Латинско Дабје или Манастир Св. Никола — археолошко наоѓалиште во струшкото село Нерези. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 600-800 м југоисточно од селското училиштето, на простор со површина од 50 × 50 м. При обработувањето на земјата селаните наидувале на темели правени од кршен камен и варов малтер, а наоколу камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Нерези; Љупчо Брдо — црква од средниот век; Св. Ѓорѓи — црква од средниот век; Св. Спас — некропола од средниот век; Чука — црква и некропола од доцен среден век.
Наводи
Категорија:Нерези (Струшко)