Онега (, ) е езеро во европскиот дел на Русија. Површината на езерото изнесува 9.894 км2, неговата зафатнина изнесува 280 км3, просечната длабочина е 30 метри, а максималната длабочина е 120 м. На езерото има 1.369 острови и нивната вкупна површина изнесув 250 км2. Езерото Онега е второ по големина езеро во Европа (веднаш по езерото Ладога) и е седумнаесетто на светот.Карелия: энциклопедия: в 3 т. / Гл. ред. А. Ф. Титов. — Т. 2: К — П. — Петрозаводск: ПетроПресс, 2009. — С. 324—326. — 464 с. — ISBN 978-5-8430-0125-4 (т. 2)

Езерото е поврзано со Белото Море преку Беломорско-балтичкиот канал.

На островот Кижи, кое се наоѓа во северниот дел на езерото, се наоѓаат неколку дрвени цркви кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО.

На езерото, доста е застаоено едрењето. Освен тоа езерото има големо економско значење заради развиениот риболов и транспорт.

Водата од езерото Онега се користи за погон на големата хидроелектрана Свистроја.

Реки Во езерото се влеваат 58 реки, а главни се:

Шуја () Суна Водла Мегра Вјатегра () Андома

Од езерото истекува реката Свир која го поврзува со езерото Ладога, а преку него со езерото Нева, Ленинград и Финскиот Залив.

Градови

Петрозаводск е главен град на Републиката Карелија, која се наоѓа на западниот брег на езерото Онега. Карелија го покружува езерото од запад, север и исток, а од јужниот дел езерото припаѓа на Ленинградската област и Волоградската област.

Освен него на езерото се наоѓаат и градовите:

Кондопога Медвежјегорск () Повенец

Поврзано Ладога Фински Залив Онега (град)

Наводи

Галерија

Надворешни врски Езеро Онега Статија за езерото со подробна карта Опшрна презентација за езерото Онега

Категорија:Езера во Русија Категорија:Република Карелија Категорија:Невски слив Категорија:Вологодска област Категорија:Ленинградска област