Владимир Темелков (роден на во Титов Велес) ― македонски поранешен ракометар.

Кариера Темелков ја започнал својата кариера во својот роден град Велес, во Борец, од кај што преминал во Пелистер во кој одиграл вкупно пет сезони и бил дел од составот на Пелистер кој играл финале во ЕХФ Челинџ купот во сезоната 2001/02.

Тој започнал интернационална кариера во 2003 година, потпишувaјќи договор со бундеслигашот Фулинген, каде што се задржал две сезони. Следно, тој одиграл четири сезони во дресот на второлигашот Ортенау, пред повторно да се врати во првата Бундеслига, во дресот на Балинген, каде што играл од 2009 до 2011 година.

Во сезоната 2011/12, Темелков се преселил во луксембуршката лига, потпишувајќи за Башараж, кој подоцна го сменил името во Кјеринг. Во дресот на клубот, тој два пати бил првак на Луксембург, во 2014 и 2018 година, и два пати го освоил купот на Луксембург, во 2015 и 2016 година. По 14 сезони во Кјеринг, тој ја завршил својата кариера на 44-годишна возраст.Владимир Темелков на 44 години стави крај на играчката кареира!gol.mk; 25 мај 2024

Темелков бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 во Хрватска. Тој исто така бил дел од составот на репрезентацијата која го освоила петтото место на Европското првенство 2012 во Србија. Негово последно големо натпреварување во македонскиот дрес било Светското првенство 2013 во Шпанија.

Наводи

Надворешни врски Владимир Темелков на Европската ракометна федерација

Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Велес