Варварица — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
Варварица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во југоисточната падина на планината Смдрешник, во најзападниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Конче. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.
Надморската височина во селото е 789 метри додека селото зафаќа површина од 8,2 км2. Од нив 517,2 хектари се шуми, 167,2 хектари се обработливо земјиште и 34,4 се пасиштаПанов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 38.
Селото се граничи со Седларци, Требичино, Вељуса, Горни Липовиќ, Папавница.
Топонимија Во рамките на селскиот атар на Варварица се наоѓаат следниве топоними: Јоли Рид Селиште, Бабилова Глава, Бели Рид, Биволова Глава, Биволова Нива, Бугарска Караула, Бугарска Караџица, Бука, Букa Буковиќ, Варовита Чука, Велешки Рид, Вирови, Витлиште, Врбје, Врв, Вршка Чука, Габер, Гарваница, Гола Чука, Горна Нива, Градиште, Грамади, Дабје, Дебела Глава, Долни Ниви, Дол, Дупки, Езерце, Жежница, Жута Чука, Зелени Рид, Змијарник, Извор, Караула, Караџица, Кладенец, Клисура, Козјак, Копанки, Корија, Костеник, Котлина, Крушје, Крушка, Кукла, Ливади, Лозје, Мала Нива, Мали Рид, Маркова Чука, Мечкин Дол, Мечка, Могила, Мост, Нива, Орница, Осој, Падина, Песок, Плато, Поле, Преслап, Присој, Предел, Рамнина, Раскрсница, Река, Рид, Ридина, Селиште, Село, Скала, Слив, Сокак, Стари Лозја, Страна, Стубел, Трло, Трнка, Трска, Увала, Чаир, Чешма, Чука, Ширина, Шума.
Историја
Отоманско Царство
Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 8 семејства и 35 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 140 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.. Во 1895 година во селото била формирана Евангелска заедницаМанол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.. Според Пејо Јаворов, во 1897 година во селото престојувал Гоце Делчев, кој агитирал низ населението за да се вклучи во борбата против османлиската власт.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 88 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 18 македонски протестантиBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..
По започнувањето на Балканските војни, од селото 1 лице бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 833.
Југославија
По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. На 27 октомври 1944 година во Варварица бил формиран Првиот околски народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко, од избрани делегати на сите општински одбори во околијата. За претседател на Околискиот одбор бил избран Иван Палифров. По своето формирање Околискиот одбор раководел со работата на општинските одбори во Струмичко. Седиштето на одборот до 5 ноември 1944 година било во Варварица. По крајот на Втората светска војна, Варварица било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Во 1961 година селото имало 176 жители. Во 1994 година во селото живееле 2 Македонци..
На пописот од 2002 година, селото имало 2 жители. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Националност Вкупно Македонци 1 Турци 0 Роми 0 Албанци 0 Власи 0 Срби 1 Бошњаци 0 останати 0
Денеска, селото е напуштеноНаселени места - Општина Василево.
На табелата е прикажано движењето на населението низ сите пописни години: Година19001905194819531961197119811991199420022021Население1402242082241761502914222
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1796 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Требичино.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.
Културни и природни знаменитости Градиште Црква „Св. Петка“
Редовни настани Традиционален марш до Варварица
Личности Димка Митева (р. 1946) — лексиколог, лексикограф и ономастичар
Наводи
Надворешни врски Општина Василево
Категорија:Села во Општина Василево Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија Категорија:Раселени села во Македонија