Дмитриј Козак (руски: Дмитрий Николаевич Козак) (роден на во Кировоград, Украинска ССР), е руски политичар, од октомври 2008 година служи како заменик-премиер на Руската Федерација.
Претходно бил министер за регионален развој на руската влада предводена од Виктор Зубков и во 2004-2007 тој бил претседателски ополномоштен претставник во Јужниот федерален округ (Северен Кавказ).
Дмитриј Козак е познат како близок соработник на поранешниот претседател и сегашен премиер Владимир Путин, со кого работел во градската администрација на Санкт Петербург во текот на 1990-тите, а подоцна и станал еден од клучните фигури на претседателскиот тим на Путин.
Во текот на 2004 година на руските претседателски избори Козак бил шеф на изборната кампања на Путин. Козак се смета како еден од основните кандидати за наследник на Путин.
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Санкт Петербург Категорија:Руски политичари Категорија:Јужен федерален округ Категорија:Министри за регионален развој на Русија Категорија:Вицепремиери на Русија Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од I степен Категорија:Носители на Орденот за заслуги пред татковината од II степен Категорија:Руси со украинско потекло