Дејвид Роберт Џоунс, познат како Дејвид Боуви (роден на - починал на ) — англиски музичар, глумец, музички продуцент и аранжер. Боуви имал водечка улога пет децении во светот на поп-музиката. Боуви е широко признат како иноватор, особено за неговата работа во 70-тите, и познат по неговиот специфичен глас и интелектуалната длабочина во работата. Боуви за првпат допрел до јавноста во јули 1969 година, кога неговата песна „Space Oddity“ ја достигнал англиската топ 5 список на синглови. По тригодишен период на експериментирање, тој повторно се појавил во 1972 година за време на гламурозната рок ера со темпераментното, андрогено второ „јас” Зиги Стардаст, предводен од хит-синглот „Starman“ и албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“. Влијанието на Боуви во тоа време, како што е опишано од биографот Дејвид Бакли, ги предизвикало основните верувања на рок-музиката на негово време и го создаде можеби најголемиот култ на поп-културата. Релатвно краткиот живот на личноста Зиги покажала само еден дел од кариера, одбележана со континуирана реинвенција, музичка иновација и впечатлива визуелна презентација.
Во 1975 година, Боуви го достигнал најголемиот успех во Америка со број еден синглот „Fame“, напишан заедно со Џон Ленон, и со хит-албумот „Young Americans“, кој го карактеризира пејачот како „пластична душа“. Музиката покажала радикална промена во стилот, и отпрвин отуѓила многу од неговите англиски приврзаници. Потоа тој ги збунил очекувањата на неговата издавачка куќа и неговата американска публика со снимањето на минималистичкиот албум „Low“ (1977 година) - првиот од трите соработувања со Брајан Ено во наредните две години. Сите три албуми од таканаречената „Berlin Trilogy“ стигнале на англиската топ 5 листа и заработиле трајни критички пофалби.
По нееднаквиот комерцијален успех во доцните 70-ти, Боуви го добил англискиот број 1 со синглот од 1980-та „Ashes to Ashes“ и моменталниот албум, „Scary Monsters (and Super Creeps)“. Тој се здружил со групата „Queen“ за изработка на број 1 хитот во Англија „Under Pressure“ од 1981 година, а потоа достигнал нов комерцијален врв во 1983 со албумот „Let`s Dance”, во кој се наоѓаат песните „Let`s Dance“, „China Girl“, and „Modern Love“. Во текот на 90-те и 2000-те, Боуви продолжил со експериментирање во музичките стилови, вклучувајќи blue-eyed soul, industrial, adult contemporary, и jungle стил. Неговиот последен снимен албум бил „Reality“ (во 2003 година), којшто бил поддржан со Reality-турнејата (2003 - 2004 година).
Биографот Дејвид Бакли изјавил за Боуви: „Неговото влијание бил уникатно во поп-културата - тој ограничи и измени повеќе животи отколку која било споредлива фигура“. Во анкетата на БиБиСи од 2002 година за 100 најдобри Британци, Боуви бил на 29-то место. За време на неговата кариера, тој продал 136 милиони примероци од неговите албуми. Во Англија му биле доделени 9 платинести сертификати за албумите, 11 златни и 8 сребрени, а во Америка 5 платинести и 7 златни сертификати. Во 2004 година се пласирал на 39-то место на списокот на списанието „Ролинг Стоун“ на 100 најдобри артисти на сите времиња, и на 23-то на списокот на најдобри пејачи на сите времиња.
Историја Рани години
Давид Боуви (Дејвид Роберт Џоунс) е роден во Брикстон, Лондон на 8 јануари 1947 година. Неговата мајка, Маргарет Мери, „Пеги“ (мам Барнс) има ирско потеклоGillman (1987) p.17 "[Peggy] was born in the hospital at Shorncliffe Camp [near Folkestone, Kent] on October 2nd, 1913." p.15 "[Her father] Jimmy Burns's parents were poor Irish immigrants who had settled in Manchester" p.16 "[Jimmy] had known [her mother] in Manchester. Her name was Margaret Heaton" и работела како редарка во киноGillman (1987) p.44 "At the end of the war, Peggy Burns was working as a waitress at the Ritz cinema in Tunbridge Wells", додека неговиот татко Хеивуд Стентон „Џон“ Џоунс бил од ЈоркширGillman (1987) p. 44 "John Jones was born in the grimy Yorkshire town of Doncaster in 1912.", бил службеник за промоции во Barnardo´s.Sandford (1997): pp. 9–16 Семејството живеело на 40-та улица Стенсфилд, која се наоѓала блиску до границата на областите Брикстон и Стоквел во јужен Лондон. Еден сосед изјавил дека во 40-те дека Лондон бил најлошото место и најлошото време за одгледување деца. Боуви се школувал во училиштето „Stockwell Infant“ до неговата шеста година, стекнувајќи углед на надарено и одлучно дете, но и на жесток кавгаџија.
Семејството се преселило во 1953 во блиското предградие Бромли, каде што две години подоцна Боуви бил преместен во училиштето Burnt Ash Junior. Неговиот глас од школскиот хор бил опишан како „адекватен“, а неговото свирење покажалало натпросечна музичка способностSandford (1997): pp. 18–19. На деветтата година, неговото играње за време на новововедените часови по музика и играње било неверојатно имагинативно: наставниците ги нарекувале неговите интерпретации живоуметнички, а неговиот став зачудувачки за едно дете.
Истата година неговиот интерес за музиката бил далеку стимулиран кога неговиот татко купи колекција од американски музичари од 45-тата, како што се: Френки Лајмон и the Teenagers, The Platters, Fats Domino, Елвис Присли и Литл РичардBuckley (2000): p. 21.. По слушањето на „Tutti Frutti“, Боуви подоцна рекол: „Го имав слушнато Бог“. Влијанието на Пресли врз него бил исто така нагласено: „Видов моја роднина како танцува на... Hound Dog и досега не сум ја видел да биде толку раздвижена од што било другоSandford (1997): pp. 19–20. Навистина ме импресионираше моќта на музиката. Веднаш потоа започналв да собирам грамафонски плочи.“ До крајот од следната година започнал да свири на укулеле и tea-chest бас и започнал да учествува во пабот Skiffle на свирки со пријателите, на пијано, во меѓувреме неговото сценско претставување на бројки од Присли и Чак Бери-комплетирано со кружење во трибјут на оригиналните уметници, сè до неговата локална група Wolf Cub било опишано како „смирувачки“...како некој од друга планета. По неуспехот на неговиот единаесет плус испит во заклучувањето на образованието во Burnt Ash Junior, Боуви се приклучил на техничкото средно училиште Бромли.
Тоа бил необично техничко училиште, како што напишал биографот Кристофер Сандфорд:
Боуви студирал уметност, музика и дизајн. Откако Тери Барнс, неговиот полубрат, го вовел во модерниот џез, неговиот ентузијазам за музичари како Чарлс Мингус и Џон Колтреин ја натерало неговата мајка да му поклони пластичен алто-саксофон во 1961 година годинаSandford (1997): p. 25. Тој наскоро држел часови кај еден музичар од неговата населба. Бил сериозно повреден во училиште во 1962 година, кога неговиот другар Џорџ Андервуд со прстен го удрил по левото око, во борбата за некое девојче. Докторите се плашле дека може да го загуби видот на окото, па затоа морало да отсуствува од училиште наредните 4 месеци поради неколку серии операции,. Штетата не можела да биде целосно поправена, оставајќи го со грешна длабока перцепција и привремена дилатирана зеница (второто направи да има Боуви различно обоени очи, иако и двата ириса ја имаат истата сина боја). И покрај нивните тепачки, Андервуд и Боуви останале добри пријатели, и Андервуд заминал да создава уметнички дела за раните албуми на Боуви"The Story Behind David Bowie’s Unusual Eyes". NY Magazine. Retrieved 21 January 2016
1962-1968 : the Konrads to the Riot Squad
Напредувајќи од пластичен саксофон до вистински инструмент во 1962, Боуви го формирал својот прв бенд на 15 години. Свирејќи рокенрол на локални младински собири и венчавки, the Konrads имале променлив состав од помеѓу четири и осум членови, помеѓу кои и Андервуд.Sandford (1997): p. 28. Следната година, кога Боуви го напуштил техничкото училиште, ги известил своите родители за намерата да стане поп ѕвезда. Неговата мајка веднаш ја средила неговата вработеност како другар на електриката. Исфрустриран од неговите другари од бендот и од нивните ограничени желби и ставови, го напуштил својот бенд и се приклучил кон the King Bees. Toj му пишал на новоуспешниот претпиемач Џон Блум да го направи истото за нив, што Брајан Епштеин го направил за Битлси и да заработи уште еден милион. Блум не одговорил на неговата понуда, но го упатил до партнерот на Дик Џејмс, Лесли Кон и го склучиле првиот договорSandford (1997): pp. 29–30.
Кон брзо започнал да го промовира Боуви. Неговата деби-песна, “Liza Jane”, спонзорирана од Дејви Џоунс и The King Bees, немаала комерцијален успех. Незадоволен од The King Bees и нивниот репертоар, Боуви го напуштил бендот за помалку од месец и се приклучил кон Manish Boys, уште еден блуз бенд, кои мешале фолк и соул: „Сонував да бидам нивниот Миг Џегер”, изјавил Боуви. „I Pity the Fool“ не била поуспешна од „Liza Jane“, и Боуви наскоро заминал повторно за да се вклучи во The Lower Third, блуз-трио кои биле под влијание на The Who. Неуспехот на “You’ve Got a Habit of Leaving” го сигнализирал крајот на договорот со Кон. Изјавувајќи дека ќе го напушти поп-светот за да учи мимика на Sadler’s Wells театарот, Боуви сепак останал со The Lower Third. Неговиот вон менаџер, Ралф Хортон, сведочи за неговиот премин во нова група, The Buzz, ја најавил петтата неуспешна песна, „Do Anything You Say“. Додека бил со The Buzz, Боуви исто така се приклучил кон The Riot Squad, нивните снимања, во кои Боуви додал дел од материјалот на Velvet Underground, поминала неиздадена. Кен Пит, претставен од Хортон, ја презел функцијата на менаџер на БоувиSandford (1997): pp. 35–39.
Незадоволен со неговото сценско име Дејви Џоунс, кое во средината на 60-те предизвикало забуна поради Дејви Џоунс од The Monkees, Боуви го изменил своето име според американскиот жител од 19 век Џим Боуви и ножот кој тој го популаризиралBuckley (2000): p. 33. Неговиот соло-сингл од Април, 1967, „The Laughing Gnome“, користејќи забрзан вокален стил, не поминал на топ-листата. Шест месеци по издавањето на неговиот деби албум, David Bowie, мешавина од поп, психоделиа и театралност, го следело истата судбина. Требало да биде неговото последно издавање за период од две години.
Фасцинацијата на Боуви од бизарното била разгорена кога го запознал танчерот Линдзеи Кемп: „Живееше со неговите емоции, бил прекрасно влијание за мене. Неговиот живот ден за ден бил најтеатралната работа што ја имав видено. Бил сè што мислев дека Бохемијата е воопшто. Се приклучив на циркузот“Buckley (2005): pp. 41–42. Кемп за неговиот дел изјавил: „Јас всушност не го учев да биде мимичен уметник, но да биде повеќе свој однадвор...Му овозможив да ги ослободи ангелот и демонот од неговата внатрешност“. Учејќи ја драмската уметност заедно со Кемп, од авандгардскиот театар и мимика за италијанскиот commedia dell’arte, Боуви бил нурнат во создавањето на ликот да го претстави на светот. Сатиричниот живот во британскиот затвор, од Боуви напишаната песна „Over the Wall we go“ станала песна за Оскар во 1967. Уште една композиција на Боуви, „Silly Boy Blue“ бил издадена од Billy FuryBuckley (2005): p. 46, следната година. По Кемп, Боуви учествувал заедно со Хермион Фертингеил во поетски менует, а двајцата започнале и да се гледаат. Тие подоцна започнале да живеат во стан во Лондон заедно. Свирејќи акустична гитара, оформиле група со Боуви и басистот Џон Хачинсон. Во периодот помеѓу септември 1968 и почетокот на 1969 година, кога Боуви и Фертингеил раскинале, триото извеле мал број концерти, комбинирајќи фолк, мерси-бит, поезија и мимикаBuckley (2005): pp. 49–52.
1969-1973: Од Space Oddity до Hunky Dory