Хлодион (околу 392/395–445/448) - наречен Долгокосиот бил крал на Салиските Франки од династијата Меровинзи. Тој живеел на територијата на Тирингија, во тврдината Диспаргум. Тој ja нападнал Римското Царство во 428 поразувајќи ги римските сили во Камбре, и се утврдил во Северна Галија, каде веќе живееле и други групи Салиски Франки. Иако бил напаѓан од страна на Римјаните, успеал да ја задржи својата положба и 3 години подоцна, во 431, го проширил своето кралство јужно од реката Сома во идната Франкија. Во 448, 20 години по започнувањето на неговото владеење, Хлодион бил поразен во неидентификувано место во Галија кое Флавиј Ециј, командант на римската војска, го нарекува Викус Хелена (латински: Vicus Helena).

Како и сите меровиншки кралеви, Хлодион носел долга коса како ритуален обичај. Негов наследник веројатно бил Меровех, според кој династијата го добила името 'Меровинзи'. Книгата за историјата на Франките (латински: Liber Historiae Francorum) вели дека негов татко бил Фарамонд, за кој многумина веруваат дека бил легендарна личност поврзана со оваа лоза. Денешните историски истражувања сугерираат дека Фарамонд впрочем бил Вараздат соборен регент и принц на протераната Сиуниска династија сепак, семејната поврзаност не може да се потврди со апсолутна сигурност. Фредегеровата хроника го прикажува Хлодион како син на Теодемер, еден од водачите на Салиските Франки и крал на Теруана (409-414).The Ancestors of Charlemagne: Addenda Теодемер наводно бил франкиски крал за кој Григориј Турски вели дека бил погубен од страна на Римјаните. Во двата случаи, потеклото е несигурно и оспорено.

Контекст

Извори За Хлодион се знае само од два извори, Панегирика за Мајоријан од Сидониј Аполинариј во 458 година и Историја на Франките од Григориј Турски во 592 година.

Салиските Франки и Римското Царство на почетокот на 5 век Пред доаѓањето на Хлодион, од 342 година Салиските Франки биле инсталирани како федерации во Римското Царство, на север од Галија, во ТоксандријаИстата хроника и архиепископот Хидациј додаваат дека во 342, Констанс I ги победили ги покорил Франките. Поголемиот дел освојувачи биле протерани од другата страна на Рајна, но народи останале да живеат во империјата како поданици или сојузници во Батавија и во Токсандрија. Првите Франки кои се населиле во Галија биле Салиски Франки. (Martin 1852, стр. 286), помеѓу мезанските мочуришта, северно од денешниот Мастрихт и шумата Шарбоњер. Од 17 јануари 395, Римското Царство било поделено на два дела: Источна империја и Западна империја.. Од 407, повеќе германски народи навлегле во Галија и се населиле. Визиготите создале кралство во Аквитанија, Аланите (негерманско население) зазеле области во близина на Орлеан, Бургундите и Алеманите се населиле долж РајнаВандалите, Аланите и Суевите [...] на почетокот на 407, [...] дошле во Галија, во потрага по територии за да се населат. [...] Потоа, на крајот Бургундите и Алеманите пристигнале на Рајна. [...] Варварите [Вандали и Суеви] тргнале за Шпанија во 409. [...] Во 412, Визиготите од Атахолф пристигнале во Галија од Италија и ја окупирале Аквитанија. (Inglebert, 2009, p. 40). За време на владеењето на Хлодион, Валентинијан III бил цар во западниот дел на Римското Царство.

Животопис мини|десно|upright=1.5|Освојувањата на Хлодион (приближни граници).

Хлодион почнал да владее околу 428.Тој можеби го наследил кралот на Франките, Теодомер, без да се знае дали имало години на интерегнум помеѓу двата кралевиТеодомер мора да бил последниот франкиски крал, кого Гргор Турски го споменува пред Хлодион. Види: Историја на Франките, Книга II, IX, 592: "Исто така во аналите прочитавме дека Теодомер, крал на франкиските синови на починатиот Рикомер, и мајка му Аскила биле заклани. Кажано е и дека Хлодион ... ". Тој ги водел Салиските Франци од тврдината Диспаргум, сместена источно од Рајна.

Околу 432-435, Хлодион дознал дека градовите во римската провинција Белгиска Галија биле без одбранаСпоред Григориј Турски, Хлодион, кого го именува како крал, пред упад во Белгија II престојувал во тврдината Диспаргум, во Тирингија, земја идентификувана како малото кралство Варн близу до оној на Тирингијците во Долна Рајна, бидејќи Диспаргум веројатно бил сместен на границите на денешна Холандија и Белгија. (Demougeot,1979, p. 489). Впрочем, многу од војниците на римскиот генерал Флавиј Ециј задолжен за одбрана на Галија биле прераспоредени од овие територии за да се борат против Бургундите, Аланите и Визиготите"Во 435 [...] Бургундите на Гондохар и Аланите на Гоар ја нападнале Белгија I. Франките ги земалe Келн и Трир [...] a Визиготите го напаѓаle Нарбон. [...] Ециј победил: царството на Бургундите било уништено од Атила (436), Тибатон бил заробен (437), Трир повторно бил заземен а Визиготите биле избркани во [...] 439. (Inglebert 2009, p. 50). Хлодион одлучил да тргне во воен поход и собрал војска. Франките ја преминале шумата Шарбоњер, го зазеле градот Турне, потоа и Камбре и Арас уште при првиот напад и ја зазеле целата територија до реката Сома.. Освен лесните грабежи, Хлодион се обидел да ја наметне неговата власт како воин и крал на територијата која сакал да се протега околу Рајна, Сома, Меза и Северното МореФранките стигнале [...] до портите на Арас. регионите северно од Камбре и Меза очигледно биле под нивна контрола. [...] Градот Амјен, кој се наоѓа на јужниот брег на реката [...], нема да биде под контрола на Франките до околу 454 [...]. Се верува дека Сома претставува пригодна граница. (Bayard 1983, p.273).Окупацијата траела неколку години без Аециј да се обиде да го запре зафатен со битките на друго местоОтсуството на Аециј, му дозволило на првиот познат франкиски крал, Хлодион, да напредува од Токсандија до Сома. (Rouche, 1996, p.110). Во 448, Хлодион конечно бил нападнат од страна на Аециј и неговиот полковник Мајоријан. Генералот имал намера да ги сопре Салиските Франки кои присвојувале територии без негова дозвола. Хлодион,кој не бил подготвен за воено соочување со Римјаните, принуден бил да побегне. Меѓутоа Аециј бил свесен дека нема воени средства одново да ја освојува територијата па затоа претпочитал да преговара со федусот Хлодион околу сојузничкиот договор од 342 година со кој Салиските Франки станале федерација која се борела на страната на РимИстата таа 448 година [...] Мајоријан и Флавиј Ециј го нападнале Хлодион и неговите Салиски Франки кои биле [...] на реката, која се нарекувала Елноне, во близина на "Викус Хелена", денеска Скарп, оддалечен од градот Турне околу шеесет километри. [...] Ециј го вратил претходниот "федус", оставајќи му го Турне на Хлодион. (Rouche, 1996, p.116-117). Тој им дозволил да се населат во Империјата, на териториите коишто тие веќе ги освоиле во Арас, Камбре и ТурнеХлодион побарал примирје. Aeциј му го дал : политички вешт, на Франките им гиоставил градовите и териториите коишто ги освоиле. Франките се населиле дефинитивно помеѓу Сома, Рајна, Меза и морето. (Bordonove,1988, p.36). Последниот град станал престолнина на ХлодионJ.-M. Ropars, « La défense de l'Armorique dans les dernières années de l'Empire romain d'Occident, à travers une nouvelle interprétation d'un texte de Grégoire de Tours. », Annales de Bretagne et des pays de l'Ouest, , 1993.. Ова биле корените на идното франкиско кралство на Хлодовик I.. По 20 години владеење Хлодион умрел во 451 година. Според франкискиот обичај, неговото кралство било поделено помеѓу синовите. Постариот, веројатно Меровех, го добил градот Турне и околијата. Другите двајца наследници ги добиле Кабре и Тонгр.

Историографски дебати Повеќе елементи од биографијата на Хлодион остануваат нејасни. Некои сѐ уште се дискутираат од страна на историчарите. Местото од каде што потекнува, генеалогијата, историските извори и прекарот се предмет на контроверзност.

Диспаргум Единствената информација која ја дава Григориј Турски за локацијата на Диспаргум е дека, во неговото време (втората половина на 6 век) оваа тврдина се наоѓала на територијата на која живееле Тирингите. За жал ни Григориј Турски ни неговиот современик, поетот Венанциј Фортунат не ги назначуваат границите на Тирингија во 6 векГригориј Турски само назначува во неговата Историја на Франките дека треба да се премине Рајна за да се отиде во Турингија. Венанциј Фортунат вонеговите Поеми исто така е нејасен по овапрашање. Тој само изјавува дека во 556, франкискиот принц Сигеберт се борел со Турингите близу до реката Наб..

Во 1893 година, историчарот Годфроа Курт не сакал да ја бара локацијата на Диспаргум. Тој воедно потсетува дека ова место можеби е само легендарно. Во 1979, историчарката Емилијан Демужо го сместува на границата помеѓу Белгија и Холандија а во 1988, писателот Жорж Бордонов наведува дека градот уште не е идентификуван.

Во 1720 година, Луј-Себастијан Ле Нен де Тилмонт вели дека селото Дизбург, во близина на Брисел, веројатно е Диспаргум. Оваа идентификација ја презеле и историчарите Пјер Рише и Патрик Перен во 1996. Исто така во 1996, Мишел Руш се колеба помеѓу Дизбург во Белгија и Дизбург во Германија.

Потомство Историчарот Годфроа Курт во 1893 вели дека „Хлодион е најстариот крал за кој Григориј Турски дознал од народните песни на Салиските Франки“.. Овој податок потоа широко бил прифатен од подоцнежните историчари. Сепак, името на неговата кралица и бројот на неговите деца останува непознат. Наспроти тоа,повеќе историчари изготвиле хипотези за поколението на Хлодион врз основа на сведоштва или фалсификувајќи одредени елементи.

Хипотези за потеклото и поколението Теодомер, Меровех и Клодовалд се историските личности кои честопати се поврзувани со Хлодион. Во 660, Хрониката на Фредегер кажува дека кралот Теодомер за наследник го имал неговиот син ХлодионFrédégaire, Chronique, 2-9.. Историчарите наведуваат дека ваквата поврзаност меѓу Теодомер и Хлодион се темели на текстот на Григориј Турски.

Григориј Турски во неговата Историја на Франките напишал дека „некои тврдат дека неговата лоза (онаа на Хлодион) произлегува од кралот Меровех“. Оттука,историчарот Годфроа Курт тврди дека Меровех е син на Хлодион.. Тоа тврдење го следеле и многу други историчари иако некои како Пјер Рише и Патрик Перен биле резервирани во поглед на таквото тврдење.

Извори Писателот Сидониј Аполинариј (430-486) бил современик на Хлодион, што не било случај со Григориј Турски (539-594). Според белгискиот историчар Годфроа Курт, во неговото дело Поетска историја за Меровинзите, изворот на архиепископот од Тур најверојатно била народна песна на Салиските Франки. Историчарот истакнува дека „во времето на Григориј Турски, […] имало некоја народна песна за освојувањето на Белгиска Галија од страна на Франките. Раскажувачот (Григориј), од неа го извлекот тоа што самиот го сметал за историски настан..

Прекар Прекарот „Долгокосиот крал“ потекнува од Григориј Турски а се користи за именување на Хлодион од околу 1616.. Овој обичај да се разликуваат луѓето според косата е доста раширен кај Германите. Кај Визиготите долгата коса било симбол на слободен човек, а кај Вандалите, исто и кај Меровинзите, долгата коса била симбол на кралското семејствоFrançois Gaulme, « La royauté sacrée et sa christianisation : réflexions sur le lien du politique et du religieux », Histoire, économie et société, Paris, ,1996..

Белешки

Поврзано

Григориј Турски, историчар.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Меровинзи Категорија:Франкиски кралеви Категорија:Франки