Знамето на Општина Тетово е официјалното знаме на оваа општина кое било усвоено по новата територијална поделба на Македонија. Денес постојат две верзии на знамето, едната верзија е без општинскиот грб во кантонот, а другата е со општинскиот грб во кантонот.

Опис Знамето има хоризонтална положба и е составено од три ленти во црвена, црна и жолта боја, кои се нееднакви. Сразмрот на лентите е 3:2:1 или 3:1:1. Боите на знамето се преземни од етничките знамиња на Македонците и Албанците, па така, црвената боја бидејќи е присутна на двете етнички знамиња е најдоминантна на општинскиото знаме, па потоа следуваат црната (албанска) и жолтата (македонска) боја.

Наводи

Поврзано Општина Тетово Грб на Општина Тетово Знамиња на општините во Македонија

Надворешни врски Знаме на Општина Тетово

Категорија:Општина Тетово Тетово, Општина