Во 1971 година се случува масовно иселување кон новооснованото село Самоилово.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 километар квадратен. На него шумите заземаат површина од 469,6 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 248,8 хектари, а на пасиштата 56,3 хектари.
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Бајково е посочено како село во Петричката Каза кое имало 40 домаќинства со 155 жители христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бајково живееле 200 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 187
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бајково имало 200 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 186-187.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Бајково е најмало село во општината. Во 1971 година тоа броело 272 жители. Оттогаш започнува масовното иселување кон новооснованото село Самоилово.
Бајково е мало село, во фаза на наполно раселување. Во 1961 година сеото броело 283 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само пет жители.
Според пописот од 2002 година, селото Бајково броело само 2 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Општествени установи
Поранешен дом на културата
Самоуправа и политика
Во век, Бајково било село во Петричката Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Ново Село, која била една од ретките што останала непроменета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ново Село.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струмица. Селото припаѓало на некогашната општина Ново Село во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Ново Село, во која покрај селото Бајково, се наоѓале и селата Бадолен, Барбарево, Дражево, Зубово, Ново Коњарево, Ново Село, Смолари, Старо Коњарево, Стиник и Сушица. Во периодот 1950-1952 постоела Општина Бајково во која влегувале селата Бадолен, Бајково и Ново Коњарево.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1779 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата. Во ова избирачко место е опфатено и селото Бадолен.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Горно Градиште — средновековно градиште.
Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква; и Црква „Св. Петар и Павле“ — манастирска црква.
Манастири Бајковски манастир — помал манастир во селото.
Реки Бајковица — мала река низ селото.
Редовни настани
Слави Петровден (12 јули) Петковден (27 октомври)
Личности
Родени во или по потекло од Бајково Илија Костадинов (1888-1933) — револуционерен деец на МРО
Поврзано Општина Ново Село Струмичко Поле
Наводи
Надворешни врски
Профил на Бајково на општинскиот портал
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Ново Село Категорија:Раселени села во Македонија