Кралот лав (англиски: The Lion King) — американски долгометражен цртан филм, снимен во 1994 година, од Волт Дизни Фичр Енимејшн. Филмот за првпат е прикажан во кино салите во САД, на 15 јуни 1994 година, од страна на Walt Disney Pictures. Тој се наоѓа на 32-то место на листата најдобрите цртани класици на Волт Дизни. Приказната на филмот се одвива во кралството на антропоморфираните лавови во Африка и е инспирирана од приказните за Јосиф и Мојсеј од „Библијата”, „Епот за Сундијата” и од „Хамлет” на Вилијам Шекспир.
Филмот беше со најголема заработувачка до прикажувањето на филмот „Барајќи го Немо” (компјутерски-цртан филм на Дизни/Пиксар од 2003 година). „Кралот лав” е шестиот цртан филм со најдобра заработувачка и останува да биде најдобриот рачно нацртан филм во историјата. Филмот и припаѓа на Дизниевата ренесансна ера, која ги опфаќа филмовите снимени од периодот на доцните 1980-ти години, па сè до крајот на 1990-те години, кога се снимени најуспешните цртани филмови на Дизни.
„Кралот лав” е 2D филм со најголема заработувачка во САД и има добиено голем број позитивни критики и пофалби за неговата музика и приказна. За време на неговото издавање, филмот доби заработувачка од 783 милион долари на светско ниво, што го прави филмот најуспешен таа година. Моментално е на 32-то место на цртани филмови со најголема заработувачка.
Како делумно музички филм, „Кралот лав” добил две филмски награди на Академијата на САД, за неговите музички достигнувања. Тој исто така доби награда Златен Глобус за најдобар филм од жанрот, мјузикл или комедија. Песните на филмот се напишани од композиторот и пејач Елтон Џон и од текстописецот Тим Рајс. Дизни подоцна продуцираше два поврзани филмови: продолжение, „Кралот лав II: Гордоста на Симба” (1998) и претходник на филмот, „Кралот лав 1½” (2004).
Дејствие
Филмот започнува со собирање на голем број на животни околу карпата Прајд Рок во Африка, каде мудриот мајмун, Рафики го претставува Симба, новородениот син на кралот лав и кралицата лавица, Муфаса и Сараби. Единствениот жител на земјата Прајд, кој не е среќен за раѓањето на наследникот на кралот, е помладиот брат на Муфаса, Скар, кој самиот сака да ја добие круната. Како што расте Симба, го учат за околината на Прајд, како и за соседните далечни земји, раководени од диви хиени. Меѓутоа, Симба е мал шегаџија, кој попрво би си играл со неговата најдобра другарка Нала, отколку да го слуша Зазу, птицата-советник на Муфаса, како му држи лекции. Откако Скар ќе му каже на љубопитниот Симба за гробницата на слонови во далечните земји, Симба и Нала ќе го надмудрат Зазу и ќе му избегаат за да ги истражуваат далечните и опасни земји. Таму ќе ги сретнат трите хиени Шензи, Банзи и Ед, кои почнуваат да ги бркаат со цел да ги убијат. Муфаса стигнува навреме за да ги спаси малите лавчиња откако ќе биде известен од Зазу за нивното бегство. Тој му кажува на својот син, дека не е мудро да се пушта во неволји со цел да си ја докаже храброста. Потоа тој го учи сина си за ѕвездите, кои го претставуваат сите претходни кралеви, кои ги гледаат од небото. Тој му кажува на Симба дека кога и да се чувствува осамен, да се сети дека тој и ѕвезите се секогаш тука за да го водат.
Во меѓувреме, Скар се здружува со хиените и кова план за да ги убијат Муфаса и Симба, за да го зазеде престолот. По наредба на Скар, хиените бркаат стадо од гнуа, кои не го забележуваат Симба во клисурата, и во паника бегаат во големо стампедо. Пакосниот Скар му кажува на Муфаса дека неговиот син е во опасност. Муфаса го спасува Симба и го фрла надвор од опасната клисура. Во меѓувреме, додека Муфаса се обидува да се извлече од лизгавите ѕидови на клисурата, бара помош од Скар, кој се наоѓа веднаш над него. Но, Скар одбива да му помогне, напротив, сурово го фрла назад во разбеснатото стампедо, каде тој умира. Откако Симба ќе го најде мртвото тело на татка си, Скар ќе го излаже Симба дека тој ја предизвикал неговата смрт со негото љубопитство и негрижа. Засрамен, Симба бега од родната земја, со намера никогаш да не се врати. Скар им наредува на хиените да го убијат Симба, но тие бркајќи го, ќе му изгубат траг. Во отсуство на Симба, Скар настапува како законски наследник на Муфаса, и станува новиот крал.
Симба се онесвестува во пустелијата по неговото бегство. Таму ќе го најдат меркатот Тимон и вепарот Пумба, кои ќе го спасат и ќе се грижат за него. Тие го учат за нивното мото кое гласи „Хакуна Матата” кое значи дека нема потреба од грижи. По неколку поминати години, Симба кој веќе е возрасен лав, ја среќава Нала, која го брка Пумба. Нара е пресреќна дека го гледа жив, и му кажува дека Скар е многу неодговорен крал и со неговата негрижа ги донел жителите до гладување. Сè уште засрамен, поради тоа што ја предизвикал смртта на својот татко, Симба одбива да се врати во Прајд Рок, за да го заземе кралското место. Меѓутоа мудриот мајмун Рафики дознава дека Симба е жив. Тој за него го повикува духот на Муфаса, на небото. Муфаса му кажува на Симба дека тој мора да се врати назад во Прајд Рок за да стане крал. Симба му кажува на татка си дека тој повеќе не е храбриот Симба, но Муфаса му одговара дека тој мора да запамети дека е негов син и единствениот вистински крал по него и исчезнува од небото.
Симба се враќа во Прајд Рок со Нала, Тимон и Пумба, кои претходно му ветуваат дека ќе му помогнат во борбата. Додека Тимон и Пумба им привлекуваат внимание на хиените-чувари, Симба се соочува со Скар на Прајд Рок. Скар му кажува на Симба дека тој е виновен за смртта на неговиот татко и го приближува кон работ на Прајд Рок. Пред Скар да го фрли Симба од карпата, тивко му признава дека тој го убил Муфаса. Бесен, Симба се исправа, го совладува Скар и го тера да признае пред сите лавови за злото што го сторил. Со вистината на виделина, се започнува жестока тепачка меќу лавовите и хиените. Симба се соочува со Скар на карпата Прајд Рок. Скар бара милост од Симба, обвинувајќи ги хиените за се. Симба, добродушен по природа, се смилува над Скар и кога е подготвен да го ослободи и да го протера, Скар повторно се обидува да го убие. Жестоката тепачка завршува со тоа што Симба го фрла Скар од карпата. Скар го преживува падот, но бесните хиени, кои го слушнале неговиот разговор, веднаш го напаѓаат и го убиваат.
Сега, кога конечно Скар е мртов, а хиените прогонети, Симба се појавува и е поздравен од Нала и неговата мајка. Кога тој го повикува Рафики, тој му се поклонува за да му оддаде чест. Симба се качува и прочекорува на карпата Прајд Рок, додека сите го гледаат со восхит. Кога ќе стигне на работ, Симба погледнува во небото и уште еднаш ги слуша зборовите на татко му, кои го потсетуваат кој е. Кога конечно ќе сфати дека го пронашол своето место во животот, Симба моќно за‘ржува, на што му се придружуваат останатите лавови. Со текот на времето, Прајд Рок се враќа во својата претходна состојба, на богата земја, а Симба изгледа среќен во своето кралство заедно со Нала и Тимон и Пумба како негови верни придружници. Филмот завршува со Рафики, кој го претставува новороденото лавче на Симба и Нала.
Продукција Развој на приказната мини|Продуцентот Дон Хан на Меѓународниот филмски фестивал Боулдер Идејата за филмот The Lion King дошла во 1988 во тек на разговорот на неколку продуценти на Дизни, додека патувале за Европа на една промоција.Блу-реј издание: The Lion King: A Memoir, 2011 Оригиналната идеја за филмот била поинаква од крајниот резултат. Дејствието во оригиналната замисла била борба на лавови и бабуни чиј водач е Скар. Рафики бил леопард,The Pride of the King (Blu-ray). The Lion King: Diamond Edition: Walt Disney Home Entertainment. 2011 а Тимон и Пумба другари од детството на Симба.Allers, Roger; Hahn, Don, and Minkoff, Rob (1995). Laserdisc/DVD audio commentary for The Lion King. Walt Disney Home Entertainment Симба не требал да го напушта кралството но со тек на годините да стане мрзлив и ужасен карактер. До 1990, продуцентот Томас Шумахер одлучил самиот да се ангажира околу проектот, "бидејќи лавовите се кул". На Шумахер му се допаднало сценариото за Кралот на џунглата (King of the Jungle). Продукцијата на „Кралот лав”, чиј оригинален наслов бил „Кралот на Џунглата”, се одвивала во студиото Волт Дизни Фичр Енимејшн, во Калифорнија, САД и во сателитското студио за долгометражни цртани филмови, Дизни–МГМ, во Флорида, САД.
The Lion King бил првиот цртан филм на Дизни според оригинално сценарио. Продуцентите тврделе дека приказната за кралот лав се инспирира од животите на Јосиф и Мојсеј, од Библијата, но и од онаа за Хамлет на Вилијам Шекспир Оригиналната приказна, која е инспирирана од „Хамлет” е напишана од Томас Диш. Меѓутоа Диш не доби никаво признание за тоа. Во летото 1992, на тимот се придружила сценаристката Ајрин Меки, со помошник сценаристот, Џонатан Робертс. Меки и Робертс, ја презеле одговорноста да ги поправат емоционалните проблеми во сценариото и да внесат комични моменти за Пумба, Тимон и хиените.
Цртање и анимација мини|Андреас Дежа, аниматорот на Скар За да се основаат ликовите и тонот за главните ликови на филмот, одговорни биле тринаесет аниматори од Калифорнија и Флорида. Аниматорите кои ги нацртале главните ликови се: Марк Хен за младиот Симба, Рубен А. Акино за возрасниот Симба, Андреас Дежа за Скар, Ејрон Блес за младата Нала, Ентони Дероса за возрасната Нала и Тони Фјукил за Муфаса. Во просториите на студиото Дизни–МГМ, биле анимирани приближно 20 минути од филмот, вклучувајќи го и делот кога се пее песната "I Just Can't Wait to Be King".Allers, Roger; Hahn, Don, and Minkoff, Rob (1995). Laserdisc/DVD аудио коментар за ''The Lion King''. Walt Disney Home Entertainment Во целост, за време на творењето на филмот „Кралот лав”, учествувале повеќе од 600 уметници и техничари.
Аниматорите на ликовите во филмот, ги проучувале однесувањата на вистинските животни во природа, исто како што било направено за време на снимањето на цртаниот филм на Дизни, „Бамби” од 1942 година. Џим Флауер, реномиран експерт за диви животни, ги посетувал студијата неколкупати за да зборува за нивното однесување во дивината, со цел да им помогне на аниматорите да го доловат вистинското чувство во нивните цртежи. Аниматорите исто така ги проучувале движењата на животните во Зоолошката градина на Мајами. Пред да започнат со официјалната продукција, неколку членови на филмската екипа, како режисерите, продуцентот набљудувачот на приказната Бренда Чапман и продукцискиот дизајнер Крис Сандерс, отпатувале до националниот парк во Кенија, за во живо да ги проучуваат животните, со цел да можат успешно да го доловат тоа во филмот. Земјата Прајд е направена по инспирација добиена во паркот. Употребата на компјутери им помогнало на уредниците да ја претстават својата визија на нови начини. Се користела посебна компјутерска програма, која им овозможила на аниматорите да добијат слика која потсеќа на рачно нацртана, и исто така симулира вистински движења. Пет посебно обучени аниматори и техничари, вложиле повеќе од две години за да ја создадат сцената со стампедото со времетраење од две и пол минути во филмот.ДВД издание: The Lion King: Platinum Edition (Disc 2), Computer Animation, Walt Disney Home Entertainment, 15 јуни 1994
Едно време, неколку луѓе од екипата сметале дека „Кралот лав” не е толку важен колку „Покахонтас”, кој истовремено бил во продукција . Голем дел од екипата, претпочитале да работат на „Покахонтас”, мислејќи дека ќе биде поуспешен и поубав филм. Меѓутоа публиката полна со ентузијазам откако ја видела неофицијалната најавна шпица на „Кралот лав”, со песната „Circle of life”, ги предомислила творците и им влеала надеж дека сепак тоа ќе биде успешен филм. Како што се очекувало, и двата филма постигнале голем комерцијален успех, но „Кралот лав”, добил повеќе позитивни критики и далеку поголема заработувачка од „Покахонтас”.
Глумечка екипа