Сара Маргарет Фулер Осоли, позната уште и како Маргарет Фулер ( - ) е американска новинарка, критичарка и застапничка на правата на жените, што се поврзува со трансенденталистичкото движење во САД. Таа била првата рецензентка и критичарка во новинарството. Нејзината книга Жените во деветнаесеттиот век се смета за едно однајзначајните феминистички дела во САД. Родена како Сара Маргарет Фулер, во Кембриџ, Масачусетс, била мошне рано образувана од нејзиниот татко, Тимоти Фулер. Подоцна се здобила и со формално образование и работела како учителка,пред да почне да се занимава со она што таа го нарекла „дијалози“:дискусии помеѓу жени, кои сакале на тој начин да го надоместат нивниот недостиг од високо образование. Таа станала и првиот уредник на трансенденталистичкиот весник Дајл. Во 1840, пред да се придружи на Њујорк Тибуjн, во 1844, под раководство на Хорас Грејли, во тоа време таа веќе имала 30 години и се стекнала со репутација на најучена личност во Нова Англија,и помеѓу мажите и помеѓу жените, и станала првата жена накоја й било дозволено да ја употребува библиотеката на колеџот Хардвард. Нејзинотодело Жените во деветнаестеиот век било објавено во 1845. По неколку години, била испратена во Европа како првиот женски коресподент за Трибјун. Набргу таа се вклучила и во револуцијата во Италија и се здружила со Ѓузепе Мазини.Била во врска со Џовани Осоли, маркиз кому му било одземен имотот од страна на неговото семејство, поради фактот што го поддржувал Мазини.Фулер со него имала и дете. Фулер била заштитничка на правата на жените и општо на правото на жената за образование и вработување. Таа исто така, вклучила и многу други реформи во општеството,како на пример, реформите во затворот и реформите за еманципација на робовите во САД. Многу од останатите застапници на феминизмот и правата на жените се инспирирани од Фулер и ја цитираат, меѓу кои е и Сузан Антони. Сепак,голем број од нејзините современици, како на пример нејзината поранешна пријателка, Хариет Мартине, не ја поддржувале. Таа сметала дека Фулер повеќе е филозоф одошто активист. Кусо време по смртта на Фулер, нејзината важност опаднала; уредниците кои ги подготвувале нејзините писма за објавување,верувајќи дека нејзината слава ќе биде краткотрајна, не ги пренеле веродостојно и биле цензурирани или во поголем дел изменети.
Детство и семејство Сара Маргарет Фулер е родена на 23 мај 1810Нелсон, Ренди Ф. Алманахот со американски писма Лос Алтос, Калифорнија:Вилијам Кауфман, Инц, 1981:42. во Кембриџпорт, Масачусетс, како прво дете на Тимоти Фулер и Маргарет Крејн Фулер.Името й било дадено по баба й од страната на татко й; сепак, веќе на девет години го имала исфрлено името Сара и инсистирала да ја викаат МаргаретФон Мерен,10. Куќата на Маргарет Хаус, каде што и е родена, сè уште постои. Татко ѝ ја научил да пишува и да чита, на возраст од три и пол години, кусо време откако втората ќерка на брачниот пар, Џулија Аделаид,починала на возраст од 14 месецаФон Мерен,11-12. Тој ѝ овоможил строго образование, кое било карактеристично само за момчињата тогаш и й забранил да чита типична женска литература за тоа време, како на пример сентименталните романиДаглас, 264.. Откако им се родил син,Јуџин,во мај 1815, започнал да ја учи и латински и набргу Маргарет почнала да преведува некои поедноставни извадоци од ВергилијФон Мерен,12. Подоцна во животот, Маргарет се изјаснила дека строгоста на нејзиниот татко и неговото инсистирање на точност и прецизност биле причина за нејзините кошмарите и месечарство како детеБакер, Ен. „Маргарет Фулер“ во Писателите на американската ренесанса: од А до Ш. Денис Д. Најт, издавач. Вестпорт, ЦТ: Гринвуд Прес, 2003: 130.Во текот на денот Маргарет поминувала време со мајка ѝ, која ја учела на извршување на домашните обврски и да шиеБланчард,19. Во 1817 година се родил нејзиниот брат Вилијам Хенри Фулер, а нејзиниот татко бил избран за претставник во Конгресот на САД. Во наредните 8 години, тој минувал 4-6 месеца годишно во ВашингтонФон Мерен,13. На десетгодишна возраст, Фулер напишала тајна белешка, која татко ја зачувал: „На 23 мај 1810, се роди душа, предодредена за тага и болка, која како и другите, ќе страда“Деис, 277. .Фулер го започнала своето формално образование во Порт, Кембриџпорт, во 1816, пред да отиде во Бостонскиот Ликеј за девојки, од 1821 до 1822.Пауел, Џон. „Фулер, Маргарет“ во Биографски речник на книжевни влијанија: XIX век, 1800-1914 Вестпорт, ЦТ: Гринвуд Прес, 2011: 164.
Во 1824, таа била испратена во училиштето за девојки во Гротон, по убедување на тетките и чичковците, иако на почетокот таа и се противела на оваа идеја.Бланчард,46 Додека била во Гротон, Тимоти Фулер, со цел да му помогне на Џон Квинси Адамс, околу неговата претседателска кампања, во 1824, не се кандидирал за повторна селекција; се надевал дека Адамс, за возврат, ќе му овозможи убава позиција во владата.Фон Мерен,29 На 17 јуни 1825, Фулер присуствувал на церемонијата, кога херојот од Американската револуционерна војна, Маркизот де Лафајет, ги поставил темелите на споменикот Банкер Хил, 50 години по битката.Вон Мерен,28 Фулер го напуштила училиштето во Гротони се вратила дома, на возраст од 16 години, откако поминала таму 2 години. Дома,ја проучувала класиката и ги учела модерните јазици, од различни примероци од светската литература.Кејн Пол. Поезија на американската ренесанса. Њујорк: Џорџ Бразилер, 1995; 156. Дотогаш таа веќе имала согледано дека не се вклопува во друштвото на другите девојки на нејзина возраст.
Таа напишала: „Се чувствував како мојата судбина да не се совпаѓа со судбината на женскиот род“.Слатер,22-23 Елиза Фарар, жената на хардвардскиот професор Џон Фарар и авторка на Пријателот на младата дама (1836), се обидувала да ѝ ја наметне етикетата на женственоста, пред да наполни 20 години.Бланчард,61-62 Сепак, никогаш не успеала во тоа.Слатер,20
Рана кариера Фулер била страстен читач, додека да наполни 30 години, таа стекнала репутација на најначитана личност, и помеѓу мажите и помеѓу жените,во Нова Англија.Даглас,263 Таа своето знаење го употребувала за приватни часови, користејки го предавачкиот стил на Елизабет Палмер Пибоди.Фон Мерен,82 Фулер сакала да заработува од преводи и новинарство; нејзиното прво објавено дело, одговор на историчарот Џорџ Банкроф, се појавило во ноември 1834 година, во Северноамериканска критика.Дикенсон,91 Кога имала 23 години,поради падот на правната канцеларија на нејзиниот татко, тие се преселиле во Гротон. На 20 февруари 1835, Фредерик Хенри Еџ и Џејмс Фриман Кларк, побарале напишани статии во весник од неа, со цел да ги објават во весници со висока репутација.
Кларк ѝ помогнал да ја објави нејзината прва книжевна критика во Западен гласник, во јуни, критики на неодамнешните биографии на Џорџ Краб и Хана Мур.Фон Мерен,64-66 Есента истата година, таа добила ужасна мигрена со треска, која траела девет дена; Фулер имала ужасни главоболки во текот на целиот нејзин живот.Бланчард,106-107 Додека сè уште се опоравувала, нејзиниот татко починал од колера на 2 октомври 1835.Таа била длабоко погодена од неговата смрт: „Ликот на татко ми ме следи постојано“, напишала таа. Таа ја презела улогата на глава на семејството и се грижела за нејзината мајка -неодамнешна вдовица, и за помладите роднини. Татко ѝ не оставил тестамент, па двајца од нејзините вујковци ја презеле контролата врз нејзиниот имот и финансии, кои подоцна достигнале до 18.098,15 долари и го принудиле семејството да се потпира на нив за издржување. Понижена од начинот на кој нејзините вујковци се однесувале кон неа, Фулер напишала дека „сега жали што припаѓа на понежниот пол,повеќе од кога било “.
Во тој период, Фулер сакала да подготви биографија на Јохан Волфганг Гете, но сметала дека ќе може да работи на тоа само доколку патува во Европа. Смртта на татко ѝ, ненадејните дополнителни обврски за семејството, придонеле да ја отфрли оваа идеја.21 Во 1839, Фулер добила работа како учителка во Бронсон Алкотс Темпл,каде останала една година. Тогаш, добила покана да предава во Грин Стрит, во Провиденс, Род Ајленд, во април 1837, за невообичаено висока плата од 1.000 долари годишно. Нејзиното семејство ја продало фармата во Гротон, а Фулер се преселила со нив во Јамајка Плејн, Масачусетс.Слатер,32 На 6 ноември 1839, Фулер ги одржала првите нејзини „дијалози“Слатер,43,дискусии помеѓу локални жени, кои се среќавале во Бостонскиот дом на Пибодиеви.Вајнепл, Бренда „Натаниел Хауторн 1804-1864: Куса биографија“ Историски водич за Натаниел Хауторн, Лери Џ. Рејнолдс, из.Њујорк:Оксфорд Прес, 2001:25. Фулер ги зачестила овие средби со цел да го надополни недостигот од образование за жениЧивер,32 преку дискусии и дебати, кои се однесувале на различни теми, меѓу кои и: уметност, историја, митологија, книжевност, природа.Гура,134
Во функција на „јадро“ на дискусијата, Фулер се залагала да пронајде одговори на „големите“ прашања со кои се соочувале жените, како: „Зошто сте родени, која е вашата задача? Како да го извршите тоа?“ (Малкумина се занимавале со сето тоа, се дури не им поминат нивните најубави години)“.Маршал Меган. Сестрите Пибоди: Трите жени кои го пламнаа американскиот романтизам. Бостон: Хаутон Мифин Компани, 2005: 387. Голем број значајни фигури во движењето за женските права ги посетувале овие „дијалози“, меѓу кои и Софија Дана Рипли, Каролина СтругисМаршал, Меган. Сестрите Пибоди: Трите жени кои го пламнаа американскиот романтизам. Бостон: Маринер , 2005: 386-387. и Марија Вајт Ловел.
The Dial (Дајл) Во октомври 1839, Ралф Валдо Емерсон барал уредник на неговиот трансценденталистички весник The Dial. Откако неколкумина ја одбиле оваа понуда, тој ѝ ја понудил на Фулер, обраќајќи й се како „моја забавна пријателке“Гура,128. Емерсон за првпат ја сретнал Фулер на Кембриџ во 1835; за време на средбата тој признал дека „таа го насмеала повеќе одшто сакал“.Следното лето, Фулер поминала две недели во домот на Емерсон, во Конкорд, каде им се зацврстило пријателството.Слатер,47-48 Фулер ја прифатила понудата на Емерсон да биде уредник на Дајл, на 20 октомври 1839, иако започнала со работа дури првата недела од 1840.Фон Мерен,120 Таа го уредувала весникот првите две години, од неговото постоење, од 1840 до 1842, иако нејзината ветена плата од 200 долари годишно никогаш не ѝ била исплатенаДикенсон,101-102.
Поради нејзината улога, набргу таа била прогласена за една од најзначајните фигури на трансценденталното движење и била поканета на Фармата на Џорџ Рипли, комунален експеримент.Гура,156 Иако Фулер никогаш не ѝ се приклучила официјално на комуната, била редовен посетител, честопати ја поминувала и Новата Година таму.Бламчард,187 Летото 1843 година, таа патувала во Чикаго, Милвоки, Нијагарините водопади и Бафало, Њујорк;Бланчард,196 каде имала средби со неколку домородци, вклучувајќи и членови од племињата Отава и Чипева.Слатер,80 Нејзините искуства ги напишала во книгата наречена Летото на езерата, која ја завршила на нејзиниот 34 роденден, во 1844.Слатер,82 Критичарот Еверт Август Дајчинк ја нарекол „единствената оригинална книга на која можам да се сетам од овој период“.Фон Мерен,217 Фулер ја користела библиотеката на хардвардскиот колеџ за истражувањата поврзани со регионот на Големите Езера, со што станала првата жена на која ѝ било дозволено да ја користи библиотеката на Хардвард.Слатер,83
Едно од најважните дела на Фулер, „Големата парница“, било напишано во делови, во весникот Дајл. Првично требало да се вика, Големата парница: Мажи наспроти мажи, жени наспроти жени;Фон Мерен,192 кога била завршена и издадена независно во 1845, била насловена како Жените во деветнаесеттиот век. Откако ја завршила, таа му напишала на еден пријател: „Вложив огромен дел од себеси во тоа и се чувствувам дека сега и да си заминам, ќе оставам доволно голем печат на земјата“.Слатер,89 Делото се однесувало на улогата што жените ја имаат во американската демократија и ставот на Фулер во поглед на можностите за подобрување. Оттогаш, тоа станало еден од најважните документи во американскиот феминизам.Фон Мерен