Дурутлија (или Дурутли) — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.
Географија и местоположба Селото е сместено на јужната падина на Плачковица. Атарот е мошне скромен, со површина од .
Историја Во XIX век Дурутлија било турско село во Радовишката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Дурутли имало 50 жители, сите Турци.
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Дуруќој живееле 68 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.
Во текот на 1950-тите селото е наполно напуштено, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Дурутлија немала ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш
Категорија:Раселени села во Македонија