Теодор В. Адорно (герм. Theodor W. Adorno, 11 септември 1903 - 6 август 1969) - познат социолог, филозоф и музиколог од германско потекло.

Теодор Адорно бил еден од најпрестижните континентални филозофи на дваесеттиот век. Тој бил под влијание на Хегел, Маркс и Ниче и бил поврзан со Институтот за социјални истражувања во Франкфуртската школа за социјална теорија заедно со Макс Хоркхајмер, Валтер Бенјамин, Херберт Маркузе, Јирген Хабермас и други.

Иако пишувал за голем број теми, неговата основна загриженост била човечкото страдање - особено современите општествени ефекти врз човековата состојба. Адорно дал придонес за критичката теорија и меѓу другото бил познат и по неговата критика на "културната индустрија."

Животопис

Раните години поминати во Франкфурт

Теодор Лудвиг Адорно Визенгрунд е роден во Франкфурт како единствено дете на богатиот трговец со вино, Оскар Александар Визенгрунд (1870–1941) со еврејско потекло, преобратен во протестантство и на Марија Барбара, по потекло католичка Французинка, родена како Калвели Адорно. Презимето Адорно кое Теодор го прифатил како свое откако станал натурализиран Американец во 1943 потекнува од дедо му по мајчина страна Жан-Франсоа Калвели (1820-1879) со потекло од Корзика, блиску до Бокоњано, чие семејство било блиско со семејството Бонапарт и кој како офицер останал да живее во Франкфурт под презимето Кавели Адорно дела Пјана. Тој своето презиме Визенгрунд, го скратил на В. меѓутоа ова француско потекло не му овозможило на Адорно, како што се надевал, во 1936 година да добие француско државјанство кога нацистите во Германија го попишале како неаријански Lettre de Theodor Wiesengrund-Adorno à Walter Benjamin, Oxford, 15/10/1936, dans Correspondance Adorno/Benjamin, Gallimard, 2006, 173. Et Voir également la mention de Theodor W. Adorno parmi les personnages corses sur le site Cronica di a Corsica . Семејството Визенгрунд воопшто не ја практикувало еврејстата традиција а Адорно се држел настрана од религиите и нивните претставниците меѓутоа се дружел со еврејски интелектуалци и отсекогаш од другите бил сметан за Евреин. Така, жената на Албан Берг него го опишува како „млад Евреин.

Неговото детство го одбележала музиката поради афинитетите на неговата мајка и тетка. Мајка му Марија Кавали Адорно била пејачка која настапувала во Виена на Кралскиот двор, а нејзината сестра, Агата, која живеела со нив, се сметала себеси за пејачка и пијанистка. Уште млад Адорно страсно се зафатил со изучување на пијаното а на 12 годишна возраст умеел да го свири Бетовен. На училиште тргнал на 6 годишна возраст а во 1913 се запишал во Гимназијата „Кајзер Вилхелм“ каде завршил прв во класот во 1921 година.

Во слободното време посетувал приватни часови задно со Бернард Секлес а во саботите попладне саботите ја читал Кантовата „Критика на здравиот разум“ заедно со неговиот пријател Зигрид Кројцер, кој бил 14 години постар од него. Подоцна изјавил дека на овие часови поминати во читање им должи повеќе отколку на било кој од академските учители. На Универзитетот во Франкфурт (кој денеска го носи името на Јохан Волфганг Гете) студирал филозофија, музикологија, психологија и социологија, каде дипломирал во 1924 година со дисертација на тема посветена на Едмунд Хусерл. Во периодот пред дипломирањето, Адорно се запознал со неговите идни и најважни интелектуални соработници Макс Хоркхајмер и Валтер Бенјамин.

Студиите во Виена thumb|260px|Макс Хоркхајмер (напред-лево), Теодор Адорно (напред-десно) и Јирген Хабермас (одзади-десно) во 1964 во Хајделберг. За време на студентските години во Франкфурт Адорно напишал бројни музички критики, но пред сѐ, сакал да биде композитор. Во текот на летото 1924 година, виенскиот композитор Албан Берг премиерно настапил во Франкфурт, а кога Адорно се запознал со него и двајцата се согласиле дека младиот филозоф и композитор би требал да студира заедно со Берг во Виена. По преселувањето во Виена во февруари 1925 година, Адорно се втурнал во музичката култура која пораснала околу Шенберг: освен часовите двапати неделно со Берг, Адорно продолжил со студиите по пијано со Едвард Штејерман и се дружел со виолинистот Рудолф Колиш. Во Виена тој воспоставил контакти со членовите на Виенската школа - Антон Веберн и Арнолд Шенберг. Револуционарниот атоналитет на Шенберг го инспирирал 22- годишниот Адорно да ги запише филозофските опсервации на новата музика, иако таа не била добро примена од неговите приврзаници. Разочарувањето поради ова го принудило да се врати кон музичката критика за да ја засили својата академска кариера на предавач и социјален истражувач. Тој останал да работи како главен уредник на авангардното списание „Анбрух“ иако музиколошките пишувања веќе ги изместиле неговите филозофски амбиции. Други трајни влијанија од времето поминато во Виена го вклучуваат Карл Краус, чии предавања ги следел заедно со Албан Берг и Ѓерѓ Лукач, а чија пак „Теорија на романот “ веќе го воодушевила во гимназиските денови. Само една година пред запознавањето со Лукач тој ја изучувал неговата „Историја на класната свест“.

Средните години во Франкфурт

По враќањето од Виена, Адорно доживеал втор неуспех. При одбрана на дисертацијата кај менторот Ханс Корнелиус и неговиот асистент Макс Хоркхајмер, тие изразиле загриженост за тезите на Адорно, за сеопфатната психолошко филозофска расправа, која тој ја повлече во почетокот на 1928 година. Имено, по пишување на "Делови за пијано во строга техника од дванаесет тона", како и песни подоцна интегрирани во Шест багатели за глас и пијано, оп. 6, Адорно го претставил својот ракопис, Концептот на несвесното во трансценденталната теорија на психата на Корнелиус во ноември 1927 година. Корнелиус го советувал Адорно да ја повлече апликацијата бидејќи ракописот бил премногу блиску до неговиот сопствен начин на размислување. Во овој ракопис, Адорно се обидел да го нагласи епистемолошкиот статус на несвесното, како во раните дела на Фројд. Против функцијата на несвесното кај Ниче и Шпенглер, Адорно тврдел дека Фројдовото поимање за несвесното служи како "остро оружје ... против секој обид да се создаде метафизика на инстинктите и да се обожува целосна, органска природа". На Адорно му требале уште три години за да го добие звањето вениа легенди (докторска хабилитација), откако го приложил ракописот на тема „Изградба на естетиката“ кај новиот ментор, Паул Тилих. На денот кога неговата студија била објавена, на 23 март 1933 година, Хитлер дошол на власт.

Помеѓу 1928 и 1930 година, Адорно добил поголема улога во редакцијата на весникот Анбрух. Во предлогот за трансформација на списанието, Адорно се обидел да го користи Анбрух за борбата на радикалната модерна музика против она што тој го нарекува "стабилизирана музика" на Пфицнер, подоцнежниот Штраус, како и неокласицизмот на Стравински и Хиндемит. Во текот на овој период тој ги објавил есеите "Ноќна музика", "За додекафонијата" и "Реакција и напредок". Во тоа време, Адорно се допишувал со композиторот Ернст Кренек, со кого разговарал за проблемите на атоналитетот и додекафонијата. Во писмото од 1934, Адорно тој звучел критично кон Шенберг: Неколку месеци откако се квалификувал како предавач по филозофија, Адорно одржал инаугуративно предавање на Институтот за социјални истражувања, независна организација која неодамна го назначила Хоркхајмер за директор и со доаѓањето на книжевниот научник Лео Ловентал, социјалниот психолог Ерих Фром и филозофот Херберт Маркузе, се обидувала да ги искористи неодамнешните теоретски и методолошки достигнувања во општествените науки. Адорно започнал со предавања на тема којашто цел живот ја сметал за прагматична - „Актуелноста на филозофијата“.The Actuality of Philosophy.Theodor W. Adorno - 2000 - In O, Connor & B (eds.), Telos: Critical Theory of the Contemporary. Blackwell. pp. 120-133. Со ова тој за првпат го поставил прашањето за целината, земајќи ја предвид позната формула (насочена против Фридрих Хегел) дека целото не е вистина (од Минима Моралија). Есејот на Адорно „За општествената ситуација на музиката“ во 1932 година бил неговиот придонес на првото издание на „Журналот за социјалното истражување“ на Хорхајмер.

Кога нацистичката партија станала најголемата партија на Рајхстагот, забелешката на Хоркхајмер од 1932 година се покажала типична за неговото опкружување: "Само едно е сигурно", напишал-тој, "ирационалноста на општеството стигна до таа точка каде само најгласните предвидувања имаат некаква веродостојност". Во септември 1932 му се одземало правото на Адорно да држи предавања. Во март, кога на свастиката била ставена како знаме на градското собрание, канцелариите на Институтот биле претресувани од полицијата во Франкфурт. Куќата на Адорно исто така била претресната во јули а неговата апликација за членство во Националната комора за книжевност била одбиена врз основа на тоа дека членството е ограничено на "лица кои ѝ припаѓаат на германската нација со длабоки корени во карактерот и крвта“. Како неариевец бил информиран дека тој „не умее да ја почувствува и да ја цени таквата обврска". Набргу потоа, Адорно бил принуден да издржи петнаесет години на егзил.

Помеѓу Берлин и Оксфорд (1934–1937)

За време на престојот во Берлин во 1920 година Адорно воспоставил блиски односи со Валтер Бенјамин и со Ернст Блох. Така се запознал со првото големо дело на Блох „Духот на утопијата“ во 1921 година. Освен тоа Берлин бил дом на позната хемичарка Маргарета Калпус со која Адорно се оженил во Лондон во 1937.

Бегајќи од нацистичкиот режим во 1934 тој емигрирал во Лондон со надежи дека ќе добие професорски ангажман во Оксфорд. Во 1936 година весникот „Цајтшрифт“ објавил еден од најконтроверзните текстови на Адорно „За џезот“. Во времето на Адорно, називот џез се користел за сета популарна музика од тоа време. Текстот не се занимава толку со стилот на музиката туку повеќе е глас против забавниот бум и културната индустрија. Адорно верувал дека културната индустрија е систем под контрола од горе кон долу преку творби во општеството, на стандардизирана култура која ја засилува ширината на уметничкото изразување. За ова прашањето тој расправа и во есејот „За фетишот и знаците во музиката“ (Цајтшрифт 1938) во кој Адорно го формулира познатиот цитат “секое задоволство кое произлегува од размената добива субверзивни одлики“. Обемната коресподенција со Хоркхајмер кој живеел во егзил во САД довело до нова понуда да работи во Америка.

Импресиониран од книгата на афоризми на Хоркхајмер, Зора и зајдисонце, Адорно почнал да работи на својата книга афоризми, што подоцна ќе стане Минима Моралија. Додека престојувал во Оксфорд, Адорно доживеал две големи загуби: неговата тетка Агата починала во јуни 1935 година, додека Албан Берг почина во декември истата година. До крајот на својот живот, Адорно никогаш не ја напуштил надежта да го комплетира незавршеното дело Лулу на Берг. Емигрирање во САД (1938–1949) мини|Зградата во којашто живеел Адорно додека престојувал во Њујорк По првата посета на Њујорк во 1937 тој одлучил да се пресели таму. Во Брисел ги оставил своите родители кои починале по две години. Му кажа збогум на Бенјамин во Санремо кој се решил да остане во Европа со што нивната идна комуникација се ограничила на писма. Преселувањето на Адорно му овозможил ангажман со кој дел од времето го посветил на Институтот за социјални истражувања кој тогаш се наоѓал на Универзитетот Колумбија. Остатокот на времето го посвети на Радио проектот во кој бил музички директор. Проектот бил познат како Лазарфелд/ Стандтон програма за анализа, а го уредувал австрискиот социолог Пол Лазарсфелд од Универзитерот Принстон. Договорот траел до 1941.