десно|мини|Никола Делчев на стари години. Делчеви — едно од најистакнатите македонски семејства кои дале голем придонес во македонското национално движење. Било едно од најстарите во Кукуш. Според податоците на Стаматов, собрани од Делчеви, првите нејзини траги се датираат во средината на XVIII век. Родоначалник бил ДелчоСт. Стаматов, Спомени за Гоце Делчев, София, 1935, за кого има многу малку податоци, како се викала неговата жена не е познато. Тие имале син Димитар или Митре, кој бил еден истакнатите граѓани на Кукуш. Димитар се оженил со Марија од Солун и од овој брак произлегол Никола Делчев, познат како Кољо. Никола Делчев бил претставник на еснафскиот македонски општествен слој, кој во 50 - тите и 60 тите година на 19 век играл значајна улога во развојот на економскиот и општествениот живот на Кукуш. Никола Делчев се оженил за Султана Нурџиева од селото Морарци. Никола и Султана имале пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо) Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978.
Во текот на македонското ослободителното движење против османската власт, Гоце, Мицо и Милан ги изгубиле своите животи, а нивниот брат Христо, исто така учесник во револуционерните борби, подоцна, со семејството се преселил да живее во Горна Џумаја, каде му се придружил и неговиот татко Никола Удостоверение, издадено от д-р Хр. Татарчев и Христо Матов на Никола Делчев за участието на синовете му Гоце, Мицо и Милан Делчеви в националноосвободителното движение в Македония.
Според некои описи, семејството Делчеви имале некои карактеристични црти: глава неголема, лицето тркалезно, очите истакнати, кафеави, веѓите крупни, носот правилен, кон крајот кренат, устите подуени, подбрадокот заокруглен и малку спуштен, косите темно костенави, општа црномурност на лицето и телото, растот поблиску до крупен одошто среден, чаталот (т.е нозете и крстот) кус, трупот (средниот дел) поголем. Никола Делчев носел јадри и извиени мустаци Ст. Стаматов, Op. cit., 5.
Делчеви во спомените
Претставници мини|десно|330п|Потомците на Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје (1946). Сестрите на Гоце, Тина и Велика (четврта и петта од лево) и внуката Лика Чопова (последната десно) Делчо, родоначалник Димитар или Митре, истакнат граѓанин на Кукуш Никола Делчев, претставник на еснафскиот слој Султана Нурџиева Делчева Руша Делчева, една од првите жени во Македонската револуционерна организација Цоца Николова Делчева Гоце Делчев, апостол и срцето на револуционерна Македонија Евтим Спространов. Дневник, Т.I (1901-1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994 Христина (Тина) Николова Антонова (Делчева) Велика (Лика) Никола Станишева (Делчева) Димитар Делчев, македонски револуционер Елена Николова Делчева Милан Делчев, македонски револуционер Христо Делчев, македонски револуционер Тодор Чопов, македонски револуционер Туше Чопов, македонски револуционер Катерина Трајкова Нурџиева, македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов- Ченто
Белешки
Галерија
Наводи
Категорија:Македонски семејства